ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – ЕКСПЕРТ ЗА ЛИКВИДАЦИЈА НА ШТЕТИ – ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје претставува друштво за осигурување со долги години успешно работење на македонскиот осигурителен пазар, врши повик за работа за следната работна позиција:

 

ЕКСПЕРТ ЗА ЛИКВИДАЦИЈА НА ШТЕТИ – ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

 

Општ опис на работата:

Решавање и ликвидација на барања за надомест на штети од доброволно здравствено осигурување.

 

Работни задачи и одговорности:

  • Утврдување на основ по барање за надомест на штета од доброволно здравствено осигурување;
  • Утврдување на осигурителното покритие и висина на настаната штета во согласност со полисата за осигурување и условите за осигурување на осигурувачот;
  • Проверка, комплетирање и решавање (ликвидација) на пријавени штети по доставена документација;
  • Ликвидација на оштетни побарувања во информатичкиот систем на друштвото;
  • Комуникација и соработка со доктор цензор во постапката за решавање на штети;
  • Комуникација и соработка со здравствени установи со кои друштвото има склучено договор за соработка;
  • Комуникација со оштетени лица и трети лица во врска со обработка на предметите за надомест на штета од доброволно здравствено осигурување;
  • Вршење на други сродни работни задачи.

 

Нудиме:

  • Вработување на определено времетраење, со можност за продолжување на договорот за вработување;
  • Полно работно време од 40 часа, од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот;
  • Работа во Генералната дирекција на Друштвото во Скопје;
  • Работа во динамично опкружување и пријатна средина, со можност за  професионален развој и надоградба, како и одлични услови за работа со амбициозен и професионален тим.

 

Потребни квалификации и способности:

  • Завршено високо образование;
  • Исклучителни комуникациски вештини;
  • Способност за брзо и ефикасно решавање на проблеми во врска со обработка на штети;
  • Солидно познавање на англиски јазик на работно ниво и работа со компјутери;
  • Способност за тимска работа;
  • Аналитичен пристап кон решавање на доделените задачи;
  • Целосна посветеност на работните задачи;
  • Висока работна етика, организираност и одговорност;
  • Работно искуство во областа на надомест на штети, особено штети од здравствено осигурување/нематеријални штети/штети од несреќен случај-незгода, ќе се смета за предност.

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија на македонски јазик на следната e-mail адреса: hr@euroins.com.mk со назнака дека аплицирате за конкретното работно место, не подоцна од 28.09.2023 година. Вашите документи за аплицирање треба јасно да покажат зошто токму Вие одговарате за позицијата за која аплицирате.

Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и пропратните документи да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на личните податоци(*).

Нaпомена:  Само одбраните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – СМЕТКОВОДИТЕЛ

ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје претставува друштво за осигурување со долги години успешно работење на македонскиот осигурителен пазар, врши повик за работа за следната работна позиција:

 

СМЕТКОВОДИТЕЛ

 

Опис на работните задачи и одговорности:

  • Проверка при прием, книжење и контирање на влезна/излезна материјална и финансиска документација;
  • Проверка и книжење на изводи од банки;
  • Проверка на книжењето на трансакциите;
  • Пресметка/изработка на даночни пријави;
  • Изработка и контрола на извештаи за тековно работење;
  • Други задачи во согласност со позицијата и по барање на работодавачот;
  • Познавање, следење и примена на законите и прописите од областа на сметководството и даночната регулатива;
  • Комуникација со надворешни институции и групацијата и нивните сметководства.

 

Нудиме:

  • Вработување на определено времетраење од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот за вработување и понатамошна трансформација на неопределено време;
  • Полно работно време од 40 часа, од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот;
  • Конкурентна плата, во зависност од квалификацијата и искуството на кандидатот;
  • Работа во динамична, развојна и пријатна средина;
  • Можности за развивање и континуирано персонално усовршување;
  • Работно место во седиштето на Друштвото во Скопје.

