Постапка за пријавување штети по каско осигурување

Во случај на штета, истата се пријавува веднаш, односно најдоцна во рок од 3 дена од незјиното настанување на образец Пријава на штета.

По евидентирање на пријавата на штета осигуреникот е должен да овозможи извид над оштетеното возило.

Извидот на штета по правило се спроведува веднаш, а најдоцна во рок од 2 работни дена (за штети пријавени надвор од централата на Друштвото) по пријава на штетата.

Извидот се врши на оштетеното возило во определен простор во Друштвото за осигурување, во сервис или друго место каде што се наоѓа возилото.

Потребни документи за пријавување и решавање штета по каско полиса:

  • Пријава на штета – Барање за надомест на штета
  • Сообраќајна дозвола – фотокопија
  • Полиса (или број на полиса) – фотокопија
  • Возачка дозвола на возачот – фотокопија
  • Полномошно за управување – доколку осигуреникот-оштетениот е правно лице или сопственик на возилото е лизинг компанија
  • Лична карта – на увид
  • Трансакциона сметка – копија или наведена во барањето
  • Записник од МВР или ЕИ (зависно од видот на штетниот настан) – во оригинал

Превземи образец за пријава на штета