Првото „Caffè SOSPESO” во Македонија

Првото „Caffè SOSPESO” во Македонија Евроинс Осигурување го нарача првото „Caffè SOSPESO” во IL CAFFE DI ROMA на улица Македонија Скопје, 03.04.2013 година. – Осигурителната компанија Евроинс Осигурување, во соработка со IL CAFFE DI ROMA го нарачаа првото „ caffè sospeso” во Македонија. Целта на овој мини настан беше да во присуство и со помош на медиумите се промовира и рашири оваа древна италијанска традиција на нарачка на „caffè sospeso„ како знак на нашето добро расположение или добра воља. “ За презентирање на оваа иницијатива го одбравме токму IL CAFFE DI ROMA бидејќи овде може да се вкуси едно од најубавите италијански кафиња во Скопје. Додека уживаме во чинот на пиење убаво кафе несекогаш помислуваме дали постои некој кој не може да си го дозволи истото. Можеби некојпат дел од нас почувствувале и грижа на совест. Од денеска сум уверена дека со нарачка на „caffè sospeso” моето кафе можеби ќе треба да го платам поскапо но во него ќе уживам двојно повеќе.” – потенцира Г-ѓа Виолета Поп-Василева, Извршен директор на Евроинс. „На овој начин како компанија го даваме нашиот скромен придонес и се надеваме за брзо проширување на оваа италијанска традиција насекаде низ Македонија. Во дел од соседните земји истото се практикува не само при купување на кафе туку и во случаите при набавка на леб, млеко,… Идејата да се даде и помогне на оној кој има помалку ќе се прифати од сите и во тоа воопшто не се сомневам.„ – се надоврза г-дин Јанко Николов, Извршен директор на Евроинс.“ Сопственикот на IL CAFFE DI ROMA, г-динот Стефан Стојановски изјави: „Сметаме дека ова е одлична и благородна идеја и веднаш ја прифативме и воведовме во нашето кафуле. Се надеваме дека со овој чин ќе се даде сигнал и до останатите субјекти во државата да се вклучат кон оваа иницијатива и да придонесат за што поголема масовност на истата.“ ### За дополнителни информации молиме контактирајте со: Александар Аневски Директор за Маркетинг и Комуникации Евроинс Осигурување a.anevski@euroins.com.mk 02 / 3 228 904 – лок 229 *Caffe sospeso Стара традиција во Неапол, Италија, е да се нарача „caffè sospeso„ – кое во превод значи платено кафе. Ова особено го прават оние кои во моментот имаат причина да почастат некого (добиле нова работа, им се родило бебе, …). Кога се нарачува „caffè sospeso„ клиентот плаќа за две кафиња а добива едно. На тој начин, некој кој вистински не може да си го дозволи, ќе влезе во кафулето и запраша дали има „платено кафе„ ќе може да добие едно без да плати.

Можеби ќе ве интересира...