Skip to content

ПРИЈАВИ ШТЕТА

ПОСТАПКА ЗА ПРИЈАВА НА ШТЕТИ

Во случај на штета, истата може да ја пријави оштетениот или негов полномошник:

  1. Лично на шалтер во Централната Дирекција во Скопје или во експозитурите низ Р.Македонија (за штети со Европски Извештај задолжително се пријавува лично при што присуствуваат возачите на возилото на осигуреникот и на возилото на оштетениот и се врши реконструкција на настанот)
  2. По пошта на адреса: Бул.8-ми Септември бр.19А, 1000 Скопје Македонија
  3. Телефонски на +389(0)2 5511563 (се користи само за најава на штета)
  4. По електронски пат на меил: steti@euroins.com.mk

Пријавата на штета, осигуреникот/ оштетениот, ja врши на образец – пријава на штета.

Пријавата задолжително се потпишува од осигуреникот /оштетениот, односно заверува со потпис и печат ако осигуреникот/оштетениот е правно лице.

Повеќе детали за постапката и потребни документи за пријавување и решавање штета за различни класи на осигурување:

  • Каско
  • Автоодговорност (материјални штети и нематеријални штети)
  • Зелена карта
  • Незгода
  • Имот( пожар и друг и имотни осигурувања)
  • Општа одговорност
  • Патничко осигурување
  • Транспортно осигурување
  • Приватно здравствено осигурување
ПОСТАПКА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ШТЕТИ ПО КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ

Во случај на штета, истата се пријавува веднаш, односно најдоцна во рок од 3 дена од незјиното настанување на образец Пријава на штета.

По евидентирање на пријавата на штета осигуреникот е должен да овозможи извид над оштетеното возило.

Извидот на штета по правило се спроведува веднаш, а најдоцна во рок од 2 работни дена (за штети пријавени надвор од централата на Друштвото) по пријава на штетата.

Извидот се врши на оштетеното возило во определен простор во Друштвото за осигурување, во сервис или друго место каде што се наоѓа возилото.

Потребни документи за пријавување и решавање штета по каско полиса:

  • Пријава на штета – Барање за надомест на штета
  • Сообраќајна дозвола – фотокопија
  • Полиса (или број на полиса) – фотокопија
  • Возачка дозвола на возачот – фотокопија
  • Полномошно за управување – доколку осигуреникот-оштетениот е правно лице или сопственик на возилото е лизинг компанија
  • Лична карта – на увид
  • Трансакциона сметка – копија или наведена во барањето
  • Договор за изнајмување на возилото (доколку осигуреникот е рент-а-кар компанија);
  • Записник за увид на лице место од МВР или Европски Извештај за сообраќајна незгода или Изјава за начинот на случување на штетниот настан (во зависност од видот на штетниот настан) – во оригинал;
  • Изјава за исплата на средства со печат и потпис од овластено лице (за правни лица).
  • Фактурa од сервис за поправено возило и/или потпишан записник за процена на штета
  • Фотографии од лице место на настанот во електронска форма (доколку се направени);
  • Потврда од надлежен орган (за штети од пожар, град, природни непогоди, затајување

Превземи образец за пријава на штета

ПОСТАПКА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ШТЕТИ ПО АВТООДГОВОРНОСТ СКЛУЧЕНИ ВО Р. СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Во случај на настанување штета, истата се пријавува веднаш, односно најдоцна во рок од 3 дена од нејзиното настанување, на образец Барање за надомест на материјална штета по АО.

Доколку во сообраќајната незгода е предизвикана материјална штета, оштетениот е должен да овозможи извид над оштетеното возило од страна на овластени лица на осигурувачот.

Извидот на штета, по правило, се спроведува веднаш, а најдоцна во рок од 2 работни дена (за штети пријавени надвор од централата на Друштвото) по пријава на штетата.
Извидот се врши на определен простор во Друштвото за осигурување, во сервис или друго место каде што се наоѓа оштетеното возило или оштетниот предмет или во и на самиот оштетен објект.

При пријава на штета со Европски извештај неопходно е присуство на двете (или повеќе) возила учесници во сообраќајната незгода при што се прави реконструкција на штетниот настан.

