Eurohold доби одобрение од Регулаторната Комисија за Енергетика и Водостопанство за преземање на филијалите на Групацијата CEZ во Бугарија

Eurohold доби одобрение од Регулаторната Комисија за Енергетика и Водостопанство за преземање на филијалите на Групацијата CEZ во Бугарија  

Софија, 19 јануари 2021 год. – Eurohold од Бугарија, сопственик на мнозинскиот акционер на една од водечките компании за осигурување во С.Македонија, ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, доби одобрение од Регулаторната Комисија за Енергетика и Водостопанство од Бугарија за преземање на филијалите на Чешката Компанија за Енергетика на Групацијата CEZ во Бугарија.

На овој начин, Eurohold ги доби сите потребни одобренија од надлежните органи во Бугарија за спроведување на преземањето. Зделката е одобрена од Бугарската Комисија за заштита на конкуренцијата на 29 октомври 2020 година.

Следната фаза во процесот на преземање ќе биде потпишување на договорите за финансирање и трансферот на акциите. Eurohold ќе го финансира преземањето со комбинација на сопствен капитал и позајмен капитал обезбеден од водечките глобални инвестициски банки.

“Добивме одобренија од Бугарските регулаторни органи за антимонополска управа и енергетика, и веќе можеме да пристапиме кон финансирање и реализирање на зделката. Имаме поддршка од глобални инвестициски банки со солидно искуство во обезбедување на финансирање за такви трговски зделки. По завршување на преземањето, нашиот стремеж е да станеме водечки регионален обезбедувач на услуги во осигурувањето и сервисните дејности“, изјави Васил Стефанов, Директор за спојувањa и преземања во Eurohold Бугарија.

Eurohold ќе го стекне бизнисот на Групацијата CEZ во Бугарија преку својата филијала посебно формирана и лоцирана во Холандија – Еastern European Electric Company B.V. (EEEC). Зделката вклучува преземање на вкупно седум филијали на Групацијата CEZ во Бугарија (вклучително и 67% од најголемата електрана за Дистрибуција на CEZ  и најголемиот снабдувач на енергија CEZ Electro од Бугарија), 100% од акциите на најголемиот лиценциран трговец со електрична енергија во Бугарија CEZ Trade како и 100% од CEZ Bulgaria – компанија која ги координира и менаџира сите филијали на Групацијата CEZ во Бугарија.

CEZ е наголем енергетски снабдувач и дистрибутер на електрична енергија во Бугарија, кој опслужува околу 3 милиони клиенти во најнаселениот југозападен дел на земјата, вклучувајќи го и главниот град на Бугарија, Софија. Во 2019 CEZ Бугарија прикажале вкупни приходи и средства од БГН 1.4 милијарди (700 милиони ЕУР). Компанијата има над 3000 вработени во Бугарија.

Со стекнувањето на бизнисот на Групацијата CEZ во Бугарија, Eurohold ќе се фокусира на два главни сектори долгорочно – осигурување и енергетика. Вкупните средства и приходи на холдингот во делот на осигурувањето и енергетиката ќе ја надминат вредноста од БГН 3 милијарди (1.5 милијарди ЕУР), притоа опслужувајќи повеќе од 7 милиони клиенти и вработувајќи над 6000 лица.

Eurohold Bulgaria AD

Eurohold Бугарија е водечка независна деловна групација во регионот на  CEE/SEE/CIS  и најголема јавна холдинг компанија во Бугарија. Работи во полето на осигурување, лизинг, продавање на моторни возила, менаџирање со средства и услуги за инвестирање. Eurohold се котира на BSE и WSE. Eurohold е сопственик на Евроинс Иншуранс Груп (ЕИГ) (Euroins Insurance Group (EIG)), една од најголемите независни групации за осигурување во регионот на CEE/SEE/CIS, која работи во 11 земји и поседува филијали во Бугарија, Романија, С.Македонија, Украина, Грузија, Русија и Белорусија. EIG исто така работи и во Грција и Полска, а има воспоставени бизнис операции во осигурување во Шпанија и Италија. Во моментот Групацијата за осигурување има повеќе од 4 милиони клиенти и над 3000 вработени лица.  

www.eurohold.bg   www.eig.bg

Влијанието на корона вирусот врз Деловните Субјекти: Предизвици и Решенија

Влијанието на корона вирусот врз Деловните Субјекти: Предизвици и Решенија

 

Во оваа статија ќе разгледаме кои се непосредните ризици со кои се соочуваат компаниите како последица на ширењето на COVID-19 вирусот, какво е нивното влијание врз деловните субјекти, и кои се клучните чекори кои морате да ги преземете да го заштитите Вашиот бизнис.

