ЕВРОКАСКО

evrokasko

Опис на продуктот

  1. Едногодишна каско полиса за патнички возила кои се во сопственост на физички лица со АО полиса од Евроинс
  2. Најевтин производ на пазарот по цена од 300 ден (5 евра) за годишна полиса
  3. Покрива штета во вредност до 12.300 ден (200 евра).
  4. Може да се набави исклучиво во агенциите на Евроинс
  5. Важи на цела територија на Р. Македонија

Покриени ризици:

  1. Собраќајна незгода која се случила на возило во процес на движење, односно експлоатација на истото и во која учествуваат најмалку две возила и на истите е причинета материјална штета и за која е изготвен Европски извештај од страна на учесниците во незгодата во согласност со одредбите од ЗБСП или е сочинет записник за извид на лице место од надлежната служба на МВР.
  2. Максималниот износ на осигурително покритие за цел период на осигурување изнесува 12.300,00 ден. (200 Евра)
  3. Осигурително покритие важи под услови, возилото да се наоѓа во владение и да се управува од ОСИГУРЕНИКОТ, лица блиски на осигуреникот или лица кои се ополномоштени или се законски претставници на ОСИГУРЕНИКОТ.

Исклучени ризици

  1. Нерегистрирани возила
  2. Кршење на стаклата на возилото од било која причина
  3. Управувањето на возило исклучено од сообраќај согласно законската регулатива
  4. Учество на возилото во секаков вид на натпревари, тренинзи, испитувања и др.
  5. Ненаменско користење на возилото во согласност со одредбите од ЗБСП и Законот за Возила
  6. Исценирање на осигурен настан

Превземи .pdf