ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Грижата за клиентите од аспект на заштита на нивната приватност во поглед на податоците кои ги откриваат при купување и плаќање на услугите кои им ги овозможуваме, претставува приоритет во ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје.

Оваа политика на приватност дава општи информации за начинот на кој ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги собира, одржува и управува со личните податоци, секогаш кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите услуги.

Исто така, Политиката дава информации за начинот на кој може да нè контактирате доколку имате прашања или сте загрижени за Вашите податоци.

Оваа Политика е во согласност со законските прописи за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија и интерните акти на Друштвото за регулирање на оваа област. Сите лични податоци собрани од страна на ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје се обработени во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни за Ви ги обезбедување нашите услуги и/или да ги оствариме активностите за заштита на личните податоци.

Активностите на обработка поврзани со on-line услугите достапни преку интернет страната на ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, се извршуваат од страна на техничкиот персонал на Друштвото одговорен за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.

Кои податоци ги собираме?

Ние собираме лични податоци за Вас, дел од нив се личните податоци кои Вие доброволно ги давате при посета на нашата страница и користење на нашите on-line услуги и поволности, додека другиот дел се податоци кои ги собираме за посетителите на нашата страница т.н. пасивни податоци или податоци кои не се лични и кои се условени од природата на интернетот (технички информации за Вашето користење на услугата, производот или web страницата, како што е Вашата IP адреса, web страницата од која е пристапено до нашата web страница, уред, грешките и активноста на хардверот). 

За што ги користиме собраните податоци ?

ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги собира и користи информациите од посетителите исклучиво за следните цели:

  • подобрување на нашата веб страница – постојано се стремиме да ја подобриме понудата на нашата Страна базирано на повратните информациите, што ги добиваме од вас;
  • подобрување на услугите кон клиентите – Вашите информации ни помагаат поефикасно да одговориме на вашите барања за дадени услуги, или да ви ја пружиме поддршка која што ви е потребна;
  • администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на веб страницата;
  • да Ви овозможиме online купување и плаќање на осигурителни производи и услуги;
  • да Ви ја обезбедиме бараната услуга;
  • да обезбедиме грижа за клиентите;
  • да ги олесниме и проследиме Вашите пребарувања и барања за информации кога ни се јавувате во врска со видовите на осигурување;
  • да Ви дадеме помош при рекламација или проблем со користењето на производите и услугите;
  • заради безбедност на нашата web страница и нашиот систем;
  • да се подобрат постоечките и создадат нови производи и услуги, препораки, реклами и други комуникации;
  • поддршка на корисници во случај на проблем при користењето на производите и услугите.

Маркетинг
Преку нашата web страница имате можност да бидете запознаени со сите активности кои се во тек или се во најава и со тоа да бидете навремено информирани и во предност пред другите.

Затоа, Ви се нуди можност да изберете да добивате разни известувања од наша страна на вашиот e-mail. Овие известувања може да содржат, на пример, податоци за нашите најнови производи, услуги и други новини.

Добивањето на известувања од Друштвото може да го откажете во секое време, на едноставен начин со следење на чекорите за одјавување од нашата т.н. „mailing“ листа. Клиентите кои имаат креирано личен профил т.е. корисничка сметка, имаат опција да ги изменат и/или избришат своите лични податоци.

Што се случува доколку не можеме да ги собереме Вашите лични податоци?

Доколку не ги добиеме сите податоци кои ни се потребни за Вас, можеби нема да бидеме во можност да Ви ги обезбедиме бараните услуги и/или информации.

Заштита на личните податоци и Вашите права

Податоците што ги добиваме во текот на работењето ги штитиме со целосно во согласност со важечката регулатива. Податоците и информациите се од клучно значење за спроведувањето на деловните процеси и  тие за нас претставуваат важен деловен имот. Со цел обезбедување нивна доверливост (спречување неовластен пристап или обелоденување), потполност (обезбедување целосност и точност на информациите) и расположливост (обезбедување достапност на информациите во обем и во време кога се неопходни), ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје има воспоставено сопствени системи за управување со заштитата на податоците.

