Постапка за пријавување штети по полиси за патничко осигурување

Во случај на потреба од услуги од здравствено осигурување и друга помош, пријава се врши во Europe Assistance на телефон(+381 114112200) или маил (operationsr@europ-assistance.hu) наведени на задната страна од Вашето патничко осигурување, или пак на маил steti@euroins.com.mk или телефон директно во централата на друштвото +389(0)25511563.

Потребни документи за пријавување:

  • Пријава на штета / Барање за надомест на штета
  • Полиса
  • Пасош – фотокопија од сите страници
  • Лекарска документација во оригинал
  • Фактура/и
  • Трансакциона сметка – копија на банкарска картичка
  • Авиокарти (доколку се работи за доцнење на багаж)
  • Извештај за доцнење багаж или лет
  • Потврда за примање на багаж
  • Записник од МВР (доколку се работи за кражба на багаж)

Превземи образец за пријава на штета од патничко осигурување