ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ
ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ
Во случај на потреба од услуги од здравствено осигурување или друга помош, пријавата се врши веднаш преку Центарот за помош на CORIS ASSISTANCE кој овозможува 24 часовна подршка на следниот телефонски број: +381 11 3636903 или нa следниот маил: corismk@coris.rs наведен на задната страна од полисата за патничко осигурување, или пак на маил: steti@euroins.com.mk.
Повикот кон центарот за помош на CORIS ASSISTANCE се наплаќа согласно важечките тарифи за роаминг услуги на мобилниот оператор. Доколку постојат причини независни од Вас, што го спречуваат неодложното јавување (поради природата на разболувањето или повредата), потребно е Вие или Ваш претставник, по престанувањето на причината веднаш или најдоцна до 24 часа од настанување на случајот да го информирате ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје или CORIS ASSISTANCE.
Доколку без наше одобрение искористите здравствена услуга, трошоците ќе Ви ги надоместиме најмногу до износ од 150 Евра во денарска противвредност.
Опис на продуктот
Евроинс Осигурување во соработка со асистенстската мрежа со светско реноме CORIS ASSISTANCE на своите осигуреници со патничко осигурување им ги обезбедува следните услуги и покритиа при патување и престој во странство во зависност од типот на осигурителната полиса :
- здравствена осигурување и асистенција;
- осигурување од незгода;
- осигурување на багаж и патни документи;
- правна помош и осигурување на правна заштита;
- дополнително осигурување од одговорност кон трети лица;
- дополнително осигурување од откажување и/или одложување на патување;
- дополнително осигурување при школување или постојана/привремена работа во странство;
- дополнително осигурување од спортска незгода.