ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје претставува друштво за осигурување со долги години успешно работење на македонскиот осигурителен пазар и партнер на своите клиенти.
Поради проширување на нашиот тим, имаме потреба од:
ОВЛАСТЕН АКТУАР
ОПИС НА РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
Овластениот актуар е должен да ги извршува работните обврски предвидени во Законот за супервизија на осигурување и подзаконската регулатива, а особено:
- да ја проверува усогласеноста на податоците во годишните сметки кај друштвото за осигурување со осигурителните сметководствени стандарди, како и правилноста на пресметките во годишните сметки во однос на формирањето на техничките резерви и другите резерви на друштвото за осигурување.
- да проверува дали премиите и техничките резерви се пресметани во согласност со одредбите на Законот за супервизија на осигурување, како и дали истите се пресметани и издвоени на начин кој ќе овозможи долгорочно исполнување на обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување од страна на друштвото за осигурување;
- Изработка на законски пропишани месечни и квартални извештаи и изработка на актуарски извештаи;
- Изработка и верификација на пресметки за технички резерви;
- Развивање и ревизија на осигурителни производи, тарифни модели, пакети за осигурителни производи и услови за осигурување на Друштвото;
- Подготовка на профитабилност по производ на Друштвото;
- Анализа и проценка на осигурителни и актуарски ризици;
- Подготовка на извештаи според IFRS 17;
- Следење на регулативи и препораки од Агенцијата за супервизија на осигурување;
- Следење и анализирање на остварувањето на осигурителниот пазар во земјата.
- Соработка со другите организациони единици на Друштвото.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ, ИСКУСТВО И ОБРАЗОВАНИЕ:
- Дозвола за работа како овластен актуар од Агенцијата за супервизија на осигурување;
- Високо стручно образование од областа на (ПМФ-математика, ФЕИТ/МФС/ФИНКИ, Факултет за осигурување, Економски факултет или сродни науки, 240 кредити);
- Одлично познавање на MS Office (Excel, Word, Power Point), Internet;
- Познавање на законската и подзаконската регулатива од областа на осигурување;
- Добро владеење на англиски јазик на работно ниво;
- Аналитичен пристап кон решавање на доделените задачи;
- Прецизност, аналитички пристап и способност за самостојно донесување одлуки;
- Самоиницијативност, истрајност, лојалност и доверливост;
- Комуникациски способности, способност за тимска работа.
НУДИМЕ:
- Вработување на полно работно време, од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот;
- Конкурентна плата, во зависност од искуството на апликантот;
- Одлична можност за професионален развој, обука и стручна надградба во рамките на Друштвото и Групацијата;
- Работа во стабилно друштво за осигурување, со позитивна, динамична, модерна и пријатна средина;
- Работно место во седиштето на Друштвото во Скопје.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА:
- CV – Лична биографија.
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија на македонски јазик на следната e-mail адреса: hr@euroins.com.mk со назнака дека аплицирате за конкретното работно место, не подоцна од 20.02.2026 година.
Вашите документи за аплицирање треба јасно да покажат зошто токму Вие одговарате за позицијата за која аплицирате.
Оние кандидати чии квалификации ги исполнуваат барањата и потребите на компанијата, телефонски или по електроски пат ќе бидат повикани на разговор.
Со испраќање на апликација за вработување, апликантот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и пропратните документи да се користат за намена на предметниот Оглас за вработување и да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на личните податоци(*).