 

Потребни квалификации и способности:

  • Високо или средно образование од областа на економските науки;
  • Работно искуство од најмалку 2 години во доменот на вршење на сметководствени работи;
  • За предност ќе се смета работно искуство во друштво за осигурување, друштво за застапување во осигурување или осигурително брокерско друштво;
  • За предност ќе се смета Лиценца за овластен сметководител/сметководител;
  • Солидно познавање на работа со компјутери и MS Office;
  • Добро владеење на англиски јазик на работно ниво;
  • Аналитичен пристап кон решавање на доделените задачи;
  • Самоиницијативност, посветеност, претпазливост, одговорност, способност за аналитичко размислување;
  • Комуникациски способности, способност за тимска работа.

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија на македонски јазик на следната e-mail адреса: hr@euroins.com.mk со назнака дека аплицирате за конкретното работно место, не подоцна од 28.09.2023 година. Вашите документи за аплицирање треба јасно да покажат зошто токму Вие одговарате за позицијата за која аплицирате.

Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и пропратните документи да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на личните податоци(*).

Само кандидати кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани на интервју.

 

Како да го Заштите Вашиот Дом од Кондензација

Како да го Заштите Вашиот Дом од Кондензација

 

Кондензацијата на прозорците и sидовите можеби изгледа како безначајна работа, но може да доведе до секакви проблеми во домаќинството, а ако дозволите, може дури да доведе и до здравствени компликации.

Во оваа статија, ќе разгледаме како најдобро да се справите со кондензација на начин преку кој ќе го задржите Вашиот дом без несакана влага, и ќе го зачувате Вашето здравје.

 

Што ја Предизвикува Кондензацијата?

Да не навлегуваме во премногу детали за тоа како се формира кондензацијата. Доволно е да кажеме дека истата се формира кога топлиот воздух ја исполнува ладната површина, и кога воздухот има високо ниво на влажност.

Влагата во домот е проблем за голем број на домаќинства. Покрај временските услови, таа може да се појави и од секојдневните активности како што се туширање, готвење, па дури и дишење. 

Самата кондензацијата е многу повеќе проблем кога времето е променливо, кога домот се грее, и кога прозорците ги држите затворени отколку во летото, бидејќи студените површини предизвикуваат брзо ладење на влажноста на воздухот.

 

Зошто Кондензацијата е Голем Проблем?

Најлошата последица од кондензација се појавува во форма на влага. Сите го знаеме тоа – влагата во еден дом е непривлечна и миризлива, Но, миризбата е најмал проблем што може таа да го предизвика.

Кога ќе започне да се формира мувла на sидовите, таваните и мебелот, започнува нивна деградација. Ако не се справите со неа веднаш, таа може да доведе до екстремни трошоци за да го замените оштетениот мебел и ѕидови.

Плус, во најлош случај, таа може да влијае на вашето здравје. Влагата дома е лоша за кожата, синусите, предизвикува кашлање и го отежнува дишењето.

 

Како да се Справите со Кондензацијата?

Ако откриете каде најчесто се собираат капки од кондензација, има неколку чекори што можете да ги преземете како краткорочно решение. 

Ако се појави кондензацијата на прозорците или sидовите, постелете крпа надолу, а потоа користете правосмукалка за да ја извадите водата. Вратата од бањата нека биде затворена кога се туширате. Бањите се секогаш подобро изградени за справување со влагата, а затворањето на вратата ја спречува пареата да се шири во остатокот од домот.

Ако постојано се собира многу кондензација на едно место, може да купите и дехидрификатор, но внимавајте да не го исушите воздухот премногу и да не ви троши премногу енергија.

Како и за многу работи, превенцијата е подобро решение против кондензацијата. Осигурајте се дека вентилацијата и изолацијата на вашиот дом е добро направена. Одржувајте го домот добро проветрен.