Одредени податоци можат да бидат како лични, така и доверливи податоци или деловна тајна на Друштвото. При постапувањето со нив водиме сметка за нивната природа и ги обработуваме во согласност со законот и интерните акти на ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје. Со тие податоци се запознаваат само лицата на кои им се потребни податоците за вршење на работата и работните задачи во Друштвото.

Внимаваме обемот на обработка да е сразмерен на намената, односно на задачите што ги вршиме во ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје или за ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, но и да имаме соодветен правен основ за таквата обработка. Податоците не ги откриваме на трети лица, освен ако за тоа постои законски основ или лична согласност од лицата на кои се однесуваат тие податоци. Податоците, исто така, не ги користиме за своја или за туѓа корист. Ги чуваме во согласност со правилата и постапките на безбедносната политика и на другите интерни акти на ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје и прописите за заштита на личните податоци.

ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги презема сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање, или евентуална злоупотреба на податоците.

Согласност за собирање на лични податоци

Со запознавањето со оваа политика и упатувањето на нашите интернет услуги, корисниците даваат согласност за начинот на обезбедување на услугите на ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, преку формите за комуникација достапни на нашата веб страна.

Колачиња („Cookies”)

„Cookies” се мали текстуални фајлови со податоци, коишто може да бидат снимени на Вашиот хард диск од страна на некои web страници кои ги посетувате.

Ние користиме колачиња за да ви обезбедиме најдобро искуство на нашата веб-страница и со цел подобрување на корисничкото искуство и функционалноста на нашата интернет страна.

Ако продолжите да ја користите оваа страница, ние ќе претпоставиме дека сте задоволни од тоа.

Web продавница – Web shop

ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ја нуди можноста за online купување на полиса за осигурување преку нашата web продавница Е-полиса.

За користење на web продавницата Е-полиса, потребно е да бидат исполнети следните 2 услови: да ни бидат доставени сите податоци од клиентот кои се бараат во процесот на договарање на осигурувањето (со што клиентот се согласува со нивното собирање и користење), и да се изврши плаќање на премијата за осигурување во целост со платежна картичка. При online купување на полиса, Друштвото ги собира само оние податоци за договарачот на осигурување и осигуреникот, кои се неопходни за склучување на договорот за осигурување во согласност со Законот за облигационите односи и  Законот за супервизија на осигурување.

Купувањето и плаќањето на полисата се одвива преку користењето на овластени процесори на платежни картички со цел на клиентите да им се овозможи online плаќање со платежна картичка (на рати односно како претплата со ограничен број на рати или еднократно). Податоците кои се однесуваат на плаќањето, односно број на картичка и код за верификација (CVC – card verification code) се обработуваат исклучиво кај процесорите на платежни картички и со тоа се спречува секаква злоупотреба на податоците на клиентите содржани на платежните картички и евентуално причинување штета на клиентите и на Друштвото. За ова, Друштвото има донесено посебна Политика за online плаќање, која е дел од интерните акти за заштита на податоците на клиентите.

Промени на Политиката за приватност

ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје го задржува правото во секое време да jа измени или дополни Политиката за приватност. За секое нејзино менување, или дополнување ќе биде поставено видливо известување на оваа интернет страница.

Услови за користење

Со користење на нашата web страница се согласувате, односно ги прифаќате одредбите во Политиката за приватност на ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје. Доколку не се согласувате со истата односно условите и ограничувањата, Ве молиме да не ја користите нашата web страница.

Контактирајте нè

Доколку имате прашања во врска со Политиката за приватност на Друштвото при користењето на нашата web страница, ве молиме контактирајте нè на ул.„Скупи“ бр.12, Скопје, Офицер за заштита на личните податоци Зоран Спасовски, на следниов e-mail: z.spasovski@euroins.com.mk или на следниот e-mail: contact@euroins.com.mk