Постапка за пријавување штети по автоодговорност склучени во Република Македонија

Во случај на настанување штета, истата се пријавува веднаш, односно најдоцна во рок од 3 дена од нејзиното настанување, на образец Барање за надомест на материјална штета по АО.

Доколку во сообраќајната незгода е предизвикана материјална штета, оштетениот е должен да овозможи извид над оштетеното возило од страна на овластени лица на осигурувачот.

Извидот на штета, по правило, се спроведува веднаш, а најдоцна во рок од 2 работни дена (за штети пријавени надвор од централата на Друштвото) по пријава на штетата.
Извидот се врши на определен простор во Друштвото за осигурување, во сервис или друго место каде што се наоѓа оштетеното возило или оштетниот предмет или во и на самиот оштетен објект.

При пријава на штета со Европски извештај неопходно е присуство на двете (или повеќе) возила учесници во сообраќајната незгода при што се прави реконструкција на штетниот настан.

При пријава на штета со записник од МВР, извидот се врши само на оштетеното возило.

Потребни документи за пријавување материјална штета:

  • Барање за надомест на материјална штета – АО
  • Копија или број на полиса од причинителот на штета од Евроинс осигурување АД Скопје
  • Копија на полиса од оштетениот
  • Сообраќајна дозвола – фотокопија, на штетникот и оштетениот (оригинал на увид)
  • Лична карта – на увид, на причинителот на штета и оштетениот
  • Возачка дозвола на возачите – фотокопија, на причинителот на штета и оштетениот
  • Полномошно за управување – доколку осигуреникот-оштетениот е правно лице или сопственик на возилото е лизинг компанија
  • Комплетно поплнет формулар на Европски извештај – во оригинал (се пополнува на лице место на незгодата)
  • Изјави на возачите учесници во незгодата за штетниот настан и нивната вина
  • Трансакциона сметка – копија или наведена во барањето
  • Купупродажен договор заверен на нотар доколку возилото има променето сопственик а не е променета сообраќајната дозвола

Потребни документи за пријавување нематеријална штета:

  • Пријава на штета – Барање за надомест на нематеријална штета
  • Копија или број на полиса од причинителот на штета од Евроинс осигурување АД Скопје
  • Лична карта – на увид
  • Трансакциона сметка – копија или наведена во барањето
  • Записник од МВР – во оригинал (копија може да се достави единствено доколку оригиналот од Записникот е во предметот за материјална штета)
  • Медицинска документација – во оригинал Примерок од записник од МВР

Потребни документи за пријавување нематеријална штета – душевен бол за смрт на блиско лице:

  • Оригинал извод од матична книга на умрените
  • Оригинал Извод од матична книга на родените од оштетените лица кои пријавуваат штета за смрт на блиско лице или извод од матична книга на родени заверен кај нотар
  • Оригинал извод од матична книга на венчаните кога се пријавува за смрт на сопруг/сопруга
  • Фактура за погребни трошоци и за трошоци направени за надгробен споменик

Превземи образец за барање за надомест на материјална штета по АО