Кратка историја

 

ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е четвртото Друштво за осигурување основано на територијата на Р.Македонија, со Решение за дозвола за основање и вршење на работи на имотни осигурувања издадено од страна на Министерството за финансии во 1995 година, а впишано во судскиот регистар на ден 20.07.1995 година во Скопје.

Сега со регистрирана дејност Неживотно осигурување.

 

Мисијата која како задача си ја постави пред себе раководната структура на тогашно ТД за осигурување „МАКОШПЕД ОСИГУРУВАЊЕ“ АД Скопје, беше навистина амбициозна, но не и неостварлива: освојување на позицијата на лидер на пазарот во оваа дејност. Друштвото се определи за офанзивен настап и врвен квалитет во сите сфери на своето работење, домаќински водејќи сметка за менаџмент на превземените ризици согласно капацитетот на компанијата.

Реултатот од доброто работење не изостана. Се бележат позитивни финансиски резултати, стекната е постојана клиентела со избалансиран портфел во сите класи на неживотно осигурување за кои Друштвото има дозвола.

Поголем напреден чекор беше направен во 2003 година кога Одборот на директори донесе одлука за проширување на Друштвото надвор од рамките на Скопје, преку формирање на продажна мрежа низ Македонија, како и воведување на задолжителното осигурување од автомобилска одговорност.

Во февруари 2008 година се случи најголемиот пресврт во Друштвото односно промена на сопственичката структура, кога Групацијата ЕВРОИНС ИНШУРАНС ГРУП (EIG) Софија од Р.Бугарија (членка на Холдинг компанијата ЕВРОХОЛД БУГАРИЈА АД) со 2 блок трансакции преку Македонската берза АД Скопје купи мнозински пакет на акции и стана мнозински акционер во ТД за осигурување „МАКОШПЕД ОСИГУРУВАЊЕ“ АД Скопје, со над 90% во капиталот на друштвото.

 

По ова следуваше и ребрендирање, внесувајќи го високо реномираниот бренд ЕВРОИНС на македонскиот осигурителен пазар, со промена на називот на Друштвото во ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје односно EUROINS INSURANCE S.C. Skopje, оставајќи го „МАКОШПЕД ОСИГУРУВАЊЕ“ во историјата, и преоѓајќи на повисоко ниво во осигурителниот бизнис во регионот.

Промената на називот на Друштвото се изврши на ден 21.07.2008 година.

 

Усогласувањето со Измените и дополнувањата на Законот за супервизија на осигурување, придонесе јакнење на капацитетот на Друштвото со зголемување на основната главнина на Друштвото во рамките на неопходниот лимит на капитал предвиден со Законбото за супервизија на осигурување. Со ваквите чекори, се отвори патот за уште поамбициозен настап на пазарот, овојпат со поголема финансиска моќ.

Со последните промени во капиталот на Друштвото извршени во 2013 година, висината на основната главнина (акционерски капитал) изнесува 3.885.804 евра, со вкупно 7600 обични акции, со номинална вредност по акција од 511,29 евра.

ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје денес е модерно и динамично друштво за осигурување со над 130 вработени во повеќе градови во Македонија, која го држи чекорот на осигурителната дејност врз принципите на реалност, но и флексибилност кон условите на пазарот и потребите на своите клиенти.

Амбициозните развојни планови за работа во наредните години, го определува и едниствениот можен начин по кој и овие планови можат да се реализираат. Тоа е професионално и посветено извршување на обврските, без импровизации.

 

Моделот на друштвото има за цел да понуди осигурителни продукти, кои покриваат широк спектар на ризици, обезбедувајќи комплексна осигурителна понуда на своите клиенти. Портфелот на ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, опфаќа 14 класи на неживотно осигурување од различни ризици и тоа:

  1. Осигурување од последици на несреќен случај – незгода
  1. Осигурување на моторни возила (каско)
  1. Осигурувањето на воздухоплови (каско) ги покрива штетите настанати на воздухоплови
  2. Осигурување на пловни објекти (каско)
  3. Осигурување на стока во превоз (карго)
  4. Осигурување на имот од пожар и природни непогоди
  5. Други осигурувања на имот
  6. Осигурување од одговорност од употреба на моторни возила
  7. Осигурувањето од одговорност од употреба на воздухоплови ги покрива штетите настанати од употреба на воздухопловот вклучувајќи ја одговорноста на сопственикот
  1. Осигурување од одговорност од употреба на пловни објекти
  2. Општо осигурување од одговорност
  1. Осигурување на гаранции
  2. Осигурување од финансиски загуби
  1. Осигурување на туристичка помош.

Денес, ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје преставува колектив на динамични и едуцирани кадри во широко распоространета мрежа низ земјата и афирмирано присуство во клучните регионални и административни центри преку вработените и застапниците во осигурување, кои се подготвени да прифаќаат ризици и кои секој празен пазарен простор го сметаат за шанса.

 

Оригиналност, современост, атрактивност се одликите на маркетиншките вредности на ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје.

Спој на емоции, уметност и промоција, каде се негува трајната комуникација со постоечките и потенцијалните клиенти.