Постапка за пријавување штети по транспортно осигурување

Во случај на штета, истата се пријавува веднаш, односно најдоцна во рок од 3 дена од нејзиното настанување на образец Пријава на транспортна штета, на еден од начините наведени во делот Општа постапка за пријава на штети.

Кога ќе настане осигурен случај до доаѓање на овластен преставник на осигурувачот, осигуреникот е должен:

  • Веднаш да преземе сè што е во негова можност за да ги ограничи неговите штетни последици и при тоа да се придржува кон упатствата што му ги дал осигурувачот или негов претставник
  • Во сите случаи предвидени со посебни прописи, а особено кога штетата е предизвикана од пожар, кражба, провална кражба, разбојништво и сообраќајна незгода, да го пријави случајот на надлежниот орган за внатрешни работи, да наведе кои предмети се уништени, односно оштетени или се исчезнати при настанувањето на осигурениот случај
  • Веднаш по настанувањето на осигурениот случај, ако тоа е можно, односно кога тоа приликите го дозволуваат, на осигурувачот да му достави попис на уништените, односно оштетените предмети со приближно назначување на нивната вредност
  • До доаѓањето на претставникот на осигурувачот на самото место, да не се менува состојбата на оштетените, односно уништените предмети, освен ако промената е потребна во јавен интерес или поради намалување на штетата, односно поради продолжување со нормално производство
  • Договарачот на осигурувањето односно осигуреникот е должен, независно од рокот во кој ја поднел пријавата на штетата, на претставникот на осигурувачот да му ги даде сите потребни податоци и други докази потребни за утврдување на причината, обемот и висината на штетата

Извидот на штета се спроведува по правило веднаш по пријавување на случајот, или во термин договорен со проценителот овластен од Друштвото.

Потребни основни документи за пријавување на штетата се:

  • Пријава на штета во транспорт
  • Пријава по телефон, факс, телеграма, и по пошта
  • Полиса, оригинал кај поединечни осигурувања, или број на генерална полиса
  • Записник за процена на штетата или извештај на хавариски комесар
  • Записник за оштетување, односно кусок на транспортирана роба
  • Фактурна вредност на пратката, со целокупна документација, во оригинал
  • Товарен лист или коносман во оригинал
  • Царинска декларација, во оригинал
  • Изјава на возачот
  • Договор за превоз со превозникот
  • Записници од полиција за штети од кражба, и сообраќајна незгода – во оригинал
  • Уверенија од санитарни, ветеринарни органи или паталози за прехрамбена стока
  • Извештај за натовар и истовар и драјф цертификат за ринфузни пратки
  • Документ дека е направена процена на штета/платена процена
  • Трансакциона сметка – копија или наведена во барањето
  • Превод на документите

Превземи образец за пријава на транспортна штета