Како да го Заштите Вашиот Дом од Кондензација

Како да го Заштите Вашиот Дом од Кондензација

 

Кондензацијата на прозорците и sидовите можеби изгледа како безначајна работа, но може да доведе до секакви проблеми во домаќинството, а ако дозволите, може дури да доведе и до здравствени компликации.

Во оваа статија, ќе разгледаме како најдобро да се справите со кондензација на начин преку кој ќе го задржите Вашиот дом без несакана влага, и ќе го зачувате Вашето здравје.

 

Што ја Предизвикува Кондензацијата?

Да не навлегуваме во премногу детали за тоа како се формира кондензацијата. Доволно е да кажеме дека истата се формира кога топлиот воздух ја исполнува ладната површина, и кога воздухот има високо ниво на влажност.

Влагата во домот е проблем за голем број на домаќинства. Покрај временските услови, таа може да се појави и од секојдневните активности како што се туширање, готвење, па дури и дишење. 

Самата кондензацијата е многу повеќе проблем кога времето е променливо, кога домот се грее, и кога прозорците ги држите затворени отколку во летото, бидејќи студените површини предизвикуваат брзо ладење на влажноста на воздухот.

 

Зошто Кондензацијата е Голем Проблем?

Најлошата последица од кондензација се појавува во форма на влага. Сите го знаеме тоа – влагата во еден дом е непривлечна и миризлива, Но, миризбата е најмал проблем што може таа да го предизвика.

Кога ќе започне да се формира мувла на sидовите, таваните и мебелот, започнува нивна деградација. Ако не се справите со неа веднаш, таа може да доведе до екстремни трошоци за да го замените оштетениот мебел и ѕидови.

Плус, во најлош случај, таа може да влијае на вашето здравје. Влагата дома е лоша за кожата, синусите, предизвикува кашлање и го отежнува дишењето.

 

Како да се Справите со Кондензацијата?

Ако откриете каде најчесто се собираат капки од кондензација, има неколку чекори што можете да ги преземете како краткорочно решение. 

Ако се појави кондензацијата на прозорците или sидовите, постелете крпа надолу, а потоа користете правосмукалка за да ја извадите водата. Вратата од бањата нека биде затворена кога се туширате. Бањите се секогаш подобро изградени за справување со влагата, а затворањето на вратата ја спречува пареата да се шири во остатокот од домот.

Ако постојано се собира многу кондензација на едно место, може да купите и дехидрификатор, но внимавајте да не го исушите воздухот премногу и да не ви троши премногу енергија.

Како и за многу работи, превенцијата е подобро решение против кондензацијата. Осигурајте се дека вентилацијата и изолацијата на вашиот дом е добро направена. Одржувајте го домот добро проветрен.

Отворајте ги прозорците, со тоа ја подобрувате вентилацијата на просторот и вашето здравје. Отворете ги кога готвите, користете сушалка за алишта, или кога ја отварате машината за миење садови. Реорганизирајте го вашиот дом за подобра циркулација на воздухот.  Мебелот нека биде оддалечен најмалку 5 см од sидовите. Ако сте во можност, разгледајте ја и опцијата за системи за вентилација преку кои постојано ќе го снабдувате вашиот дом со свеж воздух.

Добро изолираниот дом ќе биде рамномерно загреан, што помага да се спречи кондензацијата. Добро изолираните sидови ќе спречат да се достигне температура која формира кондензација во Вашиот дом. 

 

Вашиот дом е многу повеќе од цигли и малтер. Од ЕВРОИНС знаеме што го прави домот посебен, и знаеме како да ви помогнеме да се погрижите за истиот. Затоа, нашиот ОДЛИЧЕН 7 пакет за осигурување на станбен објект или куќа е совршената опција за Вашето семејство.

4 Совети за Возење на Влажни и Подмрзнати Патишта

4 Совети за Возење на Влажни и Подмрзнати Патишта

 

Повеќето автомобилски несреќи во зима и рана пролет се предизвикани од преголема брзина и неодржување на доволно растојание помеѓу возилата. Понекогаш кога возиме во услови на голомразица, забораваме дека е потребно подолго време за возилото за закочи.

Следниве четири совети ќе ви помогнат да се подготвите за возење на подмрзнати и лизгави патишта.