Три од клучните предизвици за деловните субјекти кои треба да се истакнат се:

  1. Увозот и Извозот: Бизнисите што се потпираат на набавки од земји или организации кои го ограничиле патувањето и увозот и извозот на стока како последица на загриженоста за ширењето на Коронавирусот, би можеле да се најдат себеси под зголемен финансиски притисок како последица на тоа.
  2. Вработувањата: Еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат деловните субјекти е самоизолацијата на вработените и како тоа влијае врз секојдневното работење. Дали/треба ли вработените да се изолираат? Како може бизнисот да функционира доколку персоналот мора да работи од дома и/или е болен? Може ли работното време или начинот на работење да се променат за да се задоволат потребите на клиентите?
  3. Социјалното Дистанцирање: Во изминатите две недели, забележително е намалувањето на движењето бидејќи луѓето ги почитуваат државните мерки и ги избегнуваат јавните места и собири. Секторите кои веројатно се најпогодени од „социјалното дистанцирање“ се патувањето, трговијата, спортот и угостителството. Компаниите кои подолго време се во неволја и пред појавата на вирусот, моментално се најранливи, и самата криза може да биде крај на патот за многу компании. 

Па, како би можеле да се справите со горенаведените предизвици кои ги носи новонастанатата кризна состојба? 

 

Ревидирајте ја Вашата Финансиска Состојба

Во овие тешки времиња, од суштинско значење е да се донесат информирани одлуки за вашиот бизнис врз основа на тековната финансиска позиција. 

Во очекување на ограничувања наметнати од владата, вашата способност за трговија преку овој период, плаќањето на заостанатите долгови, платите на вработените или исполнувањето на постојните лизинг или заемски отплати ќе бидат одредени од вашата финансиска позиција. 

Контактирајте го вашиот сметководител за да разговарате за различните опции кои ви се достапни и да направите план за како да ја приспособите вашата деловна активност. 

 

Одржувајте Хигиена во Работниот Простор

Бришете ги сите површини и предмети редовно со средства за дезинфекција. Зошто? Бидејќи допирањето на површините е еден главните начини на кои се шири COVID-19. 

Поставете распрскувачите за триење на рацете на видните места околу работното место. Осигурајте се дека тие се постојано полни. 

Исто така, персоналот и клиентите нека имаат постојан пристап до местата каде што можат да ги измијат рацете со сапун и вода. Зошто? Бидејќи миењето раце го убива вирусот на вашите раце и го спречува ширењето на COVID-19.

 

Размислете за Владини Мерки и Финансиска Помош

Поддршката на економијата во овие кризни времиња е од исклучителна важност. Истражете каква финансиска поддршка или олеснување обезбедува Владата за поддршка на компаниите кои се соочуваат со ризици како последица на ограничувањата поради Коронавирусот.

 

Осигурајте се Дека ќе ги Исполните Договорните Обврски

Каков ефект ќе имаат предизвиците кои ги носи Коронавирусот врз способноста на компанијата да ги исполни своите договори? Размислете како можете да ги исполните Вашите договорни обврски. Дали можете да работи со вашите клиенти непречено и покрај сите предизвици? Дали клиентите ќе се согласат да продолжат да работат со вас?

 

ОСТАНЕТЕ ДОМА! Насоки за Домаќинства со Можна Инфекција од Коронавирусот (COVID-19)

ОСТАНЕТЕ ДОМА! Насоки за Домаќинства со Можна Инфекција од Коронавирусот (COVID-19)

 

Во периодот кој следи, од исклучителна важност е да ги почитувате препораките на СЗО и мерките на Министерството за Здравство, без разлика дали ги чувствувате симптомите на коронавирусот, или не. 