Отворајте ги прозорците, со тоа ја подобрувате вентилацијата на просторот и вашето здравје. Отворете ги кога готвите, користете сушалка за алишта, или кога ја отварате машината за миење садови. Реорганизирајте го вашиот дом за подобра циркулација на воздухот.  Мебелот нека биде оддалечен најмалку 5 см од sидовите. Ако сте во можност, разгледајте ја и опцијата за системи за вентилација преку кои постојано ќе го снабдувате вашиот дом со свеж воздух.

Добро изолираниот дом ќе биде рамномерно загреан, што помага да се спречи кондензацијата. Добро изолираните sидови ќе спречат да се достигне температура која формира кондензација во Вашиот дом. 

 

Вашиот дом е многу повеќе од цигли и малтер. Од ЕВРОИНС знаеме што го прави домот посебен, и знаеме како да ви помогнеме да се погрижите за истиот. Затоа, нашиот ОДЛИЧЕН 7 пакет за осигурување на станбен објект или куќа е совршената опција за Вашето семејство.

4 Совети за Возење на Влажни и Подмрзнати Патишта

4 Совети за Возење на Влажни и Подмрзнати Патишта

 

Повеќето автомобилски несреќи во зима и рана пролет се предизвикани од преголема брзина и неодржување на доволно растојание помеѓу возилата. Понекогаш кога возиме во услови на голомразица, забораваме дека е потребно подолго време за возилото за закочи.

Следниве четири совети ќе ви помогнат да се подготвите за возење на подмрзнати и лизгави патишта.

 

1. Внимавајте на Брзината

Ограничувањата на брзината не постојат за да не ги почитувате. Самата граница ја претставува максималната брзина со која е дозволено да патувате. Кога условите на патот не се идеални (снег, каша, или мраз), потребно е да:

  • Приспособете ја брзината на условите на патот и успорете.
  • Возете со брзина која можете да ја контролирате.
  • Немојте да го употребувате темпоматот.
  • Бидете внимателни кога ќе се приближите до машини за одржување на патот, и не претекнувајте од десно.

 

2. Оставете Простор

Да го застанете возилото во услови на мраз и снег е трипати потешко отколку на сув пат, а 12 пати потешко е самото возење. Затоа треба да внимавате на просторот помеѓу вашето и возилото пред вас. Пробајте:

  • Внимателно да го гледате возилото пред вас.
  • Доколку возилото пред вас не помине одреден знак барем 3 секунди пред вие да го сторите истото, успорете и зголемете го растојанието.

 

3. Закочете Правилно

Кога кочете во подмрзнати услови, секогаш:

  • Оставете простор пред вас од барем едно возило за да можете да закочите на време.
  • Бидете особено внимателни со просторот при возење во угорница и удолница.

 

4. Пред да Тргнете

Пред да почнете со возење во зима, секогаш е паметно добро да се подготвите:

  • Облечете се соодветно, дури и да возите на кратко растојание.
  • Добро исчистете ги стаклата за да имате појасна видливост на патот и останатите возила.
  • Секогаш имајте полн резервоар. Полупразен резервоар секогаш носи поголем ризик од замрзнување, а и од снемување на гориво доколку се случи нешто на патот.

Имајте на ум дека секое возење во зима ќе претставува предизвик, дури и за искусни зад воланот. Подгответе го вашето возило, возете внимателно и останете свесни за сите услови на патот. Штетата поврзана со временските услови често се појавува во најстудените месеци. Затоа, потполното КАСКО осигурување е клучно, и е една од оние работи за кои треба да се размислува пред време.

6 Совети за Превенција од Зимски Пожари во Вашиот Дом

6 Совети за Превенција од Зимски Пожари во Вашиот Дом

 

За време на зимските месеци, склони сме кон поминување повеќе време дома со најблиските, што значи седење и дружба до камините и печките на дрва. Затоа, нема подобар период да се осигурате дека вашиот дом е заштитен од било какви опасности од пожар кои би произлегле од невнимание и силен оган во вашиот дом.