 

1. Внимавајте на Брзината

Ограничувањата на брзината не постојат за да не ги почитувате. Самата граница ја претставува максималната брзина со која е дозволено да патувате. Кога условите на патот не се идеални (снег, каша, или мраз), потребно е да:

  • Приспособете ја брзината на условите на патот и успорете.
  • Возете со брзина која можете да ја контролирате.
  • Немојте да го употребувате темпоматот.
  • Бидете внимателни кога ќе се приближите до машини за одржување на патот, и не претекнувајте од десно.

 

2. Оставете Простор

Да го застанете возилото во услови на мраз и снег е трипати потешко отколку на сув пат, а 12 пати потешко е самото возење. Затоа треба да внимавате на просторот помеѓу вашето и возилото пред вас. Пробајте:

  • Внимателно да го гледате возилото пред вас.
  • Доколку возилото пред вас не помине одреден знак барем 3 секунди пред вие да го сторите истото, успорете и зголемете го растојанието.

 

3. Закочете Правилно

Кога кочете во подмрзнати услови, секогаш:

  • Оставете простор пред вас од барем едно возило за да можете да закочите на време.
  • Бидете особено внимателни со просторот при возење во угорница и удолница.

 

4. Пред да Тргнете

Пред да почнете со возење во зима, секогаш е паметно добро да се подготвите:

  • Облечете се соодветно, дури и да возите на кратко растојание.
  • Добро исчистете ги стаклата за да имате појасна видливост на патот и останатите возила.
  • Секогаш имајте полн резервоар. Полупразен резервоар секогаш носи поголем ризик од замрзнување, а и од снемување на гориво доколку се случи нешто на патот.

Имајте на ум дека секое возење во зима ќе претставува предизвик, дури и за искусни зад воланот. Подгответе го вашето возило, возете внимателно и останете свесни за сите услови на патот. Штетата поврзана со временските услови често се појавува во најстудените месеци. Затоа, потполното КАСКО осигурување е клучно, и е една од оние работи за кои треба да се размислува пред време.

6 Совети за Превенција од Зимски Пожари во Вашиот Дом

6 Совети за Превенција од Зимски Пожари во Вашиот Дом

 

За време на зимските месеци, склони сме кон поминување повеќе време дома со најблиските, што значи седење и дружба до камините и печките на дрва. Затоа, нема подобар период да се осигурате дека вашиот дом е заштитен од било какви опасности од пожар кои би произлегле од невнимание и силен оган во вашиот дом.

 

1. Проверете ги Камините и Оџаците

Многу од домашните пожари знаат да произлезат како резултат од затнување на оџакот. Ангажирање на оџачар еднаш годишно за чистење и одржување на вашиот камин и оџак може да спречи многу проблеми и да ви ги спаси животите.

Секој шпорет треба редовно да се чисти, проверува, и одржува најмалку еднаш годишно за да се спречат проблеми.

 

2. Инсталирајте Детектори за Јаглерод Моноксид на Секој кат од Вашиот дом

Ако не се открие, јаглерод моноксидот може да предизвика болест, па дури и смрт. И уште пострашно, чадот секогаш може да се развие во оган, и тоа многу брзо. Бидејќи не може да се види или помириса, детектор за јаглерод моноксид е неопходност во Вашиот дом.

 

3. Користете Заштитно Стакло за Вашиот Камин

Заштитното стакло ќе ги сопре сите искри пред тие да или да летнат од вашиот камин до вашиот тепих. Уште подобро, топлината во домот останува иста.

 

4. Пазете се од Свеќите

Иако свеќите креиреаат амбиент и релаксирачка атмосфера, тие можат лесно да бидат кутнати на земјата од страна на децата или миленичињата. Запалете свеќи само кога сте будни и кога можете да ги гледате, и угасете ги секогаш кога имате намера да ја напуштите просторијата.

 

5. Одржувајте го Оганот на Разумно Ниво

Не морате да правите фурна од Вашиот дом. Да, силен оган изгледа убаво во вашиот камин, но прекумерната топлина може да предизвика пукање во оџакот, и прскање на искри и жар во вашиот дневен престој.

