Skip to content

ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

Здравјето е најголемото богатство, а не парите. Инвестицијата во здравје е секогаш добра и правила одлука!

Опис на продуктот

Предмет на осигурување при склучување на договор за приватното здравствено осигурување е надомест на трошоците за здравствени услуги кои не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување, како:

  • Повисок стандард на здравствени услуги кои произлегуваат од задолжителното здравствено осигурување над стандардите пропишани со подзаконски акт на Министерот за здравство согласно со ЗЗО, користени во мрежата на здравствени установи;
  • Здравствени услуги користени во дополнителната дејност во здравствена установа од мрежата на здравствени установи во која што се врши специјалистичко-консултативна и болничка здравствена дејност, во согласност со прописите за здравствена заштита;
  • Здравствени услуги од специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита користени во здравствени установи надвор од мрежата на здравствени установи.

Со приватно здравствено осигурување се осигуруваат следниве групи на ризици:

  • Осигурувањето ги покрива трошоците за преглед, дијагностицирање, препораки и издавање на терапија, односно лекување на новонастаната болест, кои врз основа на основани медицински индикации настануваат кај давателот на здравствени услуги поради пружени здравствени услуги во специјалистичко консултативна амбуланта.
  • Осигурувањето ги покрива трошоците за дијагностицирање и лекување на новонастаната болест, кои врз основа на основани медицински индикации настануваат кај давателот на здравствени услуги поради пружени здравствени услуги во дневна болница, болничко лекување (лекување без операција и операции утврдени во Листата на операции).
  • Осигурувањето ги покрива трошоците за лекови пропишани на рецепт и издадени во аптека.
0
години на пазарот
0
канцеларии низ Македонија
0 +
одлични продукти
0 +
задоволни клиенти