ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје претставува друштво за осигурување со долги години успешно работење на македонскиот осигурителен пазар, врши повик за работа за следната работна позиција:

 

ЕКСПЕРТ ЗА ЛИКВИДАЦИЈА НА ШТЕТИ – ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

 

Општ опис на работата:

Решавање и ликвидација на барања за надомест на штети од доброволно здравствено осигурување.

 

Работни задачи и одговорности:

  • Утврдување на основ по барање за надомест на штета од доброволно здравствено осигурување;
  • Утврдување на осигурителното покритие и висина на настаната штета во согласност со полисата за осигурување и условите за осигурување на осигурувачот;
  • Проверка, комплетирање и решавање (ликвидација) на пријавени штети по доставена документација;
  • Ликвидација на оштетни побарувања во информатичкиот систем на друштвото;
  • Комуникација и соработка со доктор цензор во постапката за решавање на штети;
  • Комуникација и соработка со здравствени установи со кои друштвото има склучено договор за соработка;
  • Комуникација со оштетени лица и трети лица во врска со обработка на предметите за надомест на штета од доброволно здравствено осигурување;
  • Вршење на други сродни работни задачи.

 

Нудиме:

  • Вработување на определено времетраење, со можност за продолжување на договорот за вработување;
  • Полно работно време од 40 часа, од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот;
  • Работа во Генералната дирекција на Друштвото во Скопје;
  • Работа во динамично опкружување и пријатна средина, со можност за  професионален развој и надоградба, како и одлични услови за работа со амбициозен и професионален тим.

 

Потребни квалификации и способности:

  • Завршено високо образование;
  • Исклучителни комуникациски вештини;
  • Способност за брзо и ефикасно решавање на проблеми во врска со обработка на штети;
  • Солидно познавање на англиски јазик на работно ниво и работа со компјутери;
  • Способност за тимска работа;
  • Аналитичен пристап кон решавање на доделените задачи;
  • Целосна посветеност на работните задачи;
  • Висока работна етика, организираност и одговорност;
  • Работно искуство во областа на надомест на штети, особено штети од здравствено осигурување/нематеријални штети/штети од несреќен случај-незгода, ќе се смета за предност.

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија на македонски јазик на следната e-mail адреса: hr@euroins.com.mk со назнака дека аплицирате за конкретното работно место, не подоцна од 28.09.2023 година. Вашите документи за аплицирање треба јасно да покажат зошто токму Вие одговарате за позицијата за која аплицирате.

Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и пропратните документи да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на личните податоци(*).

Нaпомена:  Само одбраните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

Recommended Posts