 

6. Останете до Оганот Додека не се Угасне

За многумина, ова е можеби најтешкиот дел, со оглед на фактот дека секој сака удобно да се наспие додека огнот, народски кажано, „си крчка“. Но сепак, особено ако користите отворен камин, не е паметно да го испуштите од вид додека оганот не престане да гори. Имајте потполна контрола и уживајте во амбиентот!

 

Вашиот дом е многу повеќе од цигли и малтер. Од ЕВРОИНС знаеме што го прави домот посебен, и знаеме како да ви помогнеме да се погрижите за истиот. Затоа, нашиот ОДЛИЧЕН 7 пакет за осигурување на станбен објект или куќа е совршената опција за Вашето семејство.

Како да го Подготвите Вашето Возило за Зимска Авантура

Како да го Подготвите Вашето Возило за Зимска Авантура

 

Подготвени за зимска празнична авантура на некоја од познатите дестинации? Не толку брзо! Што доколку на пример ви се расипат светлата на сред мачен и лизгав пат, а вие не сте подготвени за тоа?

Возењето во зима знае да биде вистински предизвик. Гумите може да се лизгаат, мраз и снег може да ги замрзне бришачите и бравите, и лошата видливост може да ве однесе во грешен правец од кој нема враќање.

Најдобриот начин да ги ублажите ефектите од зимското патување за вашето возење е добро да се подготвите.

 

Проверете го Моторот

Пред да одите на патување, однесете го автомобилот на темелна проверка. Осигурајте се дека се под хаубата функционира како што треба.

 

Тестирајте го Акумулаторот

Ова треба да биде нешто што вашиот механичар го прави за време на рутинска проверка, но ние ја потенцираме важноста на тоа, затоа што акумулатор кој функционира добро може да ви го спаси животот ако заглавите во вашиот автомобил за време на зимска бура. Исто така, ако редовно го паркирате автомобилот надвор во зима, добар акумулатор ќе ги спречи оние фрустрирачки повици кон механичарите да дојдат во ниедно време да го стартуваат вашиот автомобил.

 

Проверете ги Гумите

Осигурајте се дека внатрешниот притисок на гумите е добар и дека шарата на гумите не е истрошена. Најдобро е да употребувате потполно нови зимски гуми. Зимските гуми се направени од гумени соединенија отпорни на ниски температури, така што тие нема да пукаат и ќе на пукање и имаат подобро триење на асфалтот/снегот.

 

Заштитете го Ентериерот

Зимското време знае да биде неуредно. Кога влегувате и излегувате од автомобилот откако ќе прошетате низ снег и каша, на подот на вашиот автомобил ќе имате валкана вода, која може да го оштети ентериерот на Вашето возило. Ова оштетување можете да го спречите со ставање на гумени подни стапки. Тие се едноставни за вметнување, и ако се извалкаат, можете да ги извадите, измиете, и користете повторно.

 

Спакувајте Комплет за Итни Случаи

Ако планирате подолго возење оваа зима, никогаш не можете да знаете дали ќе надојде снежна бура која ќе ве присили да почекате надвор од автопатот. Ако тоа се случи, треба да бидете подготвени со сите неопходни работи кои ќе ви помогнат да останете топли, хидрирани, и сигурни додека бурата не прекине.

 

Средете ја Шофершајбната

Лошата видливост за време на зима во комбинација со шофершајбна од која не можете да гледате јасно е рецепт за катастрофа. Пред да тргнете на патување, избрешете го стаклото со течност која е дизајнирана да го разложи мразот што е можно побрзо за да имате многу појасен преглед на патот.

 

Имајте на ум дека секое возење во зима ќе претставува предизвик, дури и за искусни зад воланот. Подгответе го вашето возило, возете внимателно и останете свесни за сите услови на патот. Штетата поврзана со временските услови често се појавува во најстудените месеци. Затоа, потполното КАСКО осигурување е клучно, и е една од оние работи за кои треба да се размислува пред време.

Како да го Намалите Ризикот од Пијано Возење за Време на Празниците

Како да го Намалите Ризикот од Пијано Возење за Време на Празниците

 

Празничниот период пристигнува, и знаеме дека помеѓу Нова Година и Божиќ, ќе се конзумира доста алкохол! Додадете го и студеното време со подмрзнати тротоари и патишта, и имате многу опасна комбинација која може да резултира со фатални несреќи!