Овие насоки се наменети за:

 

  • Лица со можни симптоми кои можат да бидат предизвикани од коронавирусот, а не бараат болничко лекување, 
  • Лица кои мора да останат дома сè додека не бидат во добра состојба
  • Лица кои живеат со некој кој покажува симптоми што можат да бидат предизвикани од коронавирусот.

 

Главните препораки кои овие лица мора да ги почитуваат се:

  • Ако живеете сами и покажувате симптоми на корона вирус COVID-19, колку и да се симптомите благи, останете дома 7 дена од кога започнале вашите симптоми. 
  • Aко живеете со други и вие или еден од луѓето до вас имате симптоми на коронавирусот, тогаш сите членови на домаќинството мора да останат дома и да не ја напуштаат куќата 14 дена. 14-дневниот период започнува од денот кога првиот човек во куќата се разболел.
  • Многу веројатно е дека луѓето кои живеат во домаќинството ќе се заразат едни со други или веќе ќе бидат заразени. Морате да останете дома 14 дена и тоа во голема мерка ќе го намали вкупното количество на инфекција што домаќинството може да го пренесе на другите членови во семејството. 
  • Секој во домаќинството што почнува да покажува симптоми, треба да остане дома во самоизолација 7 дена од кога се појавиле симптомите, без оглед на тоа во кој ден од првичниот период на изолација од 14 дена се појавиле истите. 
  • Ако можете, преместете ги ранливите лица (постарите лица и оние со хронични здравствени состојби) надвор од домот во посебна просторија, за да останете со остатокот од семејството за време на периодот на изолација на домот. Ако не можете да ги оддалечите ранливите лица надвор од вашиот дом, држете се подалеку од нив колку што е можно повеќе.
  • Ако имате симптоми на коронавирус: Не одете директно на лекар, во аптека или во болница; Тестирајте се за коронавирус и ако е потребно останете во вашиот дом; Замолете го вашиот работодавец или пријателите да ви помогнат да ги добиете сите потребни намирници за да останете дома.
  • Редовно мијте ги рацете со времетраење од миминум 20 секунди, секој пат користејќи сапун и вода или користете санитарно средство за раце.
  • Немојте никако да го допирате лицето

Ако сметате дека не можете да се справите со симптомите дома, или вашата состојба се влошува, или вашите симптоми не се подобрат по неколку дена, тогаш јаветe се на регионалниот Центар за Јавно Здравје, или на службата „Ало Докторе“:

  • ЦЈЗ Битола 071 261 330 
  • ЦЈЗ Велес 071 219 278 
  • ПЕ Гевгелија 078 545 444 
  • ЦЈЗ Кочани 071 373 913 
  • ЦЈЗ Куманово 070 215 851 
  • ЦЈЗ Охрид 070 723 029 
  • ЦЈЗ Прилеп 076 475 747 
  • ЦЈЗ Скопје 071 289 614 
  • ЦЈЗ Струмица 072 235 543 
  • ЦЈЗ Тетово 075 240 464 
  • ПЕ Гостивар 076 365 161 
  • ЦЈЗ Штип 078 365 613 
  • ИЈЗ Скопје 078 387 194 
  • ЗД “Ало докторе” 02/15 123

5 најголеми ризици во деловното патување денес

5 најголеми ризици во деловното патување денес

 

Како осигурителна компанија, ние постојано ги анализираме макроекономските трендови, политиките, и податоците како во земјава така и пошироко. 

Преку истражување во многу области, формираме политичка и економска слика за државите, при што ги информираме нашите клиенти за постојните нови ризици со кои тие можат да се сретнат додека се на деловен пат во определена земја.   

Следуваат пет видови на модерни ризици за кои морате да бидете свесни следниот пат кога одите на службен пат.

 

1. Протекционизам

Големите сили постојано превземаат чекори кон протекционизам, оддалечувајќи се од по глобализираните трговски пазари. Ова беше највидливо во неизвесностите меѓу Велика Британија и Европската унија во последните неколку години. Трговските спорови стануваат се повеќе предмет на политика, а тој тренд ќе продолжи сигурно и во наредните неколку години. 

