4 Совети за Возење на Влажни и Подмрзнати Патишта
Повеќето автомобилски несреќи во зима и рана пролет се предизвикани од преголема брзина и неодржување на доволно растојание помеѓу возилата. Понекогаш кога возиме во услови на голомразица, забораваме дека е потребно подолго време за возилото за закочи.
Следниве четири совети ќе ви помогнат да се подготвите за возење на подмрзнати и лизгави патишта.
1. Внимавајте на Брзината
Ограничувањата на брзината не постојат за да не ги почитувате. Самата граница ја претставува максималната брзина со која е дозволено да патувате. Кога условите на патот не се идеални (снег, каша, или мраз), потребно е да:
- Приспособете ја брзината на условите на патот и успорете.
- Возете со брзина која можете да ја контролирате.
- Немојте да го употребувате темпоматот.
- Бидете внимателни кога ќе се приближите до машини за одржување на патот, и не претекнувајте од десно.
2. Оставете Простор
Да го застанете возилото во услови на мраз и снег е трипати потешко отколку на сув пат, а 12 пати потешко е самото возење. Затоа треба да внимавате на просторот помеѓу вашето и возилото пред вас. Пробајте:
- Внимателно да го гледате возилото пред вас.
- Доколку возилото пред вас не помине одреден знак барем 3 секунди пред вие да го сторите истото, успорете и зголемете го растојанието.
3. Закочете Правилно
Кога кочете во подмрзнати услови, секогаш:
- Оставете простор пред вас од барем едно возило за да можете да закочите на време.
- Бидете особено внимателни со просторот при возење во угорница и удолница.
4. Пред да Тргнете
Пред да почнете со возење во зима, секогаш е паметно добро да се подготвите:
- Облечете се соодветно, дури и да возите на кратко растојание.
- Добро исчистете ги стаклата за да имате појасна видливост на патот и останатите возила.
- Секогаш имајте полн резервоар. Полупразен резервоар секогаш носи поголем ризик од замрзнување, а и од снемување на гориво доколку се случи нешто на патот.
Имајте на ум дека секое возење во зима ќе претставува предизвик, дури и за искусни зад воланот. Подгответе го вашето возило, возете внимателно и останете свесни за сите услови на патот. Штетата поврзана со временските услови често се појавува во најстудените месеци. Затоа, потполното КАСКО осигурување е клучно, и е една од оние работи за кои треба да се размислува пред време.