Зелена карта

Како да постапите во случај на сообраќајна незгода случена во Република Македонија предизвикана од возило со странска регистерска табличка

  • Повикајте полиција
  • Запишете го регистарскиот број на возилото како и типот и марката на истото
  • Побарајте зелена карта од возачот и доколку сте во можност направете копија од истата или фотографијате ја, запишете го датумот на валидност на зелената карта, меѓународните ознаки на земјата каде што е седиштето на Националното Биро за осигурување, кодот на осигурителната компанија која ја издала зелената карта, серискиот број на зелената карта како и регистарскиот број на моторното возило или бројот на шасија
  • За понатамошни постапки контактирајте го Националното Биро за Осигурување кое ќе ве упати на осигурителната компанија во Македонија која е коресподент за обработка на вашата штета или ќе даде овластување за обработка на штетата на некоја од осигурителните компании во Република Македонија

Како да постапите во случај на сообраќајна незгода случена во странство а предизвикана по ваша вина

  • Повикајте полиција
  • Разменете податоци за осигурување на возилата учесници во сообраќајната незгода
  • Доколку ви е понуден Европски извештај за незгода, пополнете го. Овој образец е со унифицирана содржина во сите европски земји, па македонскиот примерок ќе Ви биде водич како да го пополните
  • Веднаш по пристигнување во Република Македонија известете ги надлежните служби во Евроинс Осигурување за предизвиканата сообракајна незгода

Како да постапите во случај на сообраќајна незгода случена во странство а предизвикана по вина на странското возило

  • Повикајте полиција
  • Разменете податоци за осигурување на возилата учесници во сообраќајната незгода
  • Доколку ви е понуден европски извештај за незгода, пополнете го. Овој образец е со унифицирана содржина во сите европски земји
  • Контактирајте го Националното Биро за Осигурување во земјата во која е настаната сообраќајната незгода. Адресата и телефонот за контакт на Бироата на земјите членки на Системот ЗК се наоѓаат на задната страна на вашата зелена карта. Наведете го типот и обемот на оштетување и задолжително побарајте понатамошни насоки за пријавување на вашата штета

Исклучоци

  • Во следните исклучоци ќе се смета дека постои валидно осигурување на странските возила во смисла на осигурување од ЗК (врз основа на Билатерални и Мултилатерални спогодби склучени помеѓу Бироата)
  • За возила со регистарски ознаки од Словенија, Хрватска и Унгарија
  • За возила кои доаѓаат од Република Грција со Зелена карта во која ја нема наведено меѓународна кратенка на Република Македонија – МК
  • Возила од Косово со полиси ТПЛ Косово плус