 

2. Турбулентни Транзиции

Државните идентитети продолжуваат да растат како влијателен фактор во многу политички сфери, при што луѓето, па и бизнисите, сè повеќе покажуваат склоност да фаворизираат политичките партии и движења поврзани со одредена државен елемент, религија, раса или друг фактор со кој можат да се идентификуваат. 

На пример, Американскиот претседател Доналд Трамп ја редовно ја користи политиката на државен идентитет, а истата е главно заснована на ефектите од имиграцијата врз трговијата, нешто што веројатно ќе продолжи и во текот на кампањата за Претседателски Избори и оваа година.

 

3. Економски Рецесии

Има една поговорка која вели дека „Кога Америка ќе кивне, Светот настинува“. Ова не може да биде поточно, особено кога станува збор за економијата и глобалните бизнис пазари. 

Потенцијалната рецесија во Американската економија, како и слабиот раст на развиените земји, поткрепено со црвените знамиња како што е Брегзит претставуваат значаен ризик за било која компанија која сака да оперира на глобално ниво.

 

4. Болести

За жал, ова не може да биде повистинито, особено со појавата на Коронавирусот и епидемијата која се рашири низ цел свет. Многу од државите како и компаниите веќе го забранија патувањето во странство. 

На пример, огромна корпорација како Нестле објави дека им забранува на своите 291,000 вработени било какво патување до средината на Март! Исто така, Луфтханза и Еир Франс им понудија неплатен одмор на своите вработени и паузи само за да го намалат ризикот од контаминација со опасниот вирус. А да не заборавиме дека и голем број од авиокомпаниите исто така ги откажаа дестинациите до ризичните подрачја како Кина, Јужна Кореја, и Италија. 

 

5. Политичко Насилство

Насловите и снимките од социјалните медиуми се прилика да видиме како протестите, немирите, тероризмот, војната и другите настани можат да создадат катастрофални загуби, не само за човештвото како целост, туку и за економијата. Нестабилноста во некои земји може да го направи деловното патување и престојот невозможни.

Доколку е потребно да одите на службен пат, треба да бидете сигурни дека сте заштитени во случај на ризик од непланирани ситуации во странство. Со нашите полиси за патничко осигурување, можете помирно да се концентрирате на работата, наместо да размислувате на последиците од некои од горенаведените ризици. 

Како да го Заштите Вашиот Дом од Кондензација

Како да го Заштите Вашиот Дом од Кондензација

 

Кондензацијата на прозорците и sидовите можеби изгледа како безначајна работа, но може да доведе до секакви проблеми во домаќинството, а ако дозволите, може дури да доведе и до здравствени компликации.

Во оваа статија, ќе разгледаме како најдобро да се справите со кондензација на начин преку кој ќе го задржите Вашиот дом без несакана влага, и ќе го зачувате Вашето здравје.

 

Што ја Предизвикува Кондензацијата?

Да не навлегуваме во премногу детали за тоа како се формира кондензацијата. Доволно е да кажеме дека истата се формира кога топлиот воздух ја исполнува ладната површина, и кога воздухот има високо ниво на влажност.

Влагата во домот е проблем за голем број на домаќинства. Покрај временските услови, таа може да се појави и од секојдневните активности како што се туширање, готвење, па дури и дишење. 

Самата кондензацијата е многу повеќе проблем кога времето е променливо, кога домот се грее, и кога прозорците ги држите затворени отколку во летото, бидејќи студените површини предизвикуваат брзо ладење на влажноста на воздухот.

 

Зошто Кондензацијата е Голем Проблем?

Најлошата последица од кондензација се појавува во форма на влага. Сите го знаеме тоа – влагата во еден дом е непривлечна и миризлива, Но, миризбата е најмал проблем што може таа да го предизвика.

Кога ќе започне да се формира мувла на sидовите, таваните и мебелот, започнува нивна деградација. Ако не се справите со неа веднаш, таа може да доведе до екстремни трошоци за да го замените оштетениот мебел и ѕидови.

Плус, во најлош случај, таа може да влијае на вашето здравје. Влагата дома е лоша за кожата, синусите, предизвикува кашлање и го отежнува дишењето.