При пријава на штета со записник од МВР, извидот се врши само на оштетеното возило.

Потребни документи за пријавување материјална штета:

  • Барање за надомест на материјална штета – АО
  • Копија или број на полиса од причинителот на штета од Евроинс осигурување АД Скопје
  • Копија на полиса од оштетениот
  • Сообраќајна дозвола – фотокопија, на штетникот и оштетениот (оригинал на увид)
  • Лична карта – на увид, на причинителот на штета и оштетениот
  • Возачка дозвола на возачите – фотокопија, на причинителот на штета и оштетениот
  • Полномошно за управување – доколку осигуреникот-оштетениот е правно лице или сопственик на возилото е лизинг компанија
  • Комплетно поплнет формулар на Европски извештај – во оригинал (се пополнува на лице место на незгодата)
  • Изјави на возачите учесници во незгодата за штетниот настан и нивната вина
  • Трансакциона сметка – копија или наведена во барањето
  • Купупродажен договор заверен на нотар доколку возилото има променето сопственик а не е променета сообраќајната дозвола

Потребни документи за пријавување нематеријална штета:

  • Пријава на штета – Барање за надомест на нематеријална штета
  • Копија или број на полиса од причинителот на штета од Евроинс осигурување АД Скопје
  • Лична карта – на увид
  • Трансакциона сметка – копија или наведена во барањето
  • Записник од МВР – во оригинал (копија може да се достави единствено доколку оригиналот од Записникот е во предметот за материјална штета)
  • Медицинска документација – во оригинал Примерок од записник од МВР

Потребни документи за пријавување нематеријална штета – душевен бол за смрт на блиско лице:

  • Оригинал извод од матична книга на умрените
  • Оригинал Извод од матична книга на родените од оштетените лица кои пријавуваат штета за смрт на блиско лице или извод од матична книга на родени заверен кај нотар
  • Оригинал извод од матична книга на венчаните кога се пријавува за смрт на сопруг/сопруга
  • Фактура за погребни трошоци и за трошоци направени за надгробен споменик

Преземи образец за барање за надомест на материјална штета по АО

Преземи пријава за нематеријална штета.

Преземи пријава за услужна штета.

Известување за околностите под кои се случи сообраќајната незгода

ЗЕЛЕНА КАРТА

Како да постапите во случај на сообраќајна незгода случена во Република Македонија предизвикана од возило со странска регистерска табличка

  • Повикајте полиција
  • Запишете го регистарскиот број на возилото како и типот и марката на истото
  • Побарајте зелена карта од возачот и доколку сте во можност направете копија од истата или фотографијате ја, запишете го датумот на валидност на зелената карта, меѓународните ознаки на земјата каде што е седиштето на Националното Биро за осигурување, кодот на осигурителната компанија која ја издала зелената карта, серискиот број на зелената карта како и регистарскиот број на моторното возило или бројот на шасија
  • За понатамошни постапки контактирајте го Националното Биро за Осигурување кое ќе ве упати на осигурителната компанија во Македонија која е коресподент за обработка на вашата штета или ќе даде овластување за обработка на штетата на некоја од осигурителните компании во Република Македонија

Како да постапите во случај на сообраќајна незгода случена во странство а предизвикана по ваша вина

  • Повикајте полиција
  • Разменете податоци за осигурување на возилата учесници во сообраќајната незгода
  • Доколку ви е понуден Европски извештај за незгода, пополнете го. Овој образец е со унифицирана содржина во сите европски земји, па македонскиот примерок ќе Ви биде водич како да го пополните
  • Веднаш по пристигнување во Република Македонија известете ги надлежните служби во Евроинс Осигурување за предизвиканата сообракајна незгода

Како да постапите во случај на сообраќајна незгода случена во странство а предизвикана по вина на странското возило

  • Повикајте полиција
  • Разменете податоци за осигурување на возилата учесници во сообраќајната незгода
  • Доколку ви е понуден европски извештај за незгода, пополнете го. Овој образец е со унифицирана содржина во сите европски земји
  • Контактирајте го Националното Биро за Осигурување во земјата во која е настаната сообраќајната незгода. Адресата и телефонот за контакт на Бироата на земјите членки на Системот ЗК се наоѓаат на задната страна на вашата зелена карта. Наведете го типот и обемот на оштетување и задолжително побарајте понатамошни насоки за пријавување на вашата штета

