Како Климатските Промени Можат да Влијаат врз Компаниите

Климатските промени можат да влијаат врз компаниите на повеќе начини – од физичка штета предизвикана од силни ветрови, поплави, или пожар до прекини во работата и трошоци за одговорност кон вработените.

Имајќи ја во предвид реалната опасност од климатските промени, побарувачката за осигурување е значително зголемена од страна на деловните субјекти. Токму поради тоа, во овој пост ќе ги наведеме ризиците од климатските промени за кои една компанија мора да биде подготвена.

 

Дали Вашата Компанија е во Опасност?

Дали сте во опасност, и како климатските промени ќе влијаат на вашиот бизнис зависи од следниве фактори:

  • Вашата Локација: Дали сте лоцирани на место каде се случувале повеќе поплави, пожари, или бури во минатото? Може ли Вашата компанија да продолжи со работа ако временските услови не им дозволуваат на вработените да стигнат до канцелариите?
  • Типот на Компанија: Дали се занимавате со производствена дејност, или нудите услуги?
  • Структура на Локацијата: Дали вашите простории се структурирани за да издржат екстремни временски услови?
  • Финансиска Подготвеност: Колку долго можете да се снабдувате со потребните безбедносни материјали за да го одржите објектот безбеден? Дали можете да го осигурате целиот објект и вашиот персонал?

Со одговарањето на прашања погоре, ќе ги идентификувате последиците со кои вашиот бизнис би се соочил во случај на екстремни климатски промени.

 

Последиците за Кои Вашиот Бизнис Треба да Биде Подготвен

Некои климатски промени може лесно да се забележат, како што се поплавите, ветерот, или пожарот. Но, некои од нив е тешко да ги предвидиме.

Во зависност од видот на бизнисот и Вашите деловни потреби, ризикот поврзан со екстремните временски услови и глобалното затоплување може да биде од минимален до драстичен. Да разгледаме некои непосредни и секундарни ризици и последици врз деловното работење поврзани со климатските промени.

 

Штета на Имотот

Овој вид загуба е веројатно она што ви доаѓа прво на памет кога мислите за екстремни временски услови. Со осигурување на Вашиот имот и деловен простор, вашата компанија може да заштеди многу пари. Имајте на ум дека осигурувањето на имот за вашата компанија треба да ги опфати сите простории, вклучително и оние внатре и надвор од зградата(ите).

 

Прекин на Работата

Има толку многу фактори кои можат да предизвикаат прекин на вашата работа, а лошите временски услови само ги зголемуваат шансите за ситуации како што се:

  • Одложени испораки и транспорт
  • Застој во производството
  • Вработените да не можат да се пријават на работа
  • Неможност да се присуствува на важни деловни состаноци
  • Немање електрична енергија

 

Одговорност за Вработените

Несреќи секогаш може да се случат, особено во услови на невреме или пожар. Како работодавец, ваша должност е да ги осигурате од одговорност вашите вработените. Со тоа, ќе го заштите вашиот персонал, ќе ја заштитите вашата компанија од тужби, и ќе ги покриете евентуалните трошоците за надомест на штета на вработениот при повреда на работното место.

 

Јавна Одговорност

Променливото време може да предизвика оштетување на имотот на трети лица и непосредни објекти, како и да предизвика најразлични повреди. Самото оштетување на вашиот деловен простор претставува потенцијален ризик за трети лица во близина на вашите простории. Оттука, осигурувањето од јавна одговорност додава дополнителен слој на заштита на вашата деловна активност, бидејќи ги опфаќа правните трошоци и побарувањата за компензација направени од трети лица против вашата компанија.

 

Работете со Експерти

Накратко ги наведовме највиталните последици и ризици кои што компаниите треба да ги земат предвид кога се работи за климатските промени и деловното работење. Само одговорни компании ги сфаќаат истите сериозно!

Еден начин да се подготвите за било какви временски ризици е да користите помош од врвна осигурителна компанија, како што е Осигурителното Друштво ЕВРОИНС АД Скопје. Како една од водечките осигурителни компании во регионот, преку уникатен пристап и консултации, ние ќе ви овозможиме специјализирани решенија за усогласување на временски ризиците со Вашите бизнис потреби.