ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

 

 

ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје – друштво за осигурување со долги години успешно работење на македонскиот осигурителен пазар, врши повик за работа за следната работна позиција со утврден профил на кадар:

 

ВНАТРЕШЕН РЕВИЗОР

 

 

ОПИС НА РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Работа во независна организациона единица Служба за внатрешна ревизија;
  • Спроведување внатрешна ревизија на работењето на друштвото за осигурување со цел да се утврди дали друштвото ги врши работите на осигурување во согласност со Законот за супервизија на осигурување;
  • Спроведување на процесот на внатрешна ревизија во согласност со меѓународните стандарди за внатрешна ревизија и правилата за вршење на внатрешна ревизија;
  • Изготвување и реализирање на годишна програма за работа на внатрешната ревизија;
  • Извршување на планираните ревизии и ангажмани определени со годишниот план за работа на внатрешната ревизија одобрен од Одборот на директори;
  • Изготвување извештаи за спроведената внатрешна ревизија и годишен извештај за внатрешната ревизија;
  • Соработка со надворешните ревизори;
  • По барање на Одборот на директори и/или Извршниот директор да врши и други вонредни ревизии и контроли на работењето на одделните организациони единици на друштвото или одделни процеси;
  • Вршење на други работни задачи во согласност со закон и интерните акти на друштвото.

 

НУДИМЕ:

  • Полно работно време од 40 часа, од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот;
  • Обезбедување на континуирано професионално усовршување заради надградување на знаењето во областа на сметководството и ревизијата;
  • Плата во согласност со искуството, квалификациите и природата на работата;
  • Работа во динамична, развојна и пријатна средина;
  • Работно место во седиштето на Друштвото во Скопје.

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ, ИСКУСТВО И ОБРАЗОВАНИЕ:

  • Високо образование од областа на Економија, Сметководство и Финансии;
  • Лиценца за овластен ревизор согласно Законот за ревизија или CIA -Меѓународен сертификат за внатрешен ревизор издаден од IIA;
  • За предност ќе се смета работно искуство во друштво за осигурување;
  • Искуство во внатрешна или надворешна ревизија;
  • Добро владеење на англиски јазик на работно ниво;
  • Комуникациски способности и способност за тимска работа;
  • Способност за толкување и анализа на голема количина на податоци и изработка на извештаи;
  • Одлични интерперсонални способности, со можност за лесна и ефикасна комуникација на сите нивоа.

 

Доколку сметате дека сте вистински кандидат за работната позиција, Ве молиме испратете Ваша биографија на македонски јазик на следната e-mail адреса: hr@euroins.com.mk, со назнака дека аплицирате за конкретното работно место, не подоцна од 20.03.2024 година.

Вашите документи за аплицирање треба јасно да покажат зошто токму Вие одговарате за позицијата за која аплицирате.

Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и пропратните документи да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.

Само кандидати кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани на интервју.

Recommended Posts