Оглас за вработување

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ 

ВО 

ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје

 

Работодавецот Акционерско друштво ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ Скопје, со седиште на ул.Филип Втори Македонски бр.3 ТЦ СОРАВИА 5- ти кат Скопје – Центар, распишува:

 

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Акционерско друштво ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ Скопје, со седиште на ул.Филип Втори Македонски бр.3 ТЦ СОРАВИА 5- ти кат Скопје – Центар има потреба за вработување на 2 (двајца) работници и тоа:

  • 1 (еден) работник со Висока стручна подготовка за работно место Актуар, кој ги исполнува следните посебни услови:

– да има дозвола за работа како овластен актуар од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување,

– да има завршено четиригодишно високо образование VII/1 или да студирал според Болоњската декларација и има 240 кредити според европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС),

– да има положено стручен испит потребен за работа како овластен актуар,
– да не извршувало функција на лице со посебни права и одговорности во друштво за осигурување или друго правно лице над кое е отворена стечајна постапка,
–  да има најмалку една година работно искуство во областа на осигурувањето или супервизија на осигурувањето,

–  задолжително познавање на англиски јазик,

–  задолжително познавање на работа со компјутери (MS WORD, MS EXCEL, MS

POWER POINT…).

 

Истиот се вработува:

­ на определено време за период од 2 години,

­ со работно време од 08.00 часот до 16.00 часот

­ нето плата 50.000,00 (педесет илјади) денари

 

  • 1 (еден) работник со Висока стручна подготовка – со завршен економски, електротехнички или природно-математички факултет, и кој ги исполнува следните услови:

–  да има работно искуство во областа на осигурување од минимум 1 (една) година,

– да има работно искуство и познавања во областа на изготвување на статистички извештаи,

–  задолжително познавање на англиски јазик,

–  задолжително познавање на работа со компјутери (MS WORD, MS EXCEL, MS

POWER POINT…),

 

Истиот се вработува:

­ на определено време за период од 12 месеци,

­ со работно време од 08.00 часот до 16.00 часот

­ нето плата 28.000,00 (дваесет и осум илјади) денари

 

Напомена: Искуството и познавањето на актуарски задачи и пресметки ќе се смета за предност.

 

Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето, а изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 8 (осум) работни дена по завршувањето на огласот.

 

Вашето CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци, Мотивационо писмо, како и докази дека ги исполнувате посебните услови наведени во Огласот, доставете ги по пошта на адреса:

ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, со седиште на ул.Филип Втори Македонски бр.3 ТЦ СОРАВИА 5- ти кат Скопје – Центар, или на e­mail: hr@euroins.com.mk

 

Напомена:

­ Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

­ Апликациите без назнака нема да бидат разгледани

 

Општи правила за аплицирање:

­ именување на документ за аплицирање ­ CV (име и презиме на апликантот) ­ со назнака на позиција за која се аплицира

 

Kраен рок за пријавување: 06.12.2014 година

Можеби ќе ве интересира...