Но сепак, и покрај предупредувањата луѓето продолжуваат да возат во пијана состојба верувајќи дека успешно ќе се справат со несаканите ефекти од алкохолот. Многумина ќе речат:

“Ах, штом уште зборам и чашава не ми паѓа од раце, можам да возам каде сакаш!”

Или, вечното клише на крајот од секоја забава:

“Ајде по едно кафе да се отрезниме па да возиме накај дома!”

Но, вистината е дека алкохолот ни ги одзема вештините за возење и координација долго пред да покажеме знаци на интоксикација.

Доцните часови во комбинација со неколку пијачки можат лесно да ве исфрлат од колосек кога сте зад воланот.

А кафето може привремено да ве разбуди, но нема да може да се избори со нарушувањата во одлучувањето и координацијата како последица од алкохол.

Ризиците од пијано возење во празничниот период кој ни претстои се големи и не вреди да ја загрозувате Вашата, и безбедноста на Вашата фамилија и вработени. Затоа, пред да наздравете со “Уште по една” размислете за следново:

 

  • Планирајте однапред. Доколку имате намера да се напиете, немојте да возите. Играјте на сигурно и поминете си убаво пред и после прославата.
  • Ветете дека нема да возите поднапиени. Доколку подлегнете на искушението, повикајте такси или нека ве одвезе пријател кој е во потрезна состојба.
  • Внимавајте на другите. Ако гледате дека некој претерал со алкохолот, земете му ги клучевите, и безбедно одвезете го/ја дома.
  • Пријавете. Доколку видете дека некој тотално ја изгубил контролата над возилото, пријавете го веднаш на надлежните органи. Спасете го неговиот, и животот на некој друг.
  • Доколку одржувате забава со Вашите вработени, замолете ги да ви достават план за пристигнување на забавата. Организирајте им превоз за да не ризикуваат кога ќе се враќаат од забавата.
  • Ако организирате забава, алкохолот нека не биде главната атракција. Има многу други начини на кои можете да се забавувате и да си поминете убаво. Алкохолот не треба да биде првото нешто кое ќе го видат вашите гости.
  • Избегнувајте премногу солени закуски. Тие само ве тераат да пиете повеќе.
  • Кажете НЕ. Доколку немате намера да пиете, немојте. Затоа што е празник и има алкохол, не значи дека морате да се напиете. Пиењето алкохол не е ваша законска обврска, и нема да сте нељубезни доколку побарате безалкохолен пијалок.

Запомнете дека самата здравица е само гест, и не е некоја цел кон која треба да се стремите за време на празниците. Кога е празник, најважно е да бидете со оние кои ги сакате и да си поминете убаво. Алкохолот секогаш треба да остане само опција.

Имајте ги на ум гореспоменатите работи, и најважно од се, Ви посакуваме да бидете безбедни, и да си поминете убаво во периодот кој ни претстои.

Среќни Празници од ЕВРОИНС МАКЕДОНИЈА. Со најдобри желби, за Вашата Сигурност!

7 Совети како да го Заштитите Вашиот Дом од Студот

7 Совети како да го Заштитите Вашиот Дом од Студот

 

Како што се приближува зимскиот период, време е да го подготвите вашиот дом за студените месеци. Со помош на следниве седум совети, ќе ја зголемите енергетската ефикасност на Вашиот дом, и истовремено, ќе го заштитите од оштетување предизвикано од дожд, снег и поларни температури.

