Постапка за пријавување штети по осигурување од незгода

Во случај на настанување несреќен случај, пријавувањето на штетата на образецот Пријава на штета од незгода и потребната документација за решавање на штетата, се врши по завршеното лекување на осигуреникот, но најмалку 3 месеци по денот на штетниот настан.

Образецот “Пријава на штета од незгода” се потпишува и заверува со печат од страна на договарачот на осигурувањето (работодавач, училиште, факултет, детска градинка, спортски клуб).

Оригинален примерок од образецот “Пријава на штета од незгода” и оригинален примерок од потребната документација, се доставуваат до Друштвото.

Потребна документација – општо:

  • Пријава на штета / Барање за надомест на штета
  • Полиса (освен за колективно осигурување на работници/ ученици/ студенти)
  • Кај колективно осигурување од незгода – архивски заверена Потврда за платена премија (дека работникот/ученикот/студентот е осигурен од незгода) (Превземи образец – ученици, студенти / Превземи образец – вработени)
  • Лична карта – на увид
  • Лекарска документација во оригинал
  • Трансакциона сметка – копија

Дополнителна документација:
Кај полисите за осигурување незгода, странката треба да достави дополнителна документација до ДЛШР. Во зависност од видот на склученото осигурување потребна е следната дополнителна документација:

Смрт од болест

  • Потврда за смртта и лекарски извештај за причините за смртта
  • Извод од матична книга на умрени на осигуреникот во оригинал; Извод од матична книга на умрени на член од потесното семејството (доколку има некој починато)
  • Извод од матична книга на родени за децата
  • Решение за старателство (доколку корисникот е малолетен)
  • Изјава на наследниците/корисниците, нотарски заверена за префрлање на правото за надомест на едно лице – по желба на корисниците (Превземи образец)

Смрт од несреќен случај

  • Записник од МВР во оригинал
  • Потврда за смртта и лекарски извештај за причините за смртта
  • Обдукциски наод
  • Извод од матична книга на умрени на осигуреникот во оригинал
  • Изјава на наследниците/корисниците, нотарски заверена за префрлање на правото за надомест на едно лице – по желба на корисниците (Превземи образец)

Повреда
(ако во полисата се опфатени само трите основни ризици, не се бараат документи за боледување и трошоци за лекување)

  • Целокупна медицинска документација – прв лекарски наод по повредата и сите контролни прегледи (отпусни листи, специјалистички и рентгенски извештаи, рентгенски снимки и сл.) – во оригинал
  • Сите боледувања:
    • од матичен лекар – Извештај за привремена спреченост за работа во оригинал
    • од Комисија – Оценка за привремена спреченост за работа (боледување) од 16-60 дена и над 60 дена – во оригинал
  • Сметки за нужни трошоци за лекување (исклучиво оригинал со печат, датум, име и презиме и амбулантен број и фискалана сметка
  • Пријава за несреќа на работа (повредна листа) со Мислење од Фондот за здравствено осигурување
  • Доколку Пријавата за несреќа на работа не е изготвена на време, потребен е Записник за настаната повреда изработен од Компанијата каде е вработено, или Записник од инспекција на труд
  • Записник од МВР (во случај на физички напад, сообраќајна несреќа, повреда со оружје и сл.) – во оригинал
  • За боледување на ученик потребно е:
    • Лекарска потврда од матичен лекар за должината на боледувањето – во оригинал
    • Доколку матичниот лекар не дал потврда треба Потврда од класен раководител за должината на отсуствувањето(на лист со печат од училиштето)
  • Ако повредата настанала на спортски натпревар или тренинг потребна е Потврда од клубот (на нивен меморандум) со опис на настанот
  • Копија од возачка и сообраќајна дозвола ако штетата е настаната при сообраќајна незгода

Превземи образец за пријава на штета од незгода

Превземи образец за пријава на штета од незгода – осигурување на штедачи иматели на трансакциска сметка

Превземи образец Потврда за платена премија за ученици-студенти

Превземи образец Потврда за платена премија – вработени

Превземи образец Изјава на корисниците на осигурувањето за префрлање на право на надомест за штета