 

1. Проверете ги Камините и Оџаците

Многу од домашните пожари знаат да произлезат како резултат од затнување на оџакот. Ангажирање на оџачар еднаш годишно за чистење и одржување на вашиот камин и оџак може да спречи многу проблеми и да ви ги спаси животите.

Секој шпорет треба редовно да се чисти, проверува, и одржува најмалку еднаш годишно за да се спречат проблеми.

 

2. Инсталирајте Детектори за Јаглерод Моноксид на Секој кат од Вашиот дом

Ако не се открие, јаглерод моноксидот може да предизвика болест, па дури и смрт. И уште пострашно, чадот секогаш може да се развие во оган, и тоа многу брзо. Бидејќи не може да се види или помириса, детектор за јаглерод моноксид е неопходност во Вашиот дом.

 

3. Користете Заштитно Стакло за Вашиот Камин

Заштитното стакло ќе ги сопре сите искри пред тие да или да летнат од вашиот камин до вашиот тепих. Уште подобро, топлината во домот останува иста.

 

4. Пазете се од Свеќите

Иако свеќите креиреаат амбиент и релаксирачка атмосфера, тие можат лесно да бидат кутнати на земјата од страна на децата или миленичињата. Запалете свеќи само кога сте будни и кога можете да ги гледате, и угасете ги секогаш кога имате намера да ја напуштите просторијата.

 

5. Одржувајте го Оганот на Разумно Ниво

Не морате да правите фурна од Вашиот дом. Да, силен оган изгледа убаво во вашиот камин, но прекумерната топлина може да предизвика пукање во оџакот, и прскање на искри и жар во вашиот дневен престој.

 

6. Останете до Оганот Додека не се Угасне

За многумина, ова е можеби најтешкиот дел, со оглед на фактот дека секој сака удобно да се наспие додека огнот, народски кажано, „си крчка“. Но сепак, особено ако користите отворен камин, не е паметно да го испуштите од вид додека оганот не престане да гори. Имајте потполна контрола и уживајте во амбиентот!

 

Вашиот дом е многу повеќе од цигли и малтер. Од ЕВРОИНС знаеме што го прави домот посебен, и знаеме како да ви помогнеме да се погрижите за истиот. Затоа, нашиот ОДЛИЧЕН 7 пакет за осигурување на станбен објект или куќа е совршената опција за Вашето семејство.

Како да го Подготвите Вашето Возило за Зимска Авантура

Како да го Подготвите Вашето Возило за Зимска Авантура

 

Подготвени за зимска празнична авантура на некоја од познатите дестинации? Не толку брзо! Што доколку на пример ви се расипат светлата на сред мачен и лизгав пат, а вие не сте подготвени за тоа?

Возењето во зима знае да биде вистински предизвик. Гумите може да се лизгаат, мраз и снег може да ги замрзне бришачите и бравите, и лошата видливост може да ве однесе во грешен правец од кој нема враќање.

Најдобриот начин да ги ублажите ефектите од зимското патување за вашето возење е добро да се подготвите.

 

Проверете го Моторот

Пред да одите на патување, однесете го автомобилот на темелна проверка. Осигурајте се дека се под хаубата функционира како што треба.

 

Тестирајте го Акумулаторот

Ова треба да биде нешто што вашиот механичар го прави за време на рутинска проверка, но ние ја потенцираме важноста на тоа, затоа што акумулатор кој функционира добро може да ви го спаси животот ако заглавите во вашиот автомобил за време на зимска бура. Исто така, ако редовно го паркирате автомобилот надвор во зима, добар акумулатор ќе ги спречи оние фрустрирачки повици кон механичарите да дојдат во ниедно време да го стартуваат вашиот автомобил.