  1. Направете енергетска проверка – Ова можете да го направите сами или да ангажирате професионалец кој може да ви помогне да откриете било какви проблеми во вашиот дом пред да настапи студеното време.
  2. Осигурајте се дека не постои провев – Ќе бидете изненадени ако ви кажеме колку енергија губите заради неубаво затворени врати во зима? Намалете ја загубата на енергија со правилно затворање и на сите простори околу вратата. Истото важи и за прозорците.
  3. Додадете изолација – Многу од постарите домови имаат мала или никаква изолација. Со додавањето на изолација во таванот, ѕидовите или подовите ќе ја зачувувате топлината во вашиот дом.
  4. Новото е подобро – Со купувањето на нова печка или нови и поефикасни уреди, можете да ја зголемите енергетската ефикасност на вашиот дом додека ја одржувате топлината за време на студените месеци.
  5. Употребувајте паметен термостат – Одржувањето на оптимална температура може да ви заштеди многу пари. Паметните термостати ќе ве предупредат за невообичаено ниски температури во вашиот дом, што е можен претходник за замрзнување на цефки и прекин на електричниот напон.
  6. Не дозволувајте температура под 18 степени – Иако сакате да бидете ефикасни со енергијата, исто така треба да ја одржувате температурата редовно над 18 степени за да ви биде топло, но и да бидете сигурни дека цевките во домот нема да замрзнат и да пукнат. Покриете ги надворешните чешми со изолација и редовно проверувајте дали имате протекување за да ја можете да ја исклучите водата во случај на проблеми.
  7. Чистете ги олуците редовно – Исчистете ги олуците на покривот и спуштените места, така што тие да можат да се исцедат правилно и да не предизвикаат проблеми со создавање на мраз или протекување на вода во вашиот дом.

ЕВРОИНС Осигурување знае дека Вашиот дом е многу повеќе од градба. Дом се и сеќавањата, моментите, и секој можен детал кој ви го прави животот поубав во истиот. Но, безбедноста е она кое ви помага да уживате во сето тоа. Затоа, нашиот ОДЛИЧЕН 7 пакет за осигурување на станбен објект или куќа е совршената опција за Вашето семејство.

Како Климатските Промени Можат да Влијаат врз Компаниите

Климатските промени можат да влијаат врз компаниите на повеќе начини – од физичка штета предизвикана од силни ветрови, поплави, или пожар до прекини во работата и трошоци за одговорност кон вработените.

Имајќи ја во предвид реалната опасност од климатските промени, побарувачката за осигурување е значително зголемена од страна на деловните субјекти. Токму поради тоа, во овој пост ќе ги наведеме ризиците од климатските промени за кои една компанија мора да биде подготвена.

 

Дали Вашата Компанија е во Опасност?

Дали сте во опасност, и како климатските промени ќе влијаат на вашиот бизнис зависи од следниве фактори:

  • Вашата Локација: Дали сте лоцирани на место каде се случувале повеќе поплави, пожари, или бури во минатото? Може ли Вашата компанија да продолжи со работа ако временските услови не им дозволуваат на вработените да стигнат до канцелариите?
  • Типот на Компанија: Дали се занимавате со производствена дејност, или нудите услуги?
  • Структура на Локацијата: Дали вашите простории се структурирани за да издржат екстремни временски услови?
  • Финансиска Подготвеност: Колку долго можете да се снабдувате со потребните безбедносни материјали за да го одржите објектот безбеден? Дали можете да го осигурате целиот објект и вашиот персонал?

Со одговарањето на прашања погоре, ќе ги идентификувате последиците со кои вашиот бизнис би се соочил во случај на екстремни климатски промени.

 

Последиците за Кои Вашиот Бизнис Треба да Биде Подготвен

Некои климатски промени може лесно да се забележат, како што се поплавите, ветерот, или пожарот. Но, некои од нив е тешко да ги предвидиме.

Во зависност од видот на бизнисот и Вашите деловни потреби, ризикот поврзан со екстремните временски услови и глобалното затоплување може да биде од минимален до драстичен. Да разгледаме некои непосредни и секундарни ризици и последици врз деловното работење поврзани со климатските промени.

 

Штета на Имотот

Овој вид загуба е веројатно она што ви доаѓа прво на памет кога мислите за екстремни временски услови. Со осигурување на Вашиот имот и деловен простор, вашата компанија може да заштеди многу пари. Имајте на ум дека осигурувањето на имот за вашата компанија треба да ги опфати сите простории, вклучително и оние внатре и надвор од зградата(ите).

 

Прекин на Работата

Има толку многу фактори кои можат да предизвикаат прекин на вашата работа, а лошите временски услови само ги зголемуваат шансите за ситуации како што се:

  • Одложени испораки и транспорт
  • Застој во производството
  • Вработените да не можат да се пријават на работа
  • Неможност да се присуствува на важни деловни состаноци
  • Немање електрична енергија

 

Одговорност за Вработените

Несреќи секогаш може да се случат, особено во услови на невреме или пожар. Како работодавец, ваша должност е да ги осигурате од одговорност вашите вработените. Со тоа, ќе го заштите вашиот персонал, ќе ја заштитите вашата компанија од тужби, и ќе ги покриете евентуалните трошоците за надомест на штета на вработениот при повреда на работното место.

