Постапка за пријава на штети

Во случај на штета, истата може да ја пријави оштетениот или негов полномошник:

  1. Лично на шалтер во Централната Дирекција во Скопје или во експозитурите низ Р.Македонија (за штети со Европски Извештај задолжително се пријавува лично при што присуствуваат возачите на возилото на осигуреникот и на возилото на оштетениот и се врши реконструкција на настанот)
  2. По пошта на адреса: ул.Скупи бр.12 Карпош 1000 Скопје Македонија
  3. Телефонски на +389(0)2 5511563 (се користи само за најава на штета)
  4. По електронски пат на меил: steti@euroins.com.mk

Пријавата на штета, осигуреникот/ оштетениот, ja врши на образец – пријава на штета.

Пријавата задолжително се потпишува од осигуреникот /оштетениот, односно заверува со потпис и печат ако осигуреникот/оштетениот е правно лице.

Повеќе детали за постапката и потребни документи за пријавување и решавање штета за различни класи на осигурување:

  • Каско
  • Автоодговорност (материјални штети и нематеријални штети)
  • Зелена карта
  • Незгода
  • Имот( пожар и друг и имотни осигурувања)
  • Општа одговорност
  • Патничко осигурување
  • Транспортно осигурување