 

Како да се Справите со Кондензацијата?

Ако откриете каде најчесто се собираат капки од кондензација, има неколку чекори што можете да ги преземете како краткорочно решение. 

Ако се појави кондензацијата на прозорците или sидовите, постелете крпа надолу, а потоа користете правосмукалка за да ја извадите водата. Вратата од бањата нека биде затворена кога се туширате. Бањите се секогаш подобро изградени за справување со влагата, а затворањето на вратата ја спречува пареата да се шири во остатокот од домот.

Ако постојано се собира многу кондензација на едно место, може да купите и дехидрификатор, но внимавајте да не го исушите воздухот премногу и да не ви троши премногу енергија.

Како и за многу работи, превенцијата е подобро решение против кондензацијата. Осигурајте се дека вентилацијата и изолацијата на вашиот дом е добро направена. Одржувајте го домот добро проветрен.

Отворајте ги прозорците, со тоа ја подобрувате вентилацијата на просторот и вашето здравје. Отворете ги кога готвите, користете сушалка за алишта, или кога ја отварате машината за миење садови. Реорганизирајте го вашиот дом за подобра циркулација на воздухот.  Мебелот нека биде оддалечен најмалку 5 см од sидовите. Ако сте во можност, разгледајте ја и опцијата за системи за вентилација преку кои постојано ќе го снабдувате вашиот дом со свеж воздух.

Добро изолираниот дом ќе биде рамномерно загреан, што помага да се спречи кондензацијата. Добро изолираните sидови ќе спречат да се достигне температура која формира кондензација во Вашиот дом. 

 

Вашиот дом е многу повеќе од цигли и малтер. Од ЕВРОИНС знаеме што го прави домот посебен, и знаеме како да ви помогнеме да се погрижите за истиот. Затоа, нашиот ОДЛИЧЕН 7 пакет за осигурување на станбен објект или куќа е совршената опција за Вашето семејство.

4 Совети за Возење на Влажни и Подмрзнати Патишта

4 Совети за Возење на Влажни и Подмрзнати Патишта

 

Повеќето автомобилски несреќи во зима и рана пролет се предизвикани од преголема брзина и неодржување на доволно растојание помеѓу возилата. Понекогаш кога возиме во услови на голомразица, забораваме дека е потребно подолго време за возилото за закочи.

Следниве четири совети ќе ви помогнат да се подготвите за возење на подмрзнати и лизгави патишта.

 

1. Внимавајте на Брзината

Ограничувањата на брзината не постојат за да не ги почитувате. Самата граница ја претставува максималната брзина со која е дозволено да патувате. Кога условите на патот не се идеални (снег, каша, или мраз), потребно е да:

  • Приспособете ја брзината на условите на патот и успорете.
  • Возете со брзина која можете да ја контролирате.
  • Немојте да го употребувате темпоматот.
  • Бидете внимателни кога ќе се приближите до машини за одржување на патот, и не претекнувајте од десно.

 

2. Оставете Простор

Да го застанете возилото во услови на мраз и снег е трипати потешко отколку на сув пат, а 12 пати потешко е самото возење. Затоа треба да внимавате на просторот помеѓу вашето и возилото пред вас. Пробајте:

  • Внимателно да го гледате возилото пред вас.
  • Доколку возилото пред вас не помине одреден знак барем 3 секунди пред вие да го сторите истото, успорете и зголемете го растојанието.

 

3. Закочете Правилно

Кога кочете во подмрзнати услови, секогаш:

  • Оставете простор пред вас од барем едно возило за да можете да закочите на време.
  • Бидете особено внимателни со просторот при возење во угорница и удолница.

 

4. Пред да Тргнете

Пред да почнете со возење во зима, секогаш е паметно добро да се подготвите:

  • Облечете се соодветно, дури и да возите на кратко растојание.
  • Добро исчистете ги стаклата за да имате појасна видливост на патот и останатите возила.
  • Секогаш имајте полн резервоар. Полупразен резервоар секогаш носи поголем ризик од замрзнување, а и од снемување на гориво доколку се случи нешто на патот.

