Влијанието на корона вирусот врз Деловните Субјекти: Предизвици и Решенија

 

Во оваа статија ќе разгледаме кои се непосредните ризици со кои се соочуваат компаниите како последица на ширењето на COVID-19 вирусот, какво е нивното влијание врз деловните субјекти, и кои се клучните чекори кои морате да ги преземете да го заштитите Вашиот бизнис.

Три од клучните предизвици за деловните субјекти кои треба да се истакнат се:

  1. Увозот и Извозот: Бизнисите што се потпираат на набавки од земји или организации кои го ограничиле патувањето и увозот и извозот на стока како последица на загриженоста за ширењето на Коронавирусот, би можеле да се најдат себеси под зголемен финансиски притисок како последица на тоа.
  2. Вработувањата: Еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат деловните субјекти е самоизолацијата на вработените и како тоа влијае врз секојдневното работење. Дали/треба ли вработените да се изолираат? Како може бизнисот да функционира доколку персоналот мора да работи од дома и/или е болен? Може ли работното време или начинот на работење да се променат за да се задоволат потребите на клиентите?
  3. Социјалното Дистанцирање: Во изминатите две недели, забележително е намалувањето на движењето бидејќи луѓето ги почитуваат државните мерки и ги избегнуваат јавните места и собири. Секторите кои веројатно се најпогодени од „социјалното дистанцирање“ се патувањето, трговијата, спортот и угостителството. Компаниите кои подолго време се во неволја и пред појавата на вирусот, моментално се најранливи, и самата криза може да биде крај на патот за многу компании. 

Па, како би можеле да се справите со горенаведените предизвици кои ги носи новонастанатата кризна состојба? 

 

Ревидирајте ја Вашата Финансиска Состојба

Во овие тешки времиња, од суштинско значење е да се донесат информирани одлуки за вашиот бизнис врз основа на тековната финансиска позиција. 

Во очекување на ограничувања наметнати од владата, вашата способност за трговија преку овој период, плаќањето на заостанатите долгови, платите на вработените или исполнувањето на постојните лизинг или заемски отплати ќе бидат одредени од вашата финансиска позиција. 

Контактирајте го вашиот сметководител за да разговарате за различните опции кои ви се достапни и да направите план за како да ја приспособите вашата деловна активност. 

 

Одржувајте Хигиена во Работниот Простор

Бришете ги сите површини и предмети редовно со средства за дезинфекција. Зошто? Бидејќи допирањето на површините е еден главните начини на кои се шири COVID-19. 

Поставете распрскувачите за триење на рацете на видните места околу работното место. Осигурајте се дека тие се постојано полни. 

Исто така, персоналот и клиентите нека имаат постојан пристап до местата каде што можат да ги измијат рацете со сапун и вода. Зошто? Бидејќи миењето раце го убива вирусот на вашите раце и го спречува ширењето на COVID-19.

 

Размислете за Владини Мерки и Финансиска Помош

Поддршката на економијата во овие кризни времиња е од исклучителна важност. Истражете каква финансиска поддршка или олеснување обезбедува Владата за поддршка на компаниите кои се соочуваат со ризици како последица на ограничувањата поради Коронавирусот.

 

Осигурајте се Дека ќе ги Исполните Договорните Обврски

Каков ефект ќе имаат предизвиците кои ги носи Коронавирусот врз способноста на компанијата да ги исполни своите договори? Размислете како можете да ги исполните Вашите договорни обврски. Дали можете да работи со вашите клиенти непречено и покрај сите предизвици? Дали клиентите ќе се согласат да продолжат да работат со вас?

 

Recommended Posts