Предмет на осигурување при склучување на договор за приватното здравствено осигурување е надомест на трошоците за здравствени услуги кои не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување, како:
- Повисок стандард на здравствени услуги кои произлегуваат од задолжителното здравствено осигурување над стандардите пропишани со подзаконски акт на Министерот за здравство согласно со ЗЗО, користени во мрежата на здравствени установи;
- Здравствени услуги користени во дополнителната дејност во здравствена установа од мрежата на здравствени установи во која што се врши специјалистичко-консултативна и болничка здравствена дејност, во согласност со прописите за здравствена заштита;
- Здравствени услуги од специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита користени во здравствени установи надвор од мрежата на здравствени установи.