 

Проверете ги Гумите

Осигурајте се дека внатрешниот притисок на гумите е добар и дека шарата на гумите не е истрошена. Најдобро е да употребувате потполно нови зимски гуми. Зимските гуми се направени од гумени соединенија отпорни на ниски температури, така што тие нема да пукаат и ќе на пукање и имаат подобро триење на асфалтот/снегот.

 

Заштитете го Ентериерот

Зимското време знае да биде неуредно. Кога влегувате и излегувате од автомобилот откако ќе прошетате низ снег и каша, на подот на вашиот автомобил ќе имате валкана вода, која може да го оштети ентериерот на Вашето возило. Ова оштетување можете да го спречите со ставање на гумени подни стапки. Тие се едноставни за вметнување, и ако се извалкаат, можете да ги извадите, измиете, и користете повторно.

 

Спакувајте Комплет за Итни Случаи

Ако планирате подолго возење оваа зима, никогаш не можете да знаете дали ќе надојде снежна бура која ќе ве присили да почекате надвор од автопатот. Ако тоа се случи, треба да бидете подготвени со сите неопходни работи кои ќе ви помогнат да останете топли, хидрирани, и сигурни додека бурата не прекине.

 

Средете ја Шофершајбната

Лошата видливост за време на зима во комбинација со шофершајбна од која не можете да гледате јасно е рецепт за катастрофа. Пред да тргнете на патување, избрешете го стаклото со течност која е дизајнирана да го разложи мразот што е можно побрзо за да имате многу појасен преглед на патот.

 

Имајте на ум дека секое возење во зима ќе претставува предизвик, дури и за искусни зад воланот. Подгответе го вашето возило, возете внимателно и останете свесни за сите услови на патот. Штетата поврзана со временските услови често се појавува во најстудените месеци. Затоа, потполното КАСКО осигурување е клучно, и е една од оние работи за кои треба да се размислува пред време.

7 Совети како да го Заштитите Вашиот Дом од Студот

7 Совети како да го Заштитите Вашиот Дом од Студот

 

Како што се приближува зимскиот период, време е да го подготвите вашиот дом за студените месеци. Со помош на следниве седум совети, ќе ја зголемите енергетската ефикасност на Вашиот дом, и истовремено, ќе го заштитите од оштетување предизвикано од дожд, снег и поларни температури.

  1. Направете енергетска проверка – Ова можете да го направите сами или да ангажирате професионалец кој може да ви помогне да откриете било какви проблеми во вашиот дом пред да настапи студеното време.
  2. Осигурајте се дека не постои провев – Ќе бидете изненадени ако ви кажеме колку енергија губите заради неубаво затворени врати во зима? Намалете ја загубата на енергија со правилно затворање и на сите простори околу вратата. Истото важи и за прозорците.
  3. Додадете изолација – Многу од постарите домови имаат мала или никаква изолација. Со додавањето на изолација во таванот, ѕидовите или подовите ќе ја зачувувате топлината во вашиот дом.
  4. Новото е подобро – Со купувањето на нова печка или нови и поефикасни уреди, можете да ја зголемите енергетската ефикасност на вашиот дом додека ја одржувате топлината за време на студените месеци.
  5. Употребувајте паметен термостат – Одржувањето на оптимална температура може да ви заштеди многу пари. Паметните термостати ќе ве предупредат за невообичаено ниски температури во вашиот дом, што е можен претходник за замрзнување на цефки и прекин на електричниот напон.
  6. Не дозволувајте температура под 18 степени – Иако сакате да бидете ефикасни со енергијата, исто така треба да ја одржувате температурата редовно над 18 степени за да ви биде топло, но и да бидете сигурни дека цевките во домот нема да замрзнат и да пукнат. Покриете ги надворешните чешми со изолација и редовно проверувајте дали имате протекување за да ја можете да ја исклучите водата во случај на проблеми.
  7. Чистете ги олуците редовно – Исчистете ги олуците на покривот и спуштените места, така што тие да можат да се исцедат правилно и да не предизвикаат проблеми со создавање на мраз или протекување на вода во вашиот дом.