Имајте на ум дека секое возење во зима ќе претставува предизвик, дури и за искусни зад воланот. Подгответе го вашето возило, возете внимателно и останете свесни за сите услови на патот. Штетата поврзана со временските услови често се појавува во најстудените месеци. Затоа, потполното КАСКО осигурување е клучно, и е една од оние работи за кои треба да се размислува пред време.

6 Совети за Превенција од Зимски Пожари во Вашиот Дом

6 Совети за Превенција од Зимски Пожари во Вашиот Дом

 

За време на зимските месеци, склони сме кон поминување повеќе време дома со најблиските, што значи седење и дружба до камините и печките на дрва. Затоа, нема подобар период да се осигурате дека вашиот дом е заштитен од било какви опасности од пожар кои би произлегле од невнимание и силен оган во вашиот дом.

 

1. Проверете ги Камините и Оџаците

Многу од домашните пожари знаат да произлезат како резултат од затнување на оџакот. Ангажирање на оџачар еднаш годишно за чистење и одржување на вашиот камин и оџак може да спречи многу проблеми и да ви ги спаси животите.

Секој шпорет треба редовно да се чисти, проверува, и одржува најмалку еднаш годишно за да се спречат проблеми.

 

2. Инсталирајте Детектори за Јаглерод Моноксид на Секој кат од Вашиот дом

Ако не се открие, јаглерод моноксидот може да предизвика болест, па дури и смрт. И уште пострашно, чадот секогаш може да се развие во оган, и тоа многу брзо. Бидејќи не може да се види или помириса, детектор за јаглерод моноксид е неопходност во Вашиот дом.

 

3. Користете Заштитно Стакло за Вашиот Камин

Заштитното стакло ќе ги сопре сите искри пред тие да или да летнат од вашиот камин до вашиот тепих. Уште подобро, топлината во домот останува иста.

 

4. Пазете се од Свеќите

Иако свеќите креиреаат амбиент и релаксирачка атмосфера, тие можат лесно да бидат кутнати на земјата од страна на децата или миленичињата. Запалете свеќи само кога сте будни и кога можете да ги гледате, и угасете ги секогаш кога имате намера да ја напуштите просторијата.

 

5. Одржувајте го Оганот на Разумно Ниво

Не морате да правите фурна од Вашиот дом. Да, силен оган изгледа убаво во вашиот камин, но прекумерната топлина може да предизвика пукање во оџакот, и прскање на искри и жар во вашиот дневен престој.

 

6. Останете до Оганот Додека не се Угасне

За многумина, ова е можеби најтешкиот дел, со оглед на фактот дека секој сака удобно да се наспие додека огнот, народски кажано, „си крчка“. Но сепак, особено ако користите отворен камин, не е паметно да го испуштите од вид додека оганот не престане да гори. Имајте потполна контрола и уживајте во амбиентот!

 

Вашиот дом е многу повеќе од цигли и малтер. Од ЕВРОИНС знаеме што го прави домот посебен, и знаеме како да ви помогнеме да се погрижите за истиот. Затоа, нашиот ОДЛИЧЕН 7 пакет за осигурување на станбен објект или куќа е совршената опција за Вашето семејство.

Како да го Подготвите Вашето Возило за Зимска Авантура

Како да го Подготвите Вашето Возило за Зимска Авантура

 

Подготвени за зимска празнична авантура на некоја од познатите дестинации? Не толку брзо! Што доколку на пример ви се расипат светлата на сред мачен и лизгав пат, а вие не сте подготвени за тоа?

Возењето во зима знае да биде вистински предизвик. Гумите може да се лизгаат, мраз и снег може да ги замрзне бришачите и бравите, и лошата видливост може да ве однесе во грешен правец од кој нема враќање.

Најдобриот начин да ги ублажите ефектите од зимското патување за вашето возење е добро да се подготвите.

 

Проверете го Моторот

Пред да одите на патување, однесете го автомобилот на темелна проверка. Осигурајте се дека се под хаубата функционира како што треба.

