Eurohold доби одобрение од Регулаторната Комисија за Енергетика и Водостопанство за преземање на филијалите на Групацијата CEZ во Бугарија  

Софија, 19 јануари 2021 год. – Eurohold од Бугарија, сопственик на мнозинскиот акционер на една од водечките компании за осигурување во С.Македонија, ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, доби одобрение од Регулаторната Комисија за Енергетика и Водостопанство од Бугарија за преземање на филијалите на Чешката Компанија за Енергетика на Групацијата CEZ во Бугарија.

На овој начин, Eurohold ги доби сите потребни одобренија од надлежните органи во Бугарија за спроведување на преземањето. Зделката е одобрена од Бугарската Комисија за заштита на конкуренцијата на 29 октомври 2020 година.

Следната фаза во процесот на преземање ќе биде потпишување на договорите за финансирање и трансферот на акциите. Eurohold ќе го финансира преземањето со комбинација на сопствен капитал и позајмен капитал обезбеден од водечките глобални инвестициски банки.

“Добивме одобренија од Бугарските регулаторни органи за антимонополска управа и енергетика, и веќе можеме да пристапиме кон финансирање и реализирање на зделката. Имаме поддршка од глобални инвестициски банки со солидно искуство во обезбедување на финансирање за такви трговски зделки. По завршување на преземањето, нашиот стремеж е да станеме водечки регионален обезбедувач на услуги во осигурувањето и сервисните дејности“, изјави Васил Стефанов, Директор за спојувањa и преземања во Eurohold Бугарија.

Eurohold ќе го стекне бизнисот на Групацијата CEZ во Бугарија преку својата филијала посебно формирана и лоцирана во Холандија – Еastern European Electric Company B.V. (EEEC). Зделката вклучува преземање на вкупно седум филијали на Групацијата CEZ во Бугарија (вклучително и 67% од најголемата електрана за Дистрибуција на CEZ  и најголемиот снабдувач на енергија CEZ Electro од Бугарија), 100% од акциите на најголемиот лиценциран трговец со електрична енергија во Бугарија CEZ Trade како и 100% од CEZ Bulgaria – компанија која ги координира и менаџира сите филијали на Групацијата CEZ во Бугарија.

CEZ е наголем енергетски снабдувач и дистрибутер на електрична енергија во Бугарија, кој опслужува околу 3 милиони клиенти во најнаселениот југозападен дел на земјата, вклучувајќи го и главниот град на Бугарија, Софија. Во 2019 CEZ Бугарија прикажале вкупни приходи и средства од БГН 1.4 милијарди (700 милиони ЕУР). Компанијата има над 3000 вработени во Бугарија.

Со стекнувањето на бизнисот на Групацијата CEZ во Бугарија, Eurohold ќе се фокусира на два главни сектори долгорочно – осигурување и енергетика. Вкупните средства и приходи на холдингот во делот на осигурувањето и енергетиката ќе ја надминат вредноста од БГН 3 милијарди (1.5 милијарди ЕУР), притоа опслужувајќи повеќе од 7 милиони клиенти и вработувајќи над 6000 лица.

Eurohold Bulgaria AD

Eurohold Бугарија е водечка независна деловна групација во регионот на  CEE/SEE/CIS  и најголема јавна холдинг компанија во Бугарија. Работи во полето на осигурување, лизинг, продавање на моторни возила, менаџирање со средства и услуги за инвестирање. Eurohold се котира на BSE и WSE. Eurohold е сопственик на Евроинс Иншуранс Груп (ЕИГ) (Euroins Insurance Group (EIG)), една од најголемите независни групации за осигурување во регионот на CEE/SEE/CIS, која работи во 11 земји и поседува филијали во Бугарија, Романија, С.Македонија, Украина, Грузија, Русија и Белорусија. EIG исто така работи и во Грција и Полска, а има воспоставени бизнис операции во осигурување во Шпанија и Италија. Во моментот Групацијата за осигурување има повеќе од 4 милиони клиенти и над 3000 вработени лица.  

www.eurohold.bg   www.eig.bg

Recommended Posts