 

Јавна Одговорност

Променливото време може да предизвика оштетување на имотот на трети лица и непосредни објекти, како и да предизвика најразлични повреди. Самото оштетување на вашиот деловен простор претставува потенцијален ризик за трети лица во близина на вашите простории. Оттука, осигурувањето од јавна одговорност додава дополнителен слој на заштита на вашата деловна активност, бидејќи ги опфаќа правните трошоци и побарувањата за компензација направени од трети лица против вашата компанија.

 

Работете со Експерти

Накратко ги наведовме највиталните последици и ризици кои што компаниите треба да ги земат предвид кога се работи за климатските промени и деловното работење. Само одговорни компании ги сфаќаат истите сериозно!

Еден начин да се подготвите за било какви временски ризици е да користите помош од врвна осигурителна компанија, како што е Осигурителното Друштво ЕВРОИНС АД Скопје. Како една од водечките осигурителни компании во регионот, преку уникатен пристап и консултации, ние ќе ви овозможиме специјализирани решенија за усогласување на временски ризиците со Вашите бизнис потреби.

Безбедност при Возење во Зима: Како да се Подготвите

Безбедност при Возење во Зима: Како да се Подготвите

 

Кога ладното време ќе започне, како возачи ќе се соочите со многу вонредни предизвици. Дождовите, снегот, и лизгавите патишта го отежнуваат возењето, и ги зголемуваат шансите за несреќа на патот.

Ако планирате да патувате во наредните неколку месеци, подготовката на Вашиот автомобил и прилагодувањето на возењето според условите на патот се клучни за да останете безбедни. Следниве неколку совети за безбедност при возење на ладни временски услови ќе ви помогнат да се подготвите за евентуалните проблеми со кои би се соочиле на патот.

 

Подгответе го Вашето Возило

Кога температурите опаѓаат, треба да бидете сигурни дека вашиот автомобил е комплетно опремен за возење во зима. Секогаш носете со себе стругалка за мраз, мала лопата, и вреќичка со песок или сол. Исто така, проверете ги гумите за да утврдите дали е време да ги замените со нови.

Одржувајте ги бришачите на вашето возило во добра состојба. Резервоарот за гориво нека ви биде постојано полн за да може возилото да работи и на сопатниците да им биде топло доколку заглавите некаде.

Полниот резервоар исто така ги намалува шансите за замрзување на горивото. Не заборавајте доколку е можно да го гаражирате возилото и да го возите најмалку еднаш неделно за да избегнете умртвување на акумулаторот.

 

Возете Внимателно

Пред да тргнете на пат во зимски услови, одвојте време да го исчистите снегот и мразот од вашиот автомобил, вклучувајќи ги прозорците, огледалата, светлата, аспираторот, и каросеријата. Возете со вклучени светла и осигурајте се дека истите се постојано чисти.

Кога ќе тргнете со возилото, запомнете дека ограничувањата на брзината се наменети за суви патишта. Ако патот е покриен со снег и мраз, намалете ја брзината и одржувајте доволно растојание помеѓу возилата пред и зад вас.

Избегнувајте претекнување на камионите со снежни плугови и песок, затоа што патот пред нив веројатно е многу поопасен од патот зад вашето возило.

 

Во Случај на Расипување или Заглавување

Доколку неочекувано се најдете насред снежна бура или заглавите на патот, ако вашето возило и вие сте безбедни од понатамошна штета, останете мирни и почекајте помош. Можете да го запалите моторот и да го пуштите греењето, но најпрвин осигурајте се дека ауспухот и аспираторот на автомобилот се чисти. Тоа ќе го блокира евентуалното навлегување на јаглерод моноксид во автомобилот.

Имајте на ум дека секое возење во зима ќе претставува предизвик, дури и за искусни зад воланот. Подгответе го вашето возило, возете внимателно и останете свесни за сите услови на патот. Штетата поврзана со временските услови често се појавува во најстудените месеци. Затоа, потполното каско осигурување е клучно, и е една од оние работи за кои треба да се размислува пред време.

