Шампионот на Македонија во полумаратон Кокан Ајановски ја промовираше првата школа за трчање во Македонија “Евроинс Школа за трчање”

Скопје, 09.04.2014 година. – Шампионот на Македонија во полумаратон Кокан Ајановски во соработка со Евроинс Осигурување, Скопски Маратон и Спортското радио го промовираше формирањето на првата школа за трчање во Република Македонија – „Евроинс Школа за трчање„.

„За нас претставува огромна чест да бидеме дел од нешто што првпат се појавува во Македонија. Цврсто сме уверени дека со оваа наша поддршка директно ќе влијаеме во подигнување на свеста за прифаќање на здравиот начин на живот кај што поголема популација во Македонија„.– потенцира г-дин Јанко Николов, Извршен директор на Евроинс (Генералниот спонзор на Евроинс Школата за трчање).

Основачот на Евроинс Школата за трчање, Кокан Ајановски изјави: „Благодарни сме за поддршката од Евроинс, Виз Ер Скопски маратон и Спортско радио кои безрезервно ми помагаат во реализација на овој проект. Школата е формирана како здружение на граѓани, а основна цел е едукација во делот на трчањето на се поголемиот број на рекреативци кои особено со популаризацијата на Виз Ер Скопски маратон имаат потреба од стручна поддршка во оваа свера.“

Секој што ќе се пријави во Школата за трчање добива:

  • мерење на телесните параметри (висина, тежина, процент на масни наслаги, индекс на телесна маса, калориски потреби итн.);
  • едукација околу правилна исхрана и здрав и активен начин на живот;
  • индивидуална програма за тренинг до Виз Ер Скопски маратон;
  • 2 до 3 групни тренинзи – трчање на кеј на Вардар со времетраење од 45 мин. до 1ч.30 мин ( работен ден,сабота и недела);
  • може да се пријавуваат кандидати што ќе трчаат 5км и 21км;

За дополнителни информации  молиме контактирајте со:

Кокан Ајановски
Евроинс Школа за трчање
078 402-665
info@skolazatrcanje.mk
www.skolazatrcanje.mk

За Кокан Ајановски

Кокан Ајановски со трчањето почнал да се занимава сосема случајно. Иако никогаш не бил професионален спортист, сепак се занимавал со разни спортови. Пред пет години, односно во 2008-ма година на реклама на едно од македонските радија слушнал дека ќе се одржува маратон во Скопје.

Одлучил да се пријави и да учествува во полумаратонот кој изнесува 21 километар, иако не знаел што точно значи да се биде дел од едно вакво натпреварување.

-Во 2008-ма година на едно од нашите радија слушнав дека ќе има полумаратон и си реков ајде да се пријавам, да видам дали ќе можам да ги истрчам. Предизвик ми беше само да успеам да истрчаm без да одам. Ете, трчав во патики за кошарка бидејќи не ни знаев дека има патики за трчање. Ми се допадна и веројатно понесен од атмосферата успеав да стигнам до целта и да го истрчам тој полумаратон. Ете, од тогаш почнав да учествувам на трките надвор од Македонија, иако не ни знаев дека и надвор има маратони, односно дека има во Белград, во Подгорица. Цел живот сум спротист, иако професионално во ниту еден не сум се насочил, но по првото учество во полумаратонот го засакав трчањето, изјави Кокан Ајановски.

Дел од успесите:

  • Државен првак на 5.000м, 10,000м, полумаратон, крос кантри и планинско трчање
  • 4 пати учесник на Светско првенство во планинско трчање (словенија, Албанија, Италија, Полска)
  • 2 пати учесник на Европско првенство во планинско трчање (Бугарија)
  • Учесник на Светско првенство во полумаратон (Данска)
  • 3 пати учесник на Европско првенство во крос кантри (Словенија, Унгарија, Србија)
  • Учесник на Европски куп на 10.000м (Бугарија)
  • Учесник на Европско првенство на 5.000м (Словачка)

Можеби ќе ве интересира...