Skip to content

ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ

ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ

Во случај на потреба од услуги од здравствено осигурување или друга помош, пријавата се врши веднаш преку Центарот за помош на EUROP ASSISTANCE кој овозможува 24 часовна подршка на следниот телефонски број: +381 11 411 22 00 или на некој од следните маилови: operationsr@europ-assistance.hu или operationmk@europ-assistance.hu наведени на задната страна од полисата за патничко осигурување, или пак на маил: steti@euroins.com.mk.

Повикот кон центарот за помош на EUROP ASSISTANCE се наплаќа согласно важечките тарифи за роаминг услуги на мобилниот оператор. Доколку постојат причини независни од Вас, што го спречуваат неодложното јавување (поради природата на разболувањето или повредата), потребно е Вие или Ваш претставник, по престанувањето на причината веднаш или  најдоцна до 24 часа од настанување на случајот да го информирате ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје или EUROP ASSISTANCE.

Доколку без наше одобрение искористите здравствена услуга, трошоците ќе Ви ги надоместиме најмногу до износ од 150 Евра во денарска противвредност.

Опис на продуктот

Евроинс Осигурување во соработка со асистенстската мрежа со светско реноме Europ Assistance на своите осигуреници со патничко осигурување им ги обезбедува следните услуги и покритиа при патување и престој во странство во зависност од типот на осигурителната полиса :

  • здравствена осигурување и асистенција;
  • осигурување од незгода;
  • осигурување на багаж и патни документи;
  • правна помош и осигурување на правна заштита;
  • дополнително осигурување од одговорност кон трети лица;
  • дополнително осигурување од откажување и/или одложување на патување;
  • дополнително осигурување при школување или постојана/привремена работа во странство;
  • дополнително осигурување од спортска незгода.
Квалитет
0%
Сигурност
0%
Доверба
0%
0
години на пазарот
0
канцеларии низ Македонија
0 +
одлични продукти
0 +
задоволни клиенти