ЗА НАС
Кои сме ние?
ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е четвртото друштво за осигурување основано на територијата на Р.Македонија, основано согласно Решение на Министерството за финансии од 13.05.1995 година и впишано во судскиот регистар на ден 20.07.1995 година во Скопје.
Регистрираната дејност на друштвото е Неживотно осигурување, со дозвола за работа во 15 класи на осигурување.
Евроинс денес
Денес, ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје преставува колектив на динамични и едуцирани кадри во широко распоространета мрежа низ земјата и афирмирано присуство во клучните регионални и административни центри преку вработените и застапниците во осигурување, кои се подготвени да прифаќаат ризици и кои секој празен пазарен простор го сметаат за шанса.
Оригиналност, современост, атрактивност се одликите на маркетиншките вредности на ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје.
Спој на емоции, уметност и промоција, каде се негува трајната комуникација со постоечките и потенцијалните клиенти.
Портфолио од 15 класи на неживотно осигурување
Моделот на друштвото има за цел да понуди осигурителни продукти, кои покриваат широк спектар на ризици, обезбедувајќи комплексна осигурителна понуда на своите клиенти. Портфелот на ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, опфаќа 15 класи на неживотно осигурување од различни ризици и тоа:
Осигурување од последици на несреќен случај – незгода
Здравствено осигурување
Осигурување на моторни возила (каско)
Осигурувањето на воздухоплови (каско) ги покрива штетите настанати на воздухоплови
Осигурување на пловни објекти (каско)
Осигурување на стока во превоз (карго)
Осигурување на имот од пожар и природни непогоди
Други осигурувања на имот
Осигурување од одговорност од употреба на моторни возила
Осигурувањето од одговорност од употреба на воздухоплови ги покрива штетите настанати од употреба на воздухопловот вклучувајќи ја одговорноста на сопственикот
Осигурување од одговорност од употреба на пловни објекти
Општо осигурување од одговорност
Осигурување на гаранции
Осигурување од финансиски загуби
Осигурување на туристичка помош.
Одбор на директори
Се стремиме кон совршенство и лидерство, признати од општеството, клиентите и инвеститорите
Ралица Губерова
Магистер по бизнис администрација
Велислав Милков Христов
Магистер по право
Ради Георгиев Георгиев
Магистер по право
Зоран Милковски
Дипломиран информатичар
Менаџерски тим
Менаџерскиот тим на Евроинс Македонија е составен од истакнати професионалци и луѓе со врвна експертиза во својата област