Skip to content

ЗА НАС

Кои сме ние?

ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е четвртото друштво за осигурување основано на територијата на Р.Македонија, основано согласно Решение на Министерството за финансии од 13.05.1995 година и впишано во судскиот регистар на ден 20.07.1995 година во Скопје.

Регистрираната дејност на друштвото е Неживотно осигурување, со дозвола за работа во 15 класи на осигурување.

Евроинс денес

Денес, ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје преставува колектив на динамични и едуцирани кадри во широко распоространета мрежа низ земјата и афирмирано присуство во клучните регионални и административни центри преку вработените и застапниците во осигурување, кои се подготвени да прифаќаат ризици и кои секој празен пазарен простор го сметаат за шанса.

Оригиналност, современост, атрактивност се одликите на маркетиншките вредности на ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје.

Спој на емоции, уметност и промоција, каде се негува трајната комуникација со постоечките и потенцијалните клиенти. 

Квалитет
0%
Сигурност
0%
Доверба
0%

Портфолио од 15 класи на неживотно осигурување

Моделот на друштвото има за цел да понуди осигурителни продукти, кои покриваат широк спектар на ризици, обезбедувајќи комплексна осигурителна понуда на своите клиенти. Портфелот на ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопјеопфаќа 15 класи на неживотно осигурување од различни ризици и тоа:

Осигурување од последици на несреќен случај – незгода

Здравствено осигурување

Осигурување на моторни возила (каско)

Осигурувањето на воздухоплови (каско) ги покрива штетите настанати на воздухоплови

Осигурување на пловни објекти (каско)

Осигурување на стока во превоз (карго)

Осигурување на имот од пожар и природни непогоди

Други осигурувања на имот

Осигурување од одговорност од употреба на моторни возила

Осигурувањето од одговорност од употреба на воздухоплови ги покрива штетите настанати од употреба на воздухопловот вклучувајќи ја одговорноста на сопственикот

Осигурување од одговорност од употреба на пловни објекти

Општо осигурување од одговорност

Осигурување на гаранции

Осигурување од финансиски загуби

Осигурување на туристичка помош.

0
години на пазарот
0
канцеларии низ Македонија
0
класи на неживотно осигурување
0 +
задоволни клиенти

Одбор на директори

Се стремиме кон совршенство и лидерство, признати од општеството, клиентите и инвеститорите

Ралица Губерова

Извршен директор

Магистер по бизнис администрација

Велислав Милков Христов

Претседател на Одборот на директори

Магистер по право

Ради Георгиев Георгиев

Неизвршен Независен член

Магистер по право

Зоран Милковски

Неизвршен член

Дипломиран информатичар

Менаџерски тим

Менаџерскиот тим на Евроинс Македонија е составен од истакнати професионалци и луѓе со врвна експертиза во својата област

Ralica Guberova

Ралица Губерова

Извршен директор
Ана Клетничка

Ана Клетничка

Директор на Дирекција за ликвидација на штети и регреси
Елена Наумова

Елена Наумова

Директор на Правен сектор
Мимоза Угуров

Мимоза Угуров

Директор на Сектор за сметководствено-финансиски работи

Христина Софрониеска

Овластен актуар

Кратка историја

1995

КОМПАНИЈАТА Е ОСНОВАНА

ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е четвртото Друштво за осигурување основано на територијата на Р.Македонија, со Решение за дозвола за основање и вршење на работи на имотни осигурувања издадено од страна на Министерството за финансии во 1995 година, а впишано во судскиот регистар на ден 20.07.1995 година во Скопје.
1995
1995-2003

ПОЧЕТЕН РАЗВОЈ

Мисијата која како задача си ја постави пред себе раководната структура на тогашно ТД за осигурување „МАКОШПЕД ОСИГУРУВАЊЕ“ АД Скопје, беше навистина амбициозна, но не и неостварлива: освојување на позицијата на лидер на пазарот во оваа дејност. Друштвото се определи за офанзивен настап и врвен квалитет во сите сфери на своето работење, домаќински водејќи сметка за менаџмент на превземените ризици согласно капацитетот на компанијата. Реултатот од доброто работење не изостана. Се бележат позитивни финансиски резултати, стекната е постојана клиентела со избалансиран портфел во сите класи на неживотно осигурување за кои Друштвото има дозвола.
1995-2003
2003

ПРОШИРУВАЊЕ

Поголем напреден чекор беше направен во 2003 година кога Одборот на директори донесе одлука за проширување на Друштвото надвор од рамките на Скопје, преку формирање на продажна мрежа низ Македонија, како и воведување на задолжителното осигурување од автомобилска одговорност.
2003
2008

НАЈГОЛЕМИОТ ПРЕСВРТ

Во февруари 2008 година се случи најголемиот пресврт во Друштвото односно промена на сопственичката структура, кога Групацијата ЕВРОИНС ИНШУРАНС ГРУП (EIG) Софија од Р.Бугарија (членка на Холдинг компанијата ЕВРОХОЛД БУГАРИЈА АД) со 2 блок трансакции преку Македонската берза АД Скопје купи мнозински пакет на акции и стана мнозински акционер во ТД за осигурување „МАКОШПЕД ОСИГУРУВАЊЕ“ АД Скопје, со над 90% во капиталот на друштвото.
2008
2008

РЕБРЕНДИРАЊЕ

По ова следуваше и ребрендирање, внесувајќи го високо реномираниот бренд ЕВРОИНС на македонскиот осигурителен пазар, со промена на називот на Друштвото во ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје односно EUROINS INSURANCE S.C. Skopje, оставајќи го „МАКОШПЕД ОСИГУРУВАЊЕ“ во историјата, и преоѓајќи на повисоко ниво во осигурителниот бизнис во регионот. Промената на називот на Друштвото се изврши на ден 21.07.2008 година.
2008
2013

ЗАКОНСКИ УСОГЛАСУВАЊА

Усогласувањето со Измените и дополнувањата на Законот за супервизија на осигурување, придонесе јакнење на капацитетот на Друштвото со зголемување на основната главнина на Друштвото во рамките на неопходниот лимит на капитал предвиден со Законот за супервизија на осигурување. Со ваквите чекори, се отвори патот за уште поамбициозен настап на пазарот, овојпат со поголема финансиска моќ. Со последните промени во капиталот на Друштвото извршени во 2013 година, висината на основната главнина (акционерски капитал) изнесува 3.885.804 евра, со вкупно 7600 обични акции, со номинална вредност по акција од 511,29 евра.
2013
2019

ЕВРОИНС ДЕНЕС

ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје денес е модерно и динамично друштво за осигурување со над 120 вработени во повеќе градови во Македонија, која го држи чекорот на осигурителната дејност врз принципите на реалност, но и флексибилност кон условите на пазарот и потребите на своите клиенти. Амбициозните развојни планови за работа во наредните години, го определува и едниствениот можен начин по кој и овие планови можат да се реализираат. Тоа е професионално и посветено извршување на обврските, без импровизации.
2019