ЕИГ ги превзема HDI Бугарија и Украина

 
ЕВРОИНС ИНШУРАНС ГРУП (ЕИГ) потпиша купопродажен договор со TALANX INTERNATIONAL (со седиште во Хановер – Германија) за превземање на осигурителниот бизнис на TALANX во Бугарија и Украина соодветно преку HDI Осигурување и HDI Strakhuvannya. Бруто приходот на двете компании кои се предмет на оваа зделка во 2013 изнесувал 13 милиони евра за Бугарската компанија и 16 милиони евра за Украинската компаниjа. Добивката пред оданочување (EBIT) на двете компании изнесува околу 1 милион Евра за 2013 година.

Трансакцијата е предмет на одобрување од страна на регулаторните органи и се очекува да биде финализирана заклучно со вториот квартал во 2015.

Превземањето на HDI Бугарија и Украина е во линија со стратегијата за проширување на ЕВРОХОЛД Групата и зајакнување на доминантната позиција како водечка осигурителна компанија во регионот на Централна и Источна Европа. Оваа зделка е природно продолжување на веќе реализираните успешни превземања на Interamerican Бугарија и бизнисите на QBE во Бугарија и Романија. По ова превземање ЕИГ ќе има бизнис операции во 5 држави со годишна бруто полисирана премија од преку 200 милиони Евра.

Како составен дел на оваа трансакција актуелниот извршен директор на HDI Бугарија, Г-дин Петер Аврамов се приклучува на ЕВРОИНС Бугарија на позицијата главен извршен директор на компанијата. Ова назначување ќе обезбеди непречен процес на транзиција на спојувањето на двете компании.

***

ЕВРОИНС ИНШУРАНС ГРУП е една од најголемите независни осигурителни групации кои работат на пазарите на Централна и Источна Европа. Компанијата има околу 7% пазарен удел во Бугарија, Романија и Македонија и вработува повеќе од 1100 луѓе. Од 2014 г. компанијата започна со активности и во Грција како дел од стратегијата на проширување. ЕВРОИНС ИНШУРАНС ГРУП е подружница на ЕВРОХОЛД Бугарија – водечка бугарска компанија со деловни активности на Балканот, фокусирана во обезбедување на небанкарски финансиски услуги и управување со средства. Седиштето на компанијата е во Софија. www.eurohold.bg

Talanx e третата по големина компанија во Германија и седма во Европа со приходи од премија од 28.1 милијарда Евра (2013г) и повеќе од 21.500 вработени. Седиштето на групацијата е во Хановер и има бизнис операции во околу 150 држави.

Talanx функционира како мулти бренд провајдер со фокус на B2B осигурување. Во групацијата вклучени се брендови како HDI, глобален осигурувач на индустрија HDI-Gerling, Hanover Re – еден од водечките реосигурувачи во светот, Targo Versicherungen, PB Versicherungen иNeue Leben – сите специјализирани во банкосигурување,и Ampega – обезбедувач на финансиски сервиси. Со превземањето на TU Europa иTUiR Warta S.A. Полска стана вториот најзначаен пазар за Talanx. Рејтинг агенцијата Standard & Poor’s има доделено на Talanx Primary Group рејтинг за финансиска стабилност А+(стабилна) и на Hannover Re Group АА-(многустабилна). Talanx AG котира на Франкфуртската берза на хартии од вредност (со учество во MDAX), а исто така котира и на берзите во Хановер и Варшава (ISIN: DE000TLX1005, Германски берзански код: TLX100, Полски берзански код: TNX). www.talanx.com

Можеби ќе ве интересира...