16 Интересни Факти за Осигурувањето

16 Интересни Факти за Осигурувањето

 

Осигурителната сфера е многу поинтересна отколку што мислите. Низ годините, луѓето и компаниите имаат инвестирано многу за да ги осигураат работите кои им се важни. Следниве 16 интересни факти се само доказ за долговечноста и моќта на осигурителната индустрија.

 

  1. Најскапата полиса за осигурување во светот му припаѓа на американскиот режисер Стивен Спилберг, чиј живот е осигуран за 1,2 милијарди долари.

 

  1. Посветеноста на Британците за коцкање е толку силна што „Лојд“ разви специјална полиса за осигурување за работодавецот во случај на отказ од двајца или повеќе вработени кои би ја освоиле националната лотарија. Според оваа полиса, осигурителот ги покрива трошоците за услуги поврзани со ангажирање и обука на вработените.

 

  1. Иако концептот за осигурување потекнува уште од старите цивилизации, првата полиса за осигурување била потпишана во 1347 година, во Џенова, Италија.

 

  1. Дали знаевте дека уште во 1682 година во Лондон, можело да се купи осигурување од пожар? Условите биле следниве: на граѓаните кои поседувале осигурување од пожар, им била дадена метална плоча која морале да ја прикачат на нивниот дом. Ако домот им се запали, без металната плоча нема воопшто да биде изгасен, освен ако оганот не се прошири до соседниот дом кој ја поседува металната плоча.

 

  1. Во 2003 година, Пепси водеше наградна игра каде што можевте да освоите 1 милијарда американски долари. Но, дали знаевте дека брендот платил околу 10 милиони долари за да се осигура дека некој никогаш да не би ја освоил големата награда!

 

  1. Осигурувањето е старо илјадници години. Навистина, првото појавување на осигурување во историјата, наводно, се случило во Кина, пред околу 3000 години.

 

  1. Американската осигурителна историја и претходи на Американската револуција. Можеби не сте чуле за Philadelphia Contributionship, но тоа е најстарата активна компанија за осигурување во Америка, основана во 1752 година од Бенџамин Френклин и други.

 

  1. Во 2010 година, Старбакс потрошил повеќе за здравствено осигурување на своите вработени отколку на кафе.

 

  1. Кога пред 90 години комедиите во кината станувале популарни, луѓето земале полиси за осигурување во случај да умрат од смеа.

 

  1. На астронаутите од Аполо 11 не им понудиле животно осигурување. Наместо тоа, тие оставиле стотици автограмирани постери за нивните семејства да ги продадат ако им се случи нешто.

 

  1. Идејата за GPS долго време не била патентирана затоа што се верувало дека осигурителните компании никогаш нема да дозволат луѓето да возат со уред за навигација.

 

  1. Зборот „осигурување“ датира од средината на 15-от век и се смета дека потекнува од англо-норманскиот збор „enseurer“ (буквално „сигурен“ и „направи“).

 

  1. Французин, Макс Херве-Жорж, има полиса за осигурување што му дозволува да тргува акции врз основа на минатонеделни цени. Овој договор е наречен најглуп договор што некогаш бил потпишан, затоа што може да резултира со тоа Макс да стане сопственик на осигурителната компанија.

 

  1. Иран го елиминираше списокот на чекање за трансплантација на бубрег мотивирајќи ги донаторите преку финансиска компензација и здравствено осигурување.

 

  1. Холандија е единствената земја во светот каде што е задолжително секој да има приватно здравствено осигурување. Премиите не се засноваат на возраста или здравствената состојба, туку на приходот и се во просек 100 € месечно.

 

  1. Хаваи бара од работодавците да плаќаат здравствено осигурување за вработените кои работат 20 часа или повеќе неделно уште од 1975 година.

 

Иако во Евроинс не работиме со славни режисери и немаме специјални полиси во случај на лото добивки, можеме да ви помогнеме да го заштитите она што за вас е најважно и да се чувствувате безбедни во услови на страшни ситуации.

За да можете да го заштитите она што е најважно, контактирајте не денес.