Осигурувањето од автомобилска одговорност е задолжително осигурување согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот. Со ова осигурување се покрива одговорноста на сопственикот за штети причинети на трети лица кои за последица може да имаат смрт, повреда, нарушување на здравјето, оштетување и уништување на предмети. Цената за осигурувањето од АО ја утврдува Комисија за автоодговорност при Владата на Република Северна Македонија.
Дополнително со полисата за осигурување од автоодговорност може да се склучат:
- Зелена карта – осигурување од АО за штети предизвикани на трети лица во странство
- Осигурување на возачот и патниците од последици на несреќен случај (незгода)
- Делумно каско осигурување на стакла