ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОМЕНИ НА ВАЖНОСТ НА ЗЕЛЕНИОТ КАРТОН ЗА ПАТУВАЊА ВО РУСИЈА И БЕЛОРУСИЈА

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА
ПРОМЕНИ НА ВАЖНОСТ НА ЗЕЛЕНИОТ КАРТОН ЗА ПАТУВАЊА ВО РУСИЈА И БЕЛОРУСИЈА
13.06.23

Ве известуваме дека Советот на Бироа во Брисел на Генералното Собрание одржано на ден 08.06.2023 година донесе Одлука за суспензирање на членството во Системот на зелена карта на Бироата на Русија и Белорусија. Оваа Одлука стапува на сила на ден 30.06.2023 година.
Се известуваат имателите на веќе издадените македонски зелени карти по 30.06.2023 година, истите нема да важат за влез во Русија и Белорусија.
Возилата со македонски регистaрски ознаки при влез во Русија и Белорусија ќе го регулираат влезот во овие држави, согласно нивните национални законодавства.
Доколку македонски возила влезат на територија на Русија и Белорусија со издадената зелена карта по 30.06.2023 година и причинат штета на територијата на овие држави, исплата на евентуално настанатата штета не може да изврши осигурителната компанија која ја издала зелената карта, ниту може да биде гарант за плаќање на штета Националното Биро за осигурување согласно одредбите на Советот на Бироа.

Македонските возила кои влегле во Русија и Белорусија пред 30.06.2023 година и ќе се затекнат на територијата на овие држави по овој датум, обврзани се да го регулираат осигурувањето согласно нивното законодавтството, со оглед дека зелената карта нема да им важи за овие држави.

Влез на руски и белоруски возила на територијата на Р.Северна Македонија

Зелените карти издадени од Руското и Белоруското Биро нема да важат за влез во државата по 30.06.2023 година
Возилата кои се законски регистрирани во Русија и Белорусија при влез на територија на Р.Северна Македонија по 30.06.2023 година мораат да извадат полиса за гранично осигурување .

Одлуката на Советот на Бироа во Брисел е донесена поради усогласување на Системот на зелената карта со донесените санкции спрема овие две држави и неможноста на функционирање на SWIFT системот за плаќања и наплата на штети во постапка како е регулирано во Општите одредби на Советот на Бироа во Брисел.

 

 

Преземено од Национално Биро за осигурување ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОМЕНИ НА ВАЖНОСТ НА ЗЕЛЕНИОТ КАРТОН ЗА ПАТУВАЊА ВО РУСИЈА И БЕЛОРУСИЈА (nibm.com.mk)

 

Јавен повик свикување на Годишно собрание на акционерите на ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје за деловната 2022 година

Јавен повик свикување на Вонредно собрание на акционерите на ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во 2023 година

Известување за технички проблем со фиксна телефонија на Евроинс Осигурување – Генерална дирекција

Почитувани клиенти, Поради технички проблеми со фиксната телефонија на Евроинс Осигурување во Генералната дирекција, Ве известуваме дека телефонската централа привремено не работи. За Вашите потреби може да не контактирате на следните телефони:

  • Продажба 075/ 318 357;  078/ 331 539
  • Штети 02/ 55 11 563; 076/ 431 980; 075/ 318 775
  • Сметководство и Финансии 076/ 426 931; 071/ 359 018
  • Наплата 075/ 318 616
  • Технички секретар 02/ 32 28 904; 075/ 304 196

Со почит, Евроинс Осигурување АД Скопје

Eurohold доби одобрение од Регулаторната Комисија за Енергетика и Водостопанство за преземање на филијалите на Групацијата CEZ во Бугарија

Eurohold доби одобрение од Регулаторната Комисија за Енергетика и Водостопанство за преземање на филијалите на Групацијата CEZ во Бугарија  

Софија, 19 јануари 2021 год. – Eurohold од Бугарија, сопственик на мнозинскиот акционер на една од водечките компании за осигурување во С.Македонија, ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, доби одобрение од Регулаторната Комисија за Енергетика и Водостопанство од Бугарија за преземање на филијалите на Чешката Компанија за Енергетика на Групацијата CEZ во Бугарија.

На овој начин, Eurohold ги доби сите потребни одобренија од надлежните органи во Бугарија за спроведување на преземањето. Зделката е одобрена од Бугарската Комисија за заштита на конкуренцијата на 29 октомври 2020 година.

Следната фаза во процесот на преземање ќе биде потпишување на договорите за финансирање и трансферот на акциите. Eurohold ќе го финансира преземањето со комбинација на сопствен капитал и позајмен капитал обезбеден од водечките глобални инвестициски банки.

“Добивме одобренија од Бугарските регулаторни органи за антимонополска управа и енергетика, и веќе можеме да пристапиме кон финансирање и реализирање на зделката. Имаме поддршка од глобални инвестициски банки со солидно искуство во обезбедување на финансирање за такви трговски зделки. По завршување на преземањето, нашиот стремеж е да станеме водечки регионален обезбедувач на услуги во осигурувањето и сервисните дејности“, изјави Васил Стефанов, Директор за спојувањa и преземања во Eurohold Бугарија.

Eurohold ќе го стекне бизнисот на Групацијата CEZ во Бугарија преку својата филијала посебно формирана и лоцирана во Холандија – Еastern European Electric Company B.V. (EEEC). Зделката вклучува преземање на вкупно седум филијали на Групацијата CEZ во Бугарија (вклучително и 67% од најголемата електрана за Дистрибуција на CEZ  и најголемиот снабдувач на енергија CEZ Electro од Бугарија), 100% од акциите на најголемиот лиценциран трговец со електрична енергија во Бугарија CEZ Trade како и 100% од CEZ Bulgaria – компанија која ги координира и менаџира сите филијали на Групацијата CEZ во Бугарија.

CEZ е наголем енергетски снабдувач и дистрибутер на електрична енергија во Бугарија, кој опслужува околу 3 милиони клиенти во најнаселениот југозападен дел на земјата, вклучувајќи го и главниот град на Бугарија, Софија. Во 2019 CEZ Бугарија прикажале вкупни приходи и средства од БГН 1.4 милијарди (700 милиони ЕУР). Компанијата има над 3000 вработени во Бугарија.

Со стекнувањето на бизнисот на Групацијата CEZ во Бугарија, Eurohold ќе се фокусира на два главни сектори долгорочно – осигурување и енергетика. Вкупните средства и приходи на холдингот во делот на осигурувањето и енергетиката ќе ја надминат вредноста од БГН 3 милијарди (1.5 милијарди ЕУР), притоа опслужувајќи повеќе од 7 милиони клиенти и вработувајќи над 6000 лица.

Eurohold Bulgaria AD

Eurohold Бугарија е водечка независна деловна групација во регионот на  CEE/SEE/CIS  и најголема јавна холдинг компанија во Бугарија. Работи во полето на осигурување, лизинг, продавање на моторни возила, менаџирање со средства и услуги за инвестирање. Eurohold се котира на BSE и WSE. Eurohold е сопственик на Евроинс Иншуранс Груп (ЕИГ) (Euroins Insurance Group (EIG)), една од најголемите независни групации за осигурување во регионот на CEE/SEE/CIS, која работи во 11 земји и поседува филијали во Бугарија, Романија, С.Македонија, Украина, Грузија, Русија и Белорусија. EIG исто така работи и во Грција и Полска, а има воспоставени бизнис операции во осигурување во Шпанија и Италија. Во моментот Групацијата за осигурување има повеќе од 4 милиони клиенти и над 3000 вработени лица.  

www.eurohold.bg   www.eig.bg