ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје претставува Друштво за осигурување со долги години успешно работење на македонскиот осигурителен пазар и партнер на своите клиенти.
Поради проширување на нашиот тим, имаме потреба од:
РЕФЕРЕНТ ЗА ЕВИДЕНЦИЈА НА ПОЛИСИ
ОПИС НА РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
- Евидентирање на полиси за осигурување во софтверот на Друштвото;
- Поединечно ги задолжува со полиси сите вработени кои вршат продажба на осигурување и тоа Секторот за продажба на осигурување во Генерална дирекција, сите eкспозитури на Друштвото, застапниците во осигурување, друштва за застапување во осигурување и осигурителните брокерски друштва;
- Врши проверка дали искористените полиси се потпишани за нивната исправност од овластениот продавач на осигурување;
- Врши раздолжување на полисите во софтверот на Друштвото;
- Води евиденција за состојба на отпечатени полиси, издадени и раздолжени;
- Врши подредување и архивско складирање на полисите по нивното раздолжување;
- Врши архивирање на полиси за осигурување од минати години и предавање на истите на тело за архивирање;
- Комуникација со печатници за печатење на обрасци на полиси за осигурување и услови за осигурување.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ, ИСКУСТВО И ОБРАЗОВАНИЕ:
- Средно или високо образование – општа, економска или техничка насока;
- За особена предност ќе се смета работно искуство во друштво за осигурување;
- Одлично познавање на MS Office (Excel, Word, Power Point), Internet;
- Владеење на англиски јазик на работно ниво;
- Аналитичен пристап кон решавање на доделените задачи;
- Прецизност, аналитички пристап и способност за самостојно донесување одлуки;
- Самоиницијативност, истрајност, лојалност и доверливост;
- Комуникациски способности, способност за тимска работа.
НУДИМЕ:
- Вработување на полно работно време, од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот;
- Конкурентна плата, во зависност од искуството на апликантот;
- Одлична можност за професионален развој, обука и стручна надградба во рамките на Друштвото и Групацијата;
- Работа во стабилно Друштво за осигурување, со позитивна, динамична, модерна и пријатна средина;
- Работно место во седиштето на Друштвото во Скопје, на бул.8-ми Септември бр.19А..
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА:
- CV – Лична биографија.
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија на македонски јазик на следната e-mail адреса: hr@euroins.com.mk со назнака дека аплицирате за конкретното работно место, не подоцна од 15.03.2026 година.
Вашите документи за аплицирање треба јасно да покажат зошто токму Вие одговарате за позицијата за која аплицирате.
Оние кандидати чии квалификации ги исполнуваат барањата и потребите на компанијата, телефонски или по електроски пат ќе бидат повикани на разговор.
Со испраќање на апликација за вработување, апликантот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и пропратните документи да се користат за намена на предметниот Оглас за вработување и да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на личните податоци(*).
