ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје претставува Друштво за осигурување со долги години успешно работење на македонскиот осигурителен пазар и партнер на своите клиенти.

Поради проширување на нашиот тим, имаме потреба од:
 

ПОМЛАД СОРАБОТНИК ВО СЛУЖБАТА ЗА АКТУАРСКИ РАБОТИ

 

ОПИС НА РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Учество во изработка на законски пропишани месечни и квартални извештаи и изработка на актуарски извештаи со помош на овластен актуар;
  • Учество во изработка на пресметки за технички резерви;
  • Учество во развивање и ревизија на осигурителни производи, тарифни модели, пакети за осигурителни производи и услови за осигурување на Друштвото;
  • Учество во подготовка на профитабилност по производ на Друштвото;
  • Учество во анализа и проценка на осигурителни и актуарски ризици;
  • Учество во подготовка на извештаи според IFRS 17;
  • Следење на регулативи и препораки од Агенцијата за супервизија на осигурување;
  • Следење и анализирање на остварувањето на осигурителниот пазар во земјата.

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ, ИСКУСТВО И ОБРАЗОВАНИЕ:

  • Дозвола за работа како овластен актуар од Агенцијата за супервизија на осигурување или да има положено стручен испит потребен за работа како овластен актуар;
  • Високо стручно образование од областа на (ПМФ-математика, ФЕИТ/МФС/ФИНКИ, Факултет за осигурување, Економски факултет или сродни науки, 240 кредити);
  • За предност ќе се смета работно искуство во друштво за осигурување;
  • Одлично познавање на MS Office (Excel, Word, Power Point), Internet;
  • Добро владеење на англиски јазик на работно ниво;
  • Аналитичен пристап кон решавање на доделените задачи;
  • Прецизност, аналитички пристап и способност за самостојно донесување одлуки;
  • Самоиницијативност, истрајност, лојалност и доверливост;
  • Комуникациски способности, способност за тимска работа.

 

НУДИМЕ:

  • Вработување на полно работно време, од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот;
  • Конкурентна плата, во зависност од искуството на апликантот;
  • Одлична можност за професионален развој, обука и стручна надградба во рамките на Друштвото и Групацијата;
  • Работа во стабилно Друштво за осигурување, со позитивна, динамична, модерна и пријатна средина;
  • Работно место во седиштето на Друштвото во Скопје.

 

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА:

  • CV – Лична биографија.

 

 

 

 

 

 

 

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија на македонски јазик на следната e-mail адреса: hr@euroins.com.mk со назнака дека аплицирате за конкретното работно место, не подоцна од 20.02.2026 година.

Вашите документи за аплицирање треба јасно да покажат зошто токму Вие одговарате за позицијата за која аплицирате.

Оние кандидати чии квалификации ги исполнуваат барањата и потребите на компанијата, телефонски или по електроски пат ќе бидат повикани на разговор.

Со испраќање на апликација за вработување, апликантот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и пропратните документи да се користат за намена на предметниот Оглас за вработување и да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на личните податоци(*).

Recommended Posts