ЕВРОИНС Осигурување знае дека Вашиот дом е многу повеќе од градба. Дом се и сеќавањата, моментите, и секој можен детал кој ви го прави животот поубав во истиот. Но, безбедноста е она кое ви помага да уживате во сето тоа. Затоа, нашиот ОДЛИЧЕН 7 пакет за осигурување на станбен објект или куќа е совршената опција за Вашето семејство.

Како Климатските Промени Можат да Влијаат врз Компаниите

Климатските промени можат да влијаат врз компаниите на повеќе начини – од физичка штета предизвикана од силни ветрови, поплави, или пожар до прекини во работата и трошоци за одговорност кон вработените.

Имајќи ја во предвид реалната опасност од климатските промени, побарувачката за осигурување е значително зголемена од страна на деловните субјекти. Токму поради тоа, во овој пост ќе ги наведеме ризиците од климатските промени за кои една компанија мора да биде подготвена.

 

Дали Вашата Компанија е во Опасност?

Дали сте во опасност, и како климатските промени ќе влијаат на вашиот бизнис зависи од следниве фактори:

  • Вашата Локација: Дали сте лоцирани на место каде се случувале повеќе поплави, пожари, или бури во минатото? Може ли Вашата компанија да продолжи со работа ако временските услови не им дозволуваат на вработените да стигнат до канцелариите?
  • Типот на Компанија: Дали се занимавате со производствена дејност, или нудите услуги?
  • Структура на Локацијата: Дали вашите простории се структурирани за да издржат екстремни временски услови?
  • Финансиска Подготвеност: Колку долго можете да се снабдувате со потребните безбедносни материјали за да го одржите објектот безбеден? Дали можете да го осигурате целиот објект и вашиот персонал?

Со одговарањето на прашања погоре, ќе ги идентификувате последиците со кои вашиот бизнис би се соочил во случај на екстремни климатски промени.

 

Последиците за Кои Вашиот Бизнис Треба да Биде Подготвен

Некои климатски промени може лесно да се забележат, како што се поплавите, ветерот, или пожарот. Но, некои од нив е тешко да ги предвидиме.

Во зависност од видот на бизнисот и Вашите деловни потреби, ризикот поврзан со екстремните временски услови и глобалното затоплување може да биде од минимален до драстичен. Да разгледаме некои непосредни и секундарни ризици и последици врз деловното работење поврзани со климатските промени.

 

Штета на Имотот

Овој вид загуба е веројатно она што ви доаѓа прво на памет кога мислите за екстремни временски услови. Со осигурување на Вашиот имот и деловен простор, вашата компанија може да заштеди многу пари. Имајте на ум дека осигурувањето на имот за вашата компанија треба да ги опфати сите простории, вклучително и оние внатре и надвор од зградата(ите).

 

Прекин на Работата

Има толку многу фактори кои можат да предизвикаат прекин на вашата работа, а лошите временски услови само ги зголемуваат шансите за ситуации како што се:

  • Одложени испораки и транспорт
  • Застој во производството
  • Вработените да не можат да се пријават на работа
  • Неможност да се присуствува на важни деловни состаноци
  • Немање електрична енергија

 

Одговорност за Вработените

Несреќи секогаш може да се случат, особено во услови на невреме или пожар. Како работодавец, ваша должност е да ги осигурате од одговорност вашите вработените. Со тоа, ќе го заштите вашиот персонал, ќе ја заштитите вашата компанија од тужби, и ќе ги покриете евентуалните трошоците за надомест на штета на вработениот при повреда на работното место.