Исклучоци

  • Во следните исклучоци ќе се смета дека постои валидно осигурување на странските возила во смисла на осигурување од ЗК (врз основа на Билатерални и Мултилатерални спогодби склучени помеѓу Бироата)
  • За возила со регистарски ознаки од Словенија и Унгарија
  • За возила кои доаѓаат од Република Грција со Зелена карта во која ја нема наведено меѓународна кратенка на Република Македонија – МК
  • Возила од Косово со полиси ТПЛ Косово плус
ПОСТАПКА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ШТЕТИ ПО ОСИГУРУВАЊЕ ОД НЕЗГОДА

Во случај на настанување несреќен случај, пријавувањето на штетата на образецот Пријава на штета од незгода и потребната документација за решавање на штетата, се врши по завршеното лекување на осигуреникот, но најмалку 3 месеци по денот на штетниот настан.

Образецот “Пријава на штета од незгода” се потпишува и заверува со печат од страна на договарачот на осигурувањето (работодавач, училиште, факултет, детска градинка, спортски клуб).

Оригинален примерок од образецот “Пријава на штета од незгода” и оригинален примерок од потребната документација, се доставуваат до Друштвото.

Потребна документација – општо:

  • Пријава на штета / Барање за надомест на штета
  • Полиса (освен за колективно осигурување на работници/ ученици/ студенти)
  • Кај колективно осигурување од незгода – архивски заверена Потврда за платена премија (дека работникот/ученикот/студентот е осигурен од незгода) (Превземи образец – ученици, студенти / Превземи образец – вработени)
  • Лична карта – на увид
  • Лекарска документација во оригинал
  • Трансакциона сметка – копија

Дополнителна документација:
Кај полисите за осигурување незгода, странката треба да достави дополнителна документација до ДЛШР. Во зависност од видот на склученото осигурување потребна е следната дополнителна документација:

Смрт од болест

  • Потврда за смртта и лекарски извештај за причините за смртта
  • Извод од матична книга на умрени на осигуреникот во оригинал; Извод од матична книга на умрени на член од потесното семејството (доколку има некој починато)
  • Извод од матична книга на родени за децата
  • Решение за старателство (доколку корисникот е малолетен)
  • Изјава на наследниците/корисниците, нотарски заверена за префрлање на правото за надомест на едно лице – по желба на корисниците (Превземи образец)

Смрт од несреќен случај

  • Записник од МВР во оригинал
  • Потврда за смртта и лекарски извештај за причините за смртта
  • Обдукциски наод
  • Извод од матична книга на умрени на осигуреникот во оригинал
  • Изјава на наследниците/корисниците, нотарски заверена за префрлање на правото за надомест на едно лице – по желба на корисниците (Превземи образец)

Повреда
(ако во полисата се опфатени само трите основни ризици, не се бараат документи за боледување и трошоци за лекување)

  • Целокупна медицинска документација – прв лекарски наод по повредата и сите контролни прегледи (отпусни листи, специјалистички и рентгенски извештаи, рентгенски снимки и сл.) – во оригинал
  • Сите боледувања:
    • од матичен лекар – Извештај за привремена спреченост за работа во оригинал
    • од Комисија – Оценка за привремена спреченост за работа (боледување) од 16-60 дена и над 60 дена – во оригинал
  • Сметки за нужни трошоци за лекување (исклучиво оригинал со печат, датум, име и презиме и амбулантен број и фискалана сметка
  • Пријава за несреќа на работа (повредна листа) со Мислење од Фондот за здравствено осигурување
  • Доколку Пријавата за несреќа на работа не е изготвена на време, потребен е Записник за настаната повреда изработен од Компанијата каде е вработено, или Записник од инспекција на труд
  • Записник од МВР (во случај на физички напад, сообраќајна несреќа, повреда со оружје и сл.) – во оригинал
  • За боледување на ученик потребно е:
    • Лекарска потврда од матичен лекар за должината на боледувањето – во оригинал
    • Доколку матичниот лекар не дал потврда треба Потврда од класен раководител за должината на отсуствувањето(на лист со печат од училиштето)
  • Ако повредата настанала на спортски натпревар или тренинг потребна е Потврда од клубот (на нивен меморандум) со опис на настанот
  • Копија од возачка и сообраќајна дозвола ако штетата е настаната при сообраќајна незгода

