ОСТАНЕТЕ ДОМА! Насоки за Домаќинства со Можна Инфекција од Коронавирусот (COVID-19)
Во периодот кој следи, од исклучителна важност е да ги почитувате препораките на СЗО и мерките на Министерството за Здравство, без разлика дали ги чувствувате симптомите на коронавирусот, или не.
Овие насоки се наменети за:
- Лица со можни симптоми кои можат да бидат предизвикани од коронавирусот, а не бараат болничко лекување,
- Лица кои мора да останат дома сè додека не бидат во добра состојба
- Лица кои живеат со некој кој покажува симптоми што можат да бидат предизвикани од коронавирусот.
Главните препораки кои овие лица мора да ги почитуваат се:
- Ако живеете сами и покажувате симптоми на корона вирус COVID-19, колку и да се симптомите благи, останете дома 7 дена од кога започнале вашите симптоми.
- Aко живеете со други и вие или еден од луѓето до вас имате симптоми на коронавирусот, тогаш сите членови на домаќинството мора да останат дома и да не ја напуштаат куќата 14 дена. 14-дневниот период започнува од денот кога првиот човек во куќата се разболел.
- Многу веројатно е дека луѓето кои живеат во домаќинството ќе се заразат едни со други или веќе ќе бидат заразени. Морате да останете дома 14 дена и тоа во голема мерка ќе го намали вкупното количество на инфекција што домаќинството може да го пренесе на другите членови во семејството.
- Секој во домаќинството што почнува да покажува симптоми, треба да остане дома во самоизолација 7 дена од кога се појавиле симптомите, без оглед на тоа во кој ден од првичниот период на изолација од 14 дена се појавиле истите.
- Ако можете, преместете ги ранливите лица (постарите лица и оние со хронични здравствени состојби) надвор од домот во посебна просторија, за да останете со остатокот од семејството за време на периодот на изолација на домот. Ако не можете да ги оддалечите ранливите лица надвор од вашиот дом, држете се подалеку од нив колку што е можно повеќе.
- Ако имате симптоми на коронавирус: Не одете директно на лекар, во аптека или во болница; Тестирајте се за коронавирус и ако е потребно останете во вашиот дом; Замолете го вашиот работодавец или пријателите да ви помогнат да ги добиете сите потребни намирници за да останете дома.
- Редовно мијте ги рацете со времетраење од миминум 20 секунди, секој пат користејќи сапун и вода или користете санитарно средство за раце.
- Немојте никако да го допирате лицето
Ако сметате дека не можете да се справите со симптомите дома, или вашата состојба се влошува, или вашите симптоми не се подобрат по неколку дена, тогаш јаветe се на регионалниот Центар за Јавно Здравје, или на службата „Ало Докторе“:
- ЦЈЗ Битола 071 261 330
- ЦЈЗ Велес 071 219 278
- ПЕ Гевгелија 078 545 444
- ЦЈЗ Кочани 071 373 913
- ЦЈЗ Куманово 070 215 851
- ЦЈЗ Охрид 070 723 029
- ЦЈЗ Прилеп 076 475 747
- ЦЈЗ Скопје 071 289 614
- ЦЈЗ Струмица 072 235 543
- ЦЈЗ Тетово 075 240 464
- ПЕ Гостивар 076 365 161
- ЦЈЗ Штип 078 365 613
- ИЈЗ Скопје 078 387 194
- ЗД “Ало докторе” 02/15 123