6 Совети за Превенција од Зимски Пожари во Вашиот Дом
За време на зимските месеци, склони сме кон поминување повеќе време дома со најблиските, што значи седење и дружба до камините и печките на дрва. Затоа, нема подобар период да се осигурате дека вашиот дом е заштитен од било какви опасности од пожар кои би произлегле од невнимание и силен оган во вашиот дом.
1. Проверете ги Камините и Оџаците
Многу од домашните пожари знаат да произлезат како резултат од затнување на оџакот. Ангажирање на оџачар еднаш годишно за чистење и одржување на вашиот камин и оџак може да спречи многу проблеми и да ви ги спаси животите.
Секој шпорет треба редовно да се чисти, проверува, и одржува најмалку еднаш годишно за да се спречат проблеми.
2. Инсталирајте Детектори за Јаглерод Моноксид на Секој кат од Вашиот дом
Ако не се открие, јаглерод моноксидот може да предизвика болест, па дури и смрт. И уште пострашно, чадот секогаш може да се развие во оган, и тоа многу брзо. Бидејќи не може да се види или помириса, детектор за јаглерод моноксид е неопходност во Вашиот дом.
3. Користете Заштитно Стакло за Вашиот Камин
Заштитното стакло ќе ги сопре сите искри пред тие да или да летнат од вашиот камин до вашиот тепих. Уште подобро, топлината во домот останува иста.
4. Пазете се од Свеќите
Иако свеќите креиреаат амбиент и релаксирачка атмосфера, тие можат лесно да бидат кутнати на земјата од страна на децата или миленичињата. Запалете свеќи само кога сте будни и кога можете да ги гледате, и угасете ги секогаш кога имате намера да ја напуштите просторијата.
5. Одржувајте го Оганот на Разумно Ниво
Не морате да правите фурна од Вашиот дом. Да, силен оган изгледа убаво во вашиот камин, но прекумерната топлина може да предизвика пукање во оџакот, и прскање на искри и жар во вашиот дневен престој.
6. Останете до Оганот Додека не се Угасне
За многумина, ова е можеби најтешкиот дел, со оглед на фактот дека секој сака удобно да се наспие додека огнот, народски кажано, „си крчка“. Но сепак, особено ако користите отворен камин, не е паметно да го испуштите од вид додека оганот не престане да гори. Имајте потполна контрола и уживајте во амбиентот!
Вашиот дом е многу повеќе од цигли и малтер. Од ЕВРОИНС знаеме што го прави домот посебен, и знаеме како да ви помогнеме да се погрижите за истиот. Затоа, нашиот ОДЛИЧЕН 7 пакет за осигурување на станбен објект или куќа е совршената опција за Вашето семејство.