Превземи образец за пријава на штета од незгода

Превземи образец за пријава на штета од незгода – осигурување на штедачи иматели на трансакциска сметка

Превземи образец Потврда за платена премија за ученици-студенти

Превземи образец Потврда за платена премија – вработени

Превземи образец Изјава на корисниците на осигурувањето за префрлање на право на надомест за штета

ПОСТАПКА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ШТЕТИ ПО ОСИГУРУВАЊЕ ИМОТ

Во случај на штета, истата се пријавува веднаш, односно најдоцна во рок од 3 дена од нејзиното настанување на образец “пријава на штета”.

Кога ќе настане осигурен случај, до доаѓање на овластен преставник на осигурувачот , осигуреникот е должен:

  • Веднаш да преземе сè што е во негова можност за да ги ограничи неговите штетни последици и при тоа да се придржува кон упатствата што му ги дал осигурувачот или негов претставник
  • Во сите случаи предвидени со посебни прописи, а особено кога штетата е предизвикана од пожар, кражба, провална кражба, разбојништво и сообраќајна незгода, да го пријави случајот на надлежниот орган за внатрешни работи, да наведе кои предмети се уништени, односно оштетени или се исчезнати при настанувањето на осигурениот случај
  • Веднаш по настанувањето на осигурениот случај, ако тоа е можно, односно кога тоа приликите го дозволуваат, на осигурувачот да му достави попис на уништените, односно оштетените предмети со приближно назначување на нивната вредност
  • До доаѓањето на претставникот на осигурувачот на самото место, да не се менува состојбата на оштетените, односно уништените предмети, освен ако промената е потребна во јавен интерес или поради намалување на штетата, односно поради продолжување со нормално производство
  • Договарачот на осигурувањето односно осигуреникот е должен, независно од рокот во кој ја поднел пријавата на штетата, на претставникот на осигурувачот да му ги даде сите потребни податоци и други докази потребни за утврдување на причината, обемот и висината на штетата
  • Извидот на штета се спроведува по правило веднаш по пријавување на случајот, или во термин договорен со проценителот овластен од Друштвото

Потребни основни документи за пријавување на штетата се:

Пожар и некои други опасности

  • Пријава на штета
  • Полиса (или број на полиса) – фотокопија
  • Документ за лична идентификација (за физички лица) – на увид
  • Записник од противпожарна служба – во оригинал
  • Записник од МВР/по потреба – во оригинал
  • Трансакциона сметка – копија или наведена во барањето

Кршење машини

  • Пријава на штета
  • Полиса (или број на полиса) – фотокопија
  • Документ за лична идентификација (за физички лица) – на увид
  • Записник од МВР/по потреба во оригинал
  • Трансакциона сметка – копија или наведена во барањето

Провална кражба и разбојништво

  • Пријава на штета
  • Полиса (или број на полиса) – фотокопија
  • Документ за лична идентификација (за физички лица) – на увид
  • Записник од МВР/по потреба во оригинал
  • Трансакциона сметка – копија или наведена во барањето
  • Изјава од првото лице кое ја забележало кражбата

Домаќинство

  • Пријава на штета
  • Полиса (или број на полиса) – фотокопија
  • Документ за лична идентификација (за физички лица) – на увид
  • Записник од МВР/по потреба во оригинал
  • Трансакциона сметка – копија или наведена во барањето

Објекти во градба/монтажа

  • Пријава на штета
  • Полиса (или број на полиса) – фотокопија
  • Документ за лична идентификација (за физички лица) – на увид
  • Записник од МВР/по потреба во оригинал
  • Трансакциона сметка – копија или наведена во барањето

Комбинирано осигурување на електронска опрема

  • Пријава на штета
  • Полиса (или број на полиса) – фотокопија
  • Документ за лична идентификација (за физички лица) – на увид
  • Записник од МВР/по потреба во оригинал
  • Трансакциона сметка – копија или наведена во барањето

