ЕИГ постигна договор за превземање на компанија за животно осигурување во Грција

ЕВРОИНС ИНШУРАНС ГРУП постигна договор за превземање на подружницата за животно осигурување на Credit Agricole во Грција. Трансакцијата која е предмет на вообичаени регулаторни одобренија се очекува да се затвори во последниот квартал од 2015 година.

Оваа аквизиција е во насока на стратегијата за проширување на групата со цел зајакнување на доминантната позиција како регионален играч на пазарот во регионот, како и со проширување на своето портфолио и во делот на осигурување живот . По успешно извршување на договорот, ЕВРОИНС ИНШУРАНС ГРУП ќе има правни ентитети во 5 земји и се очекува да генерира приходи во износ од 350 милиони евра на годишно ниво.

Можеби ќе ве интересира...