 

Јавна Одговорност

Променливото време може да предизвика оштетување на имотот на трети лица и непосредни објекти, како и да предизвика најразлични повреди. Самото оштетување на вашиот деловен простор претставува потенцијален ризик за трети лица во близина на вашите простории. Оттука, осигурувањето од јавна одговорност додава дополнителен слој на заштита на вашата деловна активност, бидејќи ги опфаќа правните трошоци и побарувањата за компензација направени од трети лица против вашата компанија.

 

Работете со Експерти

Накратко ги наведовме највиталните последици и ризици кои што компаниите треба да ги земат предвид кога се работи за климатските промени и деловното работење. Само одговорни компании ги сфаќаат истите сериозно!

Еден начин да се подготвите за било какви временски ризици е да користите помош од врвна осигурителна компанија, како што е Осигурителното Друштво ЕВРОИНС АД Скопје. Како една од водечките осигурителни компании во регионот, преку уникатен пристап и консултации, ние ќе ви овозможиме специјализирани решенија за усогласување на временски ризиците со Вашите бизнис потреби.

Безбедност при Возење во Зима: Како да се Подготвите

Безбедност при Возење во Зима: Како да се Подготвите

 

Кога ладното време ќе започне, како возачи ќе се соочите со многу вонредни предизвици. Дождовите, снегот, и лизгавите патишта го отежнуваат возењето, и ги зголемуваат шансите за несреќа на патот.

Ако планирате да патувате во наредните неколку месеци, подготовката на Вашиот автомобил и прилагодувањето на возењето според условите на патот се клучни за да останете безбедни. Следниве неколку совети за безбедност при возење на ладни временски услови ќе ви помогнат да се подготвите за евентуалните проблеми со кои би се соочиле на патот.

 

Подгответе го Вашето Возило

Кога температурите опаѓаат, треба да бидете сигурни дека вашиот автомобил е комплетно опремен за возење во зима. Секогаш носете со себе стругалка за мраз, мала лопата, и вреќичка со песок или сол. Исто така, проверете ги гумите за да утврдите дали е време да ги замените со нови.

Одржувајте ги бришачите на вашето возило во добра состојба. Резервоарот за гориво нека ви биде постојано полн за да може возилото да работи и на сопатниците да им биде топло доколку заглавите некаде.

Полниот резервоар исто така ги намалува шансите за замрзување на горивото. Не заборавајте доколку е можно да го гаражирате возилото и да го возите најмалку еднаш неделно за да избегнете умртвување на акумулаторот.

 

Возете Внимателно

Пред да тргнете на пат во зимски услови, одвојте време да го исчистите снегот и мразот од вашиот автомобил, вклучувајќи ги прозорците, огледалата, светлата, аспираторот, и каросеријата. Возете со вклучени светла и осигурајте се дека истите се постојано чисти.

Кога ќе тргнете со возилото, запомнете дека ограничувањата на брзината се наменети за суви патишта. Ако патот е покриен со снег и мраз, намалете ја брзината и одржувајте доволно растојание помеѓу возилата пред и зад вас.

Избегнувајте претекнување на камионите со снежни плугови и песок, затоа што патот пред нив веројатно е многу поопасен од патот зад вашето возило.

 

Во Случај на Расипување или Заглавување

Доколку неочекувано се најдете насред снежна бура или заглавите на патот, ако вашето возило и вие сте безбедни од понатамошна штета, останете мирни и почекајте помош. Можете да го запалите моторот и да го пуштите греењето, но најпрвин осигурајте се дека ауспухот и аспираторот на автомобилот се чисти. Тоа ќе го блокира евентуалното навлегување на јаглерод моноксид во автомобилот.

Имајте на ум дека секое возење во зима ќе претставува предизвик, дури и за искусни зад воланот. Подгответе го вашето возило, возете внимателно и останете свесни за сите услови на патот. Штетата поврзана со временските услови често се појавува во најстудените месеци. Затоа, потполното каско осигурување е клучно, и е една од оние работи за кои треба да се размислува пред време.