 

Тестирајте го Акумулаторот

Ова треба да биде нешто што вашиот механичар го прави за време на рутинска проверка, но ние ја потенцираме важноста на тоа, затоа што акумулатор кој функционира добро може да ви го спаси животот ако заглавите во вашиот автомобил за време на зимска бура. Исто така, ако редовно го паркирате автомобилот надвор во зима, добар акумулатор ќе ги спречи оние фрустрирачки повици кон механичарите да дојдат во ниедно време да го стартуваат вашиот автомобил.

 

Проверете ги Гумите

Осигурајте се дека внатрешниот притисок на гумите е добар и дека шарата на гумите не е истрошена. Најдобро е да употребувате потполно нови зимски гуми. Зимските гуми се направени од гумени соединенија отпорни на ниски температури, така што тие нема да пукаат и ќе на пукање и имаат подобро триење на асфалтот/снегот.

 

Заштитете го Ентериерот

Зимското време знае да биде неуредно. Кога влегувате и излегувате од автомобилот откако ќе прошетате низ снег и каша, на подот на вашиот автомобил ќе имате валкана вода, која може да го оштети ентериерот на Вашето возило. Ова оштетување можете да го спречите со ставање на гумени подни стапки. Тие се едноставни за вметнување, и ако се извалкаат, можете да ги извадите, измиете, и користете повторно.

 

Спакувајте Комплет за Итни Случаи

Ако планирате подолго возење оваа зима, никогаш не можете да знаете дали ќе надојде снежна бура која ќе ве присили да почекате надвор од автопатот. Ако тоа се случи, треба да бидете подготвени со сите неопходни работи кои ќе ви помогнат да останете топли, хидрирани, и сигурни додека бурата не прекине.

 

Средете ја Шофершајбната

Лошата видливост за време на зима во комбинација со шофершајбна од која не можете да гледате јасно е рецепт за катастрофа. Пред да тргнете на патување, избрешете го стаклото со течност која е дизајнирана да го разложи мразот што е можно побрзо за да имате многу појасен преглед на патот.

 

Имајте на ум дека секое возење во зима ќе претставува предизвик, дури и за искусни зад воланот. Подгответе го вашето возило, возете внимателно и останете свесни за сите услови на патот. Штетата поврзана со временските услови често се појавува во најстудените месеци. Затоа, потполното КАСКО осигурување е клучно, и е една од оние работи за кои треба да се размислува пред време.

Како да го Намалите Ризикот од Пијано Возење за Време на Празниците

Како да го Намалите Ризикот од Пијано Возење за Време на Празниците

 

Празничниот период пристигнува, и знаеме дека помеѓу Нова Година и Божиќ, ќе се конзумира доста алкохол! Додадете го и студеното време со подмрзнати тротоари и патишта, и имате многу опасна комбинација која може да резултира со фатални несреќи!

Но сепак, и покрај предупредувањата луѓето продолжуваат да возат во пијана состојба верувајќи дека успешно ќе се справат со несаканите ефекти од алкохолот. Многумина ќе речат:

“Ах, штом уште зборам и чашава не ми паѓа од раце, можам да возам каде сакаш!”

Или, вечното клише на крајот од секоја забава:

“Ајде по едно кафе да се отрезниме па да возиме накај дома!”

Но, вистината е дека алкохолот ни ги одзема вештините за возење и координација долго пред да покажеме знаци на интоксикација.

Доцните часови во комбинација со неколку пијачки можат лесно да ве исфрлат од колосек кога сте зад воланот.

А кафето може привремено да ве разбуди, но нема да може да се избори со нарушувањата во одлучувањето и координацијата како последица од алкохол.

Ризиците од пијано возење во празничниот период кој ни претстои се големи и не вреди да ја загрозувате Вашата, и безбедноста на Вашата фамилија и вработени. Затоа, пред да наздравете со “Уште по една” размислете за следново:

 

