ЕВРОИНС Осигурување и оваа година сите учесници на Женската трка ќе ги награди со патничко осигурување за 8 дена со квалитет ВИЗА соседи. Осигурувањето ќе биде со важност до 30.09.2015 а ќе може да се подигне во дирекцијата на ЕВРОИНС (ТЦ СОРАВИА 5 кат) со приложување на стартното бројче од трката и валиден пасош. Женската трка 2015 ќе се одржи на 5 април 2015, 10.30 часот
Пропозиции за Женска трка:
Дата на одржување: 5.04.2015 – недела
Место: – Градски парк – кај Школка
Почеток: 10.30- Аеробик
Старт: 11.00 – Трчање на 1.000 метри (1 круг во парк)
Пријавување: кликни тука
Право на учество: Припаднички на женски пол од сите возрасти
Рок за пријавување: најдоцна до 2 април
Котизација: 100 ден. Плаќањето ќе се врши преку сметката на Сојуз на спортови на Скопје – 300000003225674 Комерцијална Банка, во цел на дознака напишете го вашето име и презиме. Секоја учесничка ќе добие стартен број, со кој учествува во лотаријата. Трката има ревијален карактер, обезбедените награди ќе се поделат со извлекување на среќни броеви.
Подигање на стартни броеви: на 3 (од 10-18 часот) и 4 (од 10 до 13 часот) април во Сојуз на спортови на Скопје.
Патеката ќе биде означена и обележена со конуси и траки. Долж патеката ќе има поставено волонтери.
Целата активност ќе се одвива во 2 дела:
1. 10.30 – Аеробик вежби за загревање, кои ќе ги водат инструктори – аниматори со искуство во оваа област. Вежбите ќе бидат со низок интензитет, лесни и прилагодливи на сите возрасти. Позитивните стимулации се пресудни за расположението кое ќе ги мотивира жените да продолжат со вежбање преку целата година.
2. 11.00 – Трка на 1.000 метри. По завршувањето со аеробик вежбите, натпреварувачките ќе се повикаат на стартната линија, каде ќе им се објасни патеката. Трката ќе заврши за 10 – 15 минути