Постапка за пријавување штети од општа одгoворност

Во случај на штета, истата се пријавува веднаш, односно најдоцна во рок од 3 дена од нејзиното настанување на образец Пријава на штета од одговорност од дејност, на еден од начините наведени во делот Општа постапка за пријава на штети.

Без претходна согласност на осигурувачот, осигуреникот не е овластен да се изјаснува за барањето за надомест на штета, ниту да го признава, ниту пак за барањето за надомест на штетата да склучи спогодба, ниту да изврши исплата.

Ако оштетениот поднесе тужба за надомест на штета против осигуреникот, осигуреникот е должен да му достави на осигурувачот судска покана односно тужба и сите писма во врска со штетниот настан и со барањето за надомест на штета,како и водењето на спорот да му го препушти на осигурувачот.

Во случај оштетениот со барањето за надомест на штета непосредно да му се обрати на осигурувачот, осигуреникот е должен на осигурувачот да му ги даде сите докази и податоци со кои располага, а кои се неопходни за утврдување на одговорноста за причинетата штета и за оцена на основаноста на барањето, обемот и висината на штетата.

Доколку осигуреникот не се придржува кон обврските, ќе ги сноси штетните последици што настануваат при тоа, освен ако тие би настанале и кога би се придржувал на обврските.

Потребни документи за пријава:

  • Пријава на штета
  • Број на полиса (необврзно) – фотокопија
  • Трансакциона сметка – копија или наведена во барањето

Превземи образец за пријава на штета од одговорност од дејност