  • Планирајте однапред. Доколку имате намера да се напиете, немојте да возите. Играјте на сигурно и поминете си убаво пред и после прославата.
  • Ветете дека нема да возите поднапиени. Доколку подлегнете на искушението, повикајте такси или нека ве одвезе пријател кој е во потрезна состојба.
  • Внимавајте на другите. Ако гледате дека некој претерал со алкохолот, земете му ги клучевите, и безбедно одвезете го/ја дома.
  • Пријавете. Доколку видете дека некој тотално ја изгубил контролата над возилото, пријавете го веднаш на надлежните органи. Спасете го неговиот, и животот на некој друг.
  • Доколку одржувате забава со Вашите вработени, замолете ги да ви достават план за пристигнување на забавата. Организирајте им превоз за да не ризикуваат кога ќе се враќаат од забавата.
  • Ако организирате забава, алкохолот нека не биде главната атракција. Има многу други начини на кои можете да се забавувате и да си поминете убаво. Алкохолот не треба да биде првото нешто кое ќе го видат вашите гости.
  • Избегнувајте премногу солени закуски. Тие само ве тераат да пиете повеќе.
  • Кажете НЕ. Доколку немате намера да пиете, немојте. Затоа што е празник и има алкохол, не значи дека морате да се напиете. Пиењето алкохол не е ваша законска обврска, и нема да сте нељубезни доколку побарате безалкохолен пијалок.

Запомнете дека самата здравица е само гест, и не е некоја цел кон која треба да се стремите за време на празниците. Кога е празник, најважно е да бидете со оние кои ги сакате и да си поминете убаво. Алкохолот секогаш треба да остане само опција.

Имајте ги на ум гореспоменатите работи, и најважно од се, Ви посакуваме да бидете безбедни, и да си поминете убаво во периодот кој ни претстои.

Среќни Празници од ЕВРОИНС МАКЕДОНИЈА. Со најдобри желби, за Вашата Сигурност!

7 Совети како да го Заштитите Вашиот Дом од Студот

7 Совети како да го Заштитите Вашиот Дом од Студот

 

Како што се приближува зимскиот период, време е да го подготвите вашиот дом за студените месеци. Со помош на следниве седум совети, ќе ја зголемите енергетската ефикасност на Вашиот дом, и истовремено, ќе го заштитите од оштетување предизвикано од дожд, снег и поларни температури.

  1. Направете енергетска проверка – Ова можете да го направите сами или да ангажирате професионалец кој може да ви помогне да откриете било какви проблеми во вашиот дом пред да настапи студеното време.
  2. Осигурајте се дека не постои провев – Ќе бидете изненадени ако ви кажеме колку енергија губите заради неубаво затворени врати во зима? Намалете ја загубата на енергија со правилно затворање и на сите простори околу вратата. Истото важи и за прозорците.
  3. Додадете изолација – Многу од постарите домови имаат мала или никаква изолација. Со додавањето на изолација во таванот, ѕидовите или подовите ќе ја зачувувате топлината во вашиот дом.
  4. Новото е подобро – Со купувањето на нова печка или нови и поефикасни уреди, можете да ја зголемите енергетската ефикасност на вашиот дом додека ја одржувате топлината за време на студените месеци.
  5. Употребувајте паметен термостат – Одржувањето на оптимална температура може да ви заштеди многу пари. Паметните термостати ќе ве предупредат за невообичаено ниски температури во вашиот дом, што е можен претходник за замрзнување на цефки и прекин на електричниот напон.
  6. Не дозволувајте температура под 18 степени – Иако сакате да бидете ефикасни со енергијата, исто така треба да ја одржувате температурата редовно над 18 степени за да ви биде топло, но и да бидете сигурни дека цевките во домот нема да замрзнат и да пукнат. Покриете ги надворешните чешми со изолација и редовно проверувајте дали имате протекување за да ја можете да ја исклучите водата во случај на проблеми.
  7. Чистете ги олуците редовно – Исчистете ги олуците на покривот и спуштените места, така што тие да можат да се исцедат правилно и да не предизвикаат проблеми со создавање на мраз или протекување на вода во вашиот дом.

ЕВРОИНС Осигурување знае дека Вашиот дом е многу повеќе од градба. Дом се и сеќавањата, моментите, и секој можен детал кој ви го прави животот поубав во истиот. Но, безбедноста е она кое ви помага да уживате во сето тоа. Затоа, нашиот ОДЛИЧЕН 7 пакет за осигурување на станбен објект или куќа е совршената опција за Вашето семејство.