Осигурувањето од одговорност на превозници во домашен и меѓународен транспорт (ЦМР) ја покрива Законската одговорнност на превозникот спрема корисниците на превозот за докажана целосна или делумна загуба, оштетување или за задоцнување на пратките во домашен и меѓународен превоз, преземени на превоз со товарен лист или Договор за превоз во патниот сообраќај.
Со ЦМР осигурувањето превозникот не ја осигурува стоката што ја примил на превоз, туку ја осигурува својата одговорнст за штети кои можат да се случат на стоката при превоз , а за кои се тие одговорни. Одговорноста па превозниците е уредена со Законски регулативи и меѓународни конвенции.