Стока во ладилници

  • Пријава на штета
  • Полиса (или број на полиса) – фотокопија
  • Документ за лична идентификација (за физички лица) – на увид
  • Записник од МВР/по потреба во оригинал
  • Трансакциона сметка – копија или наведена во барањето

Превземи образец за пријава на штета од пожар и некои други опасности

Превземи образец за пријава на штета на машини, машински справи, инсталации и апарати

Превземи образец за пријава на штета пријава за прекин на работа од ризик крш машини, машински справи, инсталации и апарати

Превземи образец за пријава на штета од провална кражба и разбојништво

Превземи образец за пријава на штета домаќинско осигурување

Превземи образец за пријава на штета на стакло од кршење 

Превземи образец изјава ИМОТ/ДОМАЌИНСКО

Превземи образец изјава КРШ МАШИНИ

ПОСТАПКА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ШТЕТИ ОД ОПШТА ОДГOВОРНОСТ

Во случај на штета, истата се пријавува веднаш, односно најдоцна во рок од 3 дена од нејзиното настанување на образец Пријава на штета од одговорност од дејност, на еден од начините наведени во делот Општа постапка за пријава на штети.

Без претходна согласност на осигурувачот, осигуреникот не е овластен да се изјаснува за барањето за надомест на штета, ниту да го признава, ниту пак за барањето за надомест на штетата да склучи спогодба, ниту да изврши исплата.

Ако оштетениот поднесе тужба за надомест на штета против осигуреникот, осигуреникот е должен да му достави на осигурувачот судска покана односно тужба и сите писма во врска со штетниот настан и со барањето за надомест на штета,како и водењето на спорот да му го препушти на осигурувачот.

Во случај оштетениот со барањето за надомест на штета непосредно да му се обрати на осигурувачот, осигуреникот е должен на осигурувачот да му ги даде сите докази и податоци со кои располага, а кои се неопходни за утврдување на одговорноста за причинетата штета и за оцена на основаноста на барањето, обемот и висината на штетата.

Доколку осигуреникот не се придржува кон обврските, ќе ги сноси штетните последици што настануваат при тоа, освен ако тие би настанале и кога би се придржувал на обврските.

Потребни документи за пријава:

  • Пријава на штета
  • Број на полиса (необврзно) – фотокопија
  • Трансакциона сметка – копија или наведена во барањето

Превземи образец за пријава на штета од одговорност од дејност

Превземи образец изјава КАРГО/ЦМР/ОДГОВОРНОСТИ

ПОСТАПКА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ШТЕТИ ПО ПОЛИСИ ЗА ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ

Во случај на потреба од услуги од здравствено осигурување и друга помош, пријава се врши во Europe Assistance на телефон(+381 114112200) или маил (operationsr@europ-assistance.hu) наведени на задната страна од Вашето патничко осигурување, или пак на маил steti@euroins.com.mk или телефон директно во централата на друштвото +389(0)25511563.

Потребни документи за пријавување:

  • Пријава на штета / Барање за надомест на штета
  • Полиса
  • Пасош – фотокопија од сите страници
  • Лекарска документација во оригинал
  • Фактура/и
  • Трансакциона сметка – копија на банкарска картичка
  • Авиокарти (доколку се работи за доцнење на багаж)
  • Извештај за доцнење багаж или лет
  • Потврда за примање на багаж
  • Записник од МВР (доколку се работи за кражба на багаж)

Превземи образец за пријава на штета од патничко осигурување

ПОСТАПКА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ШТЕТИ ПО ТРАНСПОРТНО ОСИГУРУВАЊЕ

Во случај на штета, истата се пријавува веднаш, односно најдоцна во рок од 3 дена од нејзиното настанување на образец Пријава на транспортна штета, на еден од начините наведени во делот Општа постапка за пријава на штети.

