ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје претставува друштво за осигурување со долги години успешно работење на македонскиот осигурителен пазар, врши повик за работа за следната работна позиција со утврден профил на кадар:

АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА НА ОСИГУРУВАЊЕ

 

ВО ЕКСПОЗИТУРА НА ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје

КАВАДАРЦИ, НЕГОТИНО, ГОСТИВАР И СТРУГА

 

 

ОПИС НА РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Изготвување на полиси за осигурување и фактури по издадени полиси за осигурување;
  • Следење обнова на осигурувањата и наплатата на премија за осигурување;
  • Задолжување со полиси и раздолжување на изготвени полиси;
  • Административни работи во областа на продажба на осигурување.

 

НУДИМЕ:

  • Полно работно време од 40 часа, од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот;
  • Плата во согласност со квалификациите и природата на работата;
  • Работа во динамична, развојна и пријатна средина;
  • Можности за развивање и континуирано персонално усовршување;
  • Работно место во експозитурите на Друштвото во Кавадарци, Неготино, Гостивар и Струга.

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ, ИСКУСТВО И ОБРАЗОВАНИЕ:

  • Средно или високо образование;
  • За предност ќе се смета работно искуство во друштво за осигурување, друштво за застапување во осигурување или осигурително брокерско друштво;
  • Владеење на англиски јазик на работно ниво;
  • Аналитичен пристап кон решавање на доделените задачи;
  • Самоиницијативност, посветеност, претпазливост, одговорност;
  • Комуникациски способности, способност за тимска работа.

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија на македонски јазик на следната e-mail адреса: hr@euroins.com.mk, со назнака дека аплицирате за конкретното работно место, не подоцна од 20.03.2024 година.

Вашите документи за аплицирање треба јасно да покажат зошто токму Вие одговарате за позицијата за која аплицирате.

Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и пропратните документи да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.

Само кандидати кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани на интервју.

Recommended Posts