Кога ќе настане осигурен случај до доаѓање на овластен преставник на осигурувачот, осигуреникот е должен:

  • Веднаш да преземе сè што е во негова можност за да ги ограничи неговите штетни последици и при тоа да се придржува кон упатствата што му ги дал осигурувачот или негов претставник
  • Во сите случаи предвидени со посебни прописи, а особено кога штетата е предизвикана од пожар, кражба, провална кражба, разбојништво и сообраќајна незгода, да го пријави случајот на надлежниот орган за внатрешни работи, да наведе кои предмети се уништени, односно оштетени или се исчезнати при настанувањето на осигурениот случај
  • Веднаш по настанувањето на осигурениот случај, ако тоа е можно, односно кога тоа приликите го дозволуваат, на осигурувачот да му достави попис на уништените, односно оштетените предмети со приближно назначување на нивната вредност
  • До доаѓањето на претставникот на осигурувачот на самото место, да не се менува состојбата на оштетените, односно уништените предмети, освен ако промената е потребна во јавен интерес или поради намалување на штетата, односно поради продолжување со нормално производство
  • Договарачот на осигурувањето односно осигуреникот е должен, независно од рокот во кој ја поднел пријавата на штетата, на претставникот на осигурувачот да му ги даде сите потребни податоци и други докази потребни за утврдување на причината, обемот и висината на штетата

Извидот на штета се спроведува по правило веднаш по пријавување на случајот, или во термин договорен со проценителот овластен од Друштвото.

Потребни основни документи за пријавување на штетата се:

  • Пријава на штета во транспорт
  • Пријава по телефон, факс, телеграма, и по пошта
  • Полиса, оригинал кај поединечни осигурувања, или број на генерална полиса
  • Записник за процена на штетата или извештај на хавариски комесар
  • Записник за оштетување, односно кусок на транспортирана роба
  • Фактурна вредност на пратката, со целокупна документација, во оригинал
  • Товарен лист или коносман во оригинал
  • Царинска декларација, во оригинал
  • Изјава на возачот
  • Договор за превоз со превозникот
  • Записници од полиција за штети од кражба, и сообраќајна незгода – во оригинал
  • Уверенија од санитарни, ветеринарни органи или паталози за прехрамбена стока
  • Извештај за натовар и истовар и драјф цертификат за ринфузни пратки
  • Документ дека е направена процена на штета/платена процена
  • Трансакциона сметка – копија или наведена во барањето
  • Превод на документите

Превземи образец за пријава на транспортна штета

Превземи образец изјава КАРГО/ЦМР/ОДГОВОРНОСТИ

ПОСТАПКА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ШТЕТИ ПО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

ПОСТАПКА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ШТЕТИ ПО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

Осигуреникот/корисникот на осигурување кој има потреба да користи здравствени услуги опфатени со Полиса за приватно здравствено осигурување треба претходно да го најави користењето на здравствените услуги на следниот е-маил: EUROHEALTH@euroins.com.mk. Обврската за претходно најавување не важи единствено доколку се работи за итен случај, во кој случај осигуреникот/корисникот на осигурување или негово блиско лице е должен истата да ја најави во рок од 24 часа од користењето на услугите.

По извршување на здравствените услуги, осигуреникот/корисникот на осигурување има право во рок од 90 (деведесет) дена од денот на добиените здравствени услуги да поднесе до осигурувачот барање за поврат на исплатените трошоци, односно Пријава на штета.

Пријавата на штета (задолжително потпишана од осигуреникот) се доставува во писмена форма лично во просториите на осигурувачот, по пошта на адреса: Бул.8-ми Септември бр.19А, 1000 Скопје – Карпош, или по електронска пошта на следниот е-маил: steti@euroins.com.mk. Доколку штетата е пријавена по електронска пошта, оригиналните документи дополнително се доставуваат во друштвото лично од корисникот на осигурување или друго лице или се испраќаат по пошта.

Кон пријавата за штета задолжително се приложуваат следните документи:

  • Медицинска документација
  • Фактури и фискални сметки
  • Копија од трансакциска сметка на осигуреникот/корисникот на осигурување.

Видот на медицинската документација зависи од природата на осигурениот случај, а истата е подетално дефинирана во член 16 од Општите услови за доброволно здравствено осигурување, односно член 21 од Посебните услови за EUROHEALTH пакет за приватно здравствено осиугурување.

Осигурувачот го задржува правото во случај на потреба да ја побара документацијата од штетата и во оригинал.

 

 

Превземи образец за пријава на